logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


ДУБАИ - БАЈКОВИТОТ ГРАД zvezdazvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Дубаи

ДУБАИ - БАЈКОВИТОТ ГРАД

Софија – Дубаи – Шарџа – Аџман – Абу Даби – Оаза Ал Еин – Абу Даби – Дубаи – Софија
 
 
ДЕН 1. СОФИЈА - ДУБАИ

14:00 ч. Поаѓање од аеродромот во Софија, Терминал 1 со лет на авиокомпанија "Wizz Air". Пристигнување на аеродром Ал Мактум Дубаи во 19.50 часот. Пречек од претставник на агенцијата. Трансфер до хотелот во Дубаи (околу 50 мин, во зависност од сообраќајот). Сместување во хотел "Hilton Garden Inn Dubai Mall of the Еmirates" **** (или сличен) во Дубаи. Информативен состанок со водичот во лобито на хотелот и можност за закажување на дополнителни екскурзии. Пешачка тура во новиот кварт Ал Барша за ориентација на туристите, со посета на Emirates Mall - вториот по големина трговски центар во светот, познат по ски патеката, менување на валута и можност за вечера. Ноќевање.

 
ДЕН 2. ДУБАИ
 
07:00 - 10: 30ч. Појадок.

09: 00ч. - 13: 30ч. Панорамски разглед на Дубаи (вклучено во цената). За време на турата ќе се запознаете со богатите и разновидни традиции на Дубаи - историјата на Емиратот, новите проекти, како и со интересни факти од животот на локалното население, ќе ги почувствувате древното и модерното во овој рај насред пустината. Туристичката програма ги опфаќа стариот и новиот дел на градот. Ќе започнеме со еден од мегапроектите на емиратот, кој се наоѓа во новиот дел на градот - комплексот "Dubai Marina" со марина и облакодери, во кои има станови, канцеларии и хотели. Ќе продолжиме кон вештачкиот остров во форма на палма, каде се наоѓа импресивниот 5*-хотел "Атлантис". Ќе се движиме по "стеблото" на Џумеира - првиот од трите вештачки острови во форма на палма. Се разбира, нема да го пропуштиме и препознатливиот 7*-хотел "Бурџ ал Араб", изграден во форма на бродско платно внатре во морето. Ќе го посетиме стариот дел на градот Деира каде се наоѓа најголемиот пазар за злато, накит, ткаенини и зачини. Екскурзијата ќе заврши во трговскиот центар "Dubai Mall", од каде што може да се качите до највисоката зграда во светот – облакодерот "Бурџ Калифа" (дополнително се нуди резервација), да го посетите луксузниот пазар "Al Bahar Souk" или аквариумот "Dubai Aquarium & Underwater Zoo ". 

2. 13: 30 ч. - 15: 30ч. Билет за видиковецот на 124-от кат на Бурџ Калифа, Дубаи Мол и Танцувачките фонтани. Видиковецот "At The Top" се наоѓа на 124-от кат на облакодер "Бурџ Калифа" и нуди неверојатна панорама кон градот. Картите се купуваат однапред за точен ден и час. Билетот вклучува превоз со експресен лифт до 124-от кат и неограничено време за престој на локацијата. (На самото место е можно купување на билети по двојно повисока цена). Возможност да ги посетите Танцувачките или Распеани фонтани се наоѓаат во езерото Бурџ Калифа , кое што има површина од 30 акри. Висината на водниот млаз достигнува до 150 метри, а должината на целата конструкција е 275 метри. Над 6600 светла и 25 рефлектори во боја создаваат уникатен визуелен спектакл. Часови на претстави: секои 30 минути од 18:00 ч. до 23:00 часот.

Слободно време и по избор организирано враќање во хотелот со Dubai Metro (oколу 30 мин., билетите се купуваат на лице место-околу 7-8 AED или 2-3 USD или по желба самостојно враќање со такси 20-25мин (ке ве чини околу 40-45 AED или 12-15 $).

 
ДЕН 3. ДУБАИ
 
07: 00ч. - 10: 30ч. Појадок. Слободно време или туристичка програма по желба:

1. 09: 00ч. - 12: 00ч. Посета на Магичните градини / "Dubai Miracle Garden" на Дубаи, кои ќе ве опијат со својата убавина и разновидност. Градините се впишани во книгата на Гинис за најдолг ѕид од цвеќиња. Тука ќе имате можност да видите на едно место повеќе од 45 милиони цвеќиња. Ќе имате и слободно време за прошетка меѓу колоритните композиции, за кафе и фотографирање.

2. 15.30 ч. - 21.30 ч. Сафари во пустината со вечера на скара – едно авантуристичко патување, исполнето со незаборавна емоција во легендарната Арапска пустина. Ќе тргнете од вашиот хотел со џип Toyota Landcruiser кон внатрешноста на пустината минувајки низ песочните дуни. Ќе пристигнете во бедуински камп, каде ќе имате можност да пробате традиционални активности како јавање камили, цртање на рацете со к’на и пушење на наргиле. Залезот на сонцето, што фрла портокалова светлина врз песокот, ќе ви обезбеди незаборавен поглед и можност за романтични слики. Вечерта ќе заврши со вкусна вечера на скара под волшебното пустинско небо, со звуците на арапска музика и традиционални танци. Вечерата е на шведска маса со обилни салати, јадења, десерти и безалкохолни пијалоци (пивото и алкохолните пијалоци се плаќаат). Вечерта враќање назад во хотелот. Ноќевање.

 
ДЕН 4. ШАРЏА - АЏМАН

07:00 - 10: 30ч. Појадок. Слободен ден или туристичка програма по желба:

109:00 - 13: 00ч. Полудневна екскурзија до Шарџа и Аџман. Шарџа e културна престолнина на ОАЕ, a Аџман e најмалиот од 7-те Емирати. За време на оваа тура ќе имате можност да уживате во традиционална арапска култура. Ќе дознаете повеќе за исламската цивилизација со посетата на етнографскиот музеј во Аџман. Продолжувајќи кон Шарџа ќе запреме за фото-пауза пред прекрасни глетки кон плажата и пред една од малкуте православни цркви на Арапскиот полуостровот - Руската Црква. Ќе го посетите традиционалниот пазар во Шарџа "Blue Souk" за злато, сребро, теписи, зачини и сувенири . Враќање назад во хотелот.

2. 13: 30ч. - 15: 30ч. Ручек во хотел "Бурж Ал Араб". Посетете го најлуксузниот хотел во светот, еден од симболите на Дубаи и една од најпознатите и фотографирани згради. За ентериерот на зградата се употребени 840 кг. 22-каратно злато, а на врвот на хотелот има хелиодром. Ручекот е шведска маса во ресторан "Al Iwan" со традиционална кујна во гурмански стил (пијалоците не се вклучени во цената). Бидете формално облечени.

3. 18: 45ч. - 22: 30ч. Крстарење со романтична вечера на арапска галија по Дубаи крик (19.00 ч. - 22.30 ч.) Ние ви нудиме една романтична вечер на арапска галија ( со продолжителност два часа). За време на крстарењето ќе уживате во неверојатно убавата панорама на стариот дел на Дубаи -Деира и Бур Дубаи , ориентални танци и арапска гостопримливост! Вечерата е шведска маса, изобилна храна со различни десерти, риба и месни јадења од арапската и интернационална кујна. Цената вклучува: трансфер од хотелот до галијата и назад, вечера и безалкохолни пијалоци. Ноќевање.

 
ДЕН 5. АБУ ДАБИ

07:00 ч. - 10:30. Појадок. Слободно време или туристичка програма по желба:

Еднодневна тура до Абу Даби (од 09: 00ч. До 19: 00ч.): често спомнуван и како "Менхетн на Блискиот Исток". Абу Даби нуди огромен избор на современа и арапска архитектура. Тука ќе уживате во бројни импресивни глетки, вклучувајќи ги Етнографската населба, светски познатиот хотел "Емирејт Палас" и прекрасниот регион Корниш, кој нуди прекрасен поглед на хоризонтот на градот и вештачкиот остров - зеленото срце на градот. Екскурзијата продолжува покрај претседателската палата, прекрасните паркови, ќе ја видите исто така патеката за Формула 1 (од панорамски автобус) и ќе ја посетите продавницата за сувенири на Ferrari World. Следува посета на импресивната џамија "Шеик Зајед" (мин. 1час и 30 мин. со водич на бугарски) - најголемата во ОАЕ и една од најголемите во светот. Во џамијата има строги правила за облека: мажи - долги панталони, маици или кошули со кратки / долги ракави; жени - долги панталони или долги здолништа до глуждовите, блузи или кошули со кратки / долги ракави, шамија за глава. Не е дозволена тесна облека, што го оцртува телото или прозирна облека. Посета на Етнографската населба , која ќе не запознае со животот на локалното население пред откривањето на нафтата. Слободно време. Заминување за хотелот во Дубаи. Ноќевање.

 
ДЕН 6. ОАЗА АЛ ЕИН

07:00 ч. - 10:30. Појадок. Слободно време или туристичка програма по желба:

Целодневна екскурзија "Оаза Ал Еин" со вклучен билет за Al Ain Zoo, за време на која ќе се запознаете со традиционалниот начин на живот во пустината. Ал Еин е четврт по број на населението град во Обединетите Арапски Емирати и единствениот голем град, кој се наоѓа во внатрешноста на земјата. Меѓу знаменитостите на градот се сочувана природна оаза со шума од феникс палми, поранешната палата на шеикот, претворена во музеј, историски тврдини, како и бројни паркови, градини, вклучувајќи ја и планината Џебел-Хафит од која се открива прекрасен поглед кон градот. Ќе ги видите најжешките минерални извори, кои извираат во подножјето на планината. Заминување назад за Абу Даби во доцните попладневни часови. Ноќевање.

 
ДЕН 7. АБУ ДАБИ

07:00 ч. - 10:30. Појадок. Слободно време или туристичка програма по желба:

Посета на забавен парк "Светот на Ферари" во Абу Даби со вклучен билет General Admission - единствениот од ваков вид тематски парк на "Ферари" во светот. Тој нуди забава за сите возрасти и ја раскажува на возбудлив начин историјата на Ферари преку повеќе од 20 едукативни тури и атракции, продавници и автентична италијанска кујна. Под огромниот црвен покрив се наоѓаат следните атракции: "Формула Росса" – најбрзиот воз во забавен парк во светот што достигнува брзина од 240 км / ч; Галерија "Ферари" - најголемиот изложбен салон на "Ферари" во светот надвор од Моранело, со интерактивен екран, кој ги покажува моделите на Ферари од 1947 година до денес; "Брзината на Магијата" – фантастично 4D искуство во длабоки зелени џунгли, ледени пештери и потоци, се до кратерот на огнениот вулкан. Трансфер назад во Дубаи. Ноќевање.

 
ДЕН 8. ДУБАИ - СОФИЈА 

Појадок. Напуштање на собите во хотелот. Слободно време. Трансфер до аеродромот во 16:15 ч. Лет за Бугарија во 20.30 ч. со полет на авиокомпанија "Wizz Air". Слетување на аеродромот во Софија, Терминал 1 во 00.55 ч. локално време.

 

*ХОТЕЛ „HILTON GARDEN INN DUBAI MALL OF THE EMIRATES ****“   ДУБАИ

Локација: Хотелот се наоѓа во област Ал Барша, една од новите населби на Дубаи, во непосредна близина на плажите на Џумеира. Растојанието до трговскиот центар "Mall of the Emirates" е само 400 метри. Хотелот е во близина на метро станицата Емирејт Мол , на пешачко растојание до крајбрежниот булевар и на 5 минути со такси од градската плажа.

Општи информации: Хотелот е нов, луксузен, кој нуди удобно сместување во комфорни соби и љубезна услуга. Поседува рецепција, ресторан, бар, банкомат, продавница за подароци, фитнес центар. Во хотелот не се нуди алкохол. Појадокот се служи од 06:30 ч. до 10:30 ч.

Сместување: Собите се удобни, пространи, чисти, опремени со ТВ, мал фрижидер, термобокал, фен, пегла и даска за пеглање. Во собите има бесплатен пристап до безжичен интернет. Постои можност за дополнителен лежај. 

Плажа: Плажата е песочна и се користи бесплатно, се наоѓа на 7 - 10 минути со такси од хотелот. Има и зона во која се плаќа за користење на лежалки и чадор. Нема ограничувања за видовите костими за капење.

 

Датум на поаѓање

Цена

30.09.2018

765€

20.10.2018

765€

30.11.2018

765€

14.12.2018

765€

01.02.2019

765€

01.03.2019

709€

 
 
 
Двокреветна соба со разделени легла
вклучено во цената
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет
вклучено во цената
Дополнително легло во двокреветна соба со дете 2-11,99 г.
558
Дополнително трето легло
715
Еднокреветна соба
1007

 

 

 

 

 

*ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

-Авионски билет Софија - Дубаи - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени сите такси, голем кабински багаж со димензии 55x40x23 см до 10 кг и чекиран багаж до 20 килограми.

-7 ноќевања со појадок во хотел "Hilton Garden Inn Dubai Mall of the Еmirates" 4* (или сличен) во Дубаи.

-Трансфери аеродром - хотел - аеродром.

-Панорамски разглед на Дубаи на македонски/српски/бугарски јазик мин. 4,5 часа.

-Пешачка тура со водичот на групата во Дубаи, регионот Ал Барша, Емирејтс Мол со ски патеката, Дубаи Мол, Бурџ Калифа и Распеаните фонтани (потребно е користење на градски транспорт).

-Програмата е на македонски/српски/бугарски јазик за време на престојот во Дубаи.

-Патничко осигурување со премија до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".

 

*ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Трансфер Скопје-Софија-Скопје.

-Дополнителни екскурзии (наведените цени за дополнителни екскурзии се валидни при претходна резервација и плаќање).

-Државна такса за напуштање на Дубаи (со доплата лично на аеродромот за сите дати на поаѓање по 30 јуни 2016 година): 35 AED.

-Задолжителна туристичка такса Tourism Dirham за сите кои пристигнуваат во Дубаи и Абу Даби. Доплата во локална валута од клиентите на лице место директно во хотелот: за хотел 4 * - такса од 15 AED или 4,5 USD соба на вечер.

-Трошоци од личен карактер.

 

*ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ:

Билет за видиковецот на 124-от кат на Бурџ Калифа (без вклучен трансфер до кулата).
50
Сафари во пустината со вечера на скара – реализација при минимум 15 туристи.
56
Крстарење на арапска галија со вечера (со вклучен трансфер од / до хотелот) - при минимум 15 туристи.
56
Посета на Магичните градини (трансфер и влезници) - при минимум 15 туристи.
30
Еднодневна екскурзија до Абу Даби - се реализира при минимум 15 туристи.
52
Екскурзија "Оаза Al Ain" со вклучен билет за Al Ain Zoo – се реализира при минимум 15 туристи.
62
Посета на забавен парк "Светот на Ферари" во Абу Даби со вклучен билет General Admission при минимум 15 туристи.
112
Полудневна екскурзија до Шарџа - се спроведува при минимум 15 туристи.
25
Панорамски разглед на Дубаи со хеликоптер 15 мин. (без вклучен трансфер) .
254
Ручек во Бурџ Ал Араб (без вклучен трансфер).
179
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување + трансфер аеродром – хотел (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
15
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување + трансфер аеродром – хотел (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
28
Бохемиа BeOnTime – Доколку часот на полетот на враќање доцни или се одложи со повеќе од час за клиентите ќе има компензација во размер на 100 евра (се најавува најкасно до 7 дена пред датумот на поаѓање). За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата или вашиот агент.
 
10

 

*При промена на курсот со повеќе од 5% туроператорот го задржува правото да направи корекција на вкупната пакет цена на аранжманот.
 
*Валута: Локалната парична единица е Дирхам (Dhs). 1 Дирхам = 100 филц. Курсот на дирхам кон доларот е фиксен. 1 USD = 3.65 Dhs. Размена на пари може да се изврши во бројните менувачници кои работат без провизија. Нема рестрикции за увоз или извоз на локална и странска валута.
 
*Алкохол: алкохолни пијалаци не се продаваат во продавниците - купете си алкохол од фри шоп. Не пијте на улица.
 
*Вода за пиење: Препорачливо е да се користи вода за пиење, која се продава во секој супермаркет на цена од околу 1.5 Dhs за 1.5 литри.
 
*Метро: Користете го како атракција, но за кратки растојанија или ако патувате во мала група, со такси е поевтино.
 
*Може да користите и бесплатен шатл трансфер до бесплатната плажа на Абу Даби (5-7 мин. oд хотелот) и бесплатен шатл трансфер од хотелот до плажата Џумеира Бич и JBR плажата во Дубаи. Џумеира е бесплатна плажа, на JBR плажата се плаќаат лежалки и чадор (110 дирхами или 30 долари по лице).
  
*Авиокомпанијата го задржува правото да го менува распоредот на полети.
 
*Места за дополнителните екскурзии може да се гарантираат при резервација и плаќање во агенцијата.
 
*Патувањето се реализира при минимум 30 пријавени туристи.
 
*За македонски државјани за влез во ОАЕ потребна е виза. Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.
 
*Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето