logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Одмор во Шпанија - Барселона, Коста Брава - Специјална програма за одмор за сите возрасти! zvezdazvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Шпанија

Одмор во Шпанија - Барселона, Коста Брава - Специјална програма за одмор за сите возрасти!

7 ноќевања во хотел 4* на база збогатен полн пансион

 

ДЕН 1.

Со полет на "Bulgaria Air": Поаѓање од аеродромот во Софија во 07:10 ч. Пристигнување на аеродром Барселона во 09:10 ч. Трансфер до хотелот. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

Со полет на "Wizz Air": Поаѓање од аеродромот во Софија во 18:50 ч. Пристигнување на аеродром Барселона во 20:55 ч. Трансфер до хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 2.

Појадок. Екскурзија во Барселона со водич на македонски/србски/бугарски јазик (вклучена во цената):Катедралата "Саграда Фамилија" - визит картичка на градот; две од најпознатите куќи изградени од архитектот Гауди - "Casa Batllo" и "La Pedrera"; плоштад "Шпанија" со Националната палата; ридот "Монтжуик" со музејскиот архитектонски комплекс "Побле Еспањол"; "Олимпискиот прстен" со објекти изградени во чест на Олимписките игри во 1992 г .; споменикот на Колумбо. Слободно време на плоштадот "Каталонија", од каде започнува "Рамбла" - најживата улица на градот, која изобилува со необични продавници, барови и живи статуи, и Готскиот кварт - стариот дел од Барселона со кривулести тесни улички и средновековни згради. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 3.

Појадок. По желба целодневна екскурзија до Монтсерат и Магичните фонтани - Поаѓање кон планината Монтсерат - духовното место во Каталонија, каде што е изграден бенедиктинскиот манастир со илјада годишна историја. Екскурзијата ќе ви овозможи да уживате во прекрасни пејсажи, во необичните форми на карпите и да доживеете една неповторлива духовна радост во манастирот, лоциран во едно од најживописните места на земјата. Ќе имате можност да се допрете и до една од најголемите вредности на манастирот "Црната Мадона". Посета на Магичните фонтани на Барселона (на бугарски јазик). Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 4.

Појадок. Слободно време. Ручек. По желба вечерno шоу-спектакл Витешки турнир - фламенко-спектаклот ви ја претставува на еден лесен и забавен начин шпанската историја и култура. Претставата ќе ве внесе во бурата на историските битки на витезите, кои ги бранеле своите кралеви од напаѓачите вестготи и арапи, а по кратка пауза со прекрасна шпанска музика ќе можете да уживате во страстите и длабоките чувства на фламенко спектаклот, претставен од темпераментни танчери и талентирани музичари.

 

ДЕН 5. 

Појадок. Слободно време. Ручек. По желба целодневна екскурзија Тоса де Мар и посета на Џирона - убавината на Коста Брава. Панорамскиот пат кон Тоса де Мар ќе ни ја открие убавината на најпознатото крајбрежје на Шпанија - Коста Брава - воспеана од многу писатели и поети. Тоса де Мар е едно од најатрактивните крајбрежни места- стариот град, прогласен за национално богатство, со тесните улички и мали дуќанчиња му дава неповторлива атмосфера на градот. Вашиот одмор на Коста Брава, а исто така и расказите за ова сончево крајбрежје не би бил комплетен без да ја посетите една од најпознатите шпански винарии. Вина, колбаси, ликери, колачи, маслиново масло се дел од културата и гастрономијата на овој регион. Таму ќе можете не само да ги пробате, но и да ги купите на поволни цени. Посета на Џирона. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 6.

Појадок. Слободно време. Ручек. По желба целодневна екскурзија "Светот на Дали" - посета на Театарот-музеј во Фигерес, создаден од големиот уметник и посета на замокот "Пубол", кој е подарок од Дали на својата муза и животен сопатник Гала . Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 7.

Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 8.

Со полет на "Bulgaria Air": Појадок. Одјава од собите. Трансфер до аеродром Барселона за летот во 10:00 ч. до Софија.

Со полет на "Wizz Air": Појадок. Одјава од собите. Ручек. Слободно време. Трансфер до аеродром Барселона за летот во 21:35 ч. до Софија.

 

*ХОТЕЛ "H.TOP PINEDA PALACE" 4****, Пинеда де Мар (www.htophotels.com)
 
Локација: Хотелот е лоциран на самиот морски брег во Пинеда де Мар, на крајбрежјето на Коста Брава и на 66 км од центарот на Барселона.

Општи информации: Хотелот поседува  ресторан, базен на терасата на покривот, миниклуб, сауна, фитнес, детско игралиште.

Сместување: Собите се опремени со клима, сателитска ТВ, Wi-Fi, мини-бар, телефон, сеф, купатило, фен, тераса.

Услуга: FB (полн пансион).

 

Тип на сместување/Период 2018 19.04.
10.05.
26.04.
17/19/24/26.05
03.05 31.05.
02.06.
07.06.
09.06.
14.06.
16.06.
29.09.
21.06.
23.06.
30.08.
01/06.09.
08.09.
13.09.
15.09.
20.09.
22.09. 17.09. 04.10. 11.10.
двокреветна соба со брачен кревет 465 485 469 495 500 505 515 545 539 529 525 509 499 459
двокреветна соба со одвоени легла 465 485 469 495 500 505 515 545 539 529 525 509 499 459
возрасен на додатно легло 425 445 429 455 460 465 475 505 499 489 485 469 459 419
1во дете на додатно легло (2-11) 365 385 369 395 400 405 415 445 439 429 425 409 399 359
2ро дете на додатно легло (2-11) 365 385 369 395 400 405 415 445 439 429 425 409 399 359
еднокреветна соба  589 609 593 619 624 629 639 669 663 653 649 633 623 583
 
 
*ХОТЕЛ "H.TOP AMAIKA" 4****, Калеа (www.htophotels.com)
 
Локација: Хотелот е расположен во Калеа на неколку минути од песочната плажа и на 53 км од центарот на Барселона. По крајбрежието се движи воз кој што е удобен и лесен транспорт помеѓу сите одмаралишта. До центарот на Барселона се пристигнува за околу 1 час, а возот поминува на секои 30 минути.

Општи информации: Хотелот поседува ресторан, бар, отворен базен, фитнес сала, сауна, џакузи и детски кат.

Сместување: Собите се опремени со клима, сателитска ТВ, Wi-Fi, телефон, мини-бар, сеф (со доплата), купатило, фен, тераса.

Услуга: FB (полн пансион).

Тип на сместување/Период 19.04. 26.04. 03.05. 10.05. 17/19/
24/26.05.
31.05.
02.06.
07/09.06. 14/16.06.
29.09.
21/23.06. 30.08.
01/06.09.
08/13.09. 15.09. 20.09. 22.09. 27.09. 04.10. 11.10.
двокреветна соба со брачен кревет 505 523 543 540 560 570 575 580 590 620 613 603 603 600 583 573 533
двокреветна соба со додатно легло 505 523 543 540 560 570 575 580 590 620 613 603 603 600 583 573 533
возрасен на додатно легло 465 483 503 500 520 530 535 540 550 580 573 563 536 560 543 533 493

 

*ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
 
-Авионски билет за директен лет Софија - Барселона - Софија на авиокомпанијата "Bulgaria Air" со вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 23 кг. и рачен багаж до 10 кг. за полет во ЧЕТВРТОК.
 
-Авионски билет за директен лет Софија - Барселона - Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 20 кг. и рачен багаж до 10 кг. за полет во САБОТА.
 
-Од оперативни причини, ограничен број на кабински багаж може да се транспортира во авионската кабина. Ако има премногу багаж, можеби ќе треба да се стави во багажниот простор. За да бидете сигурни дека вашиот рачен багаж е во салонот, треба да купите WIZZ Priority).
  
-7 ноќевања на база збогатен полн пансион на шведска маса (појадок, ручек и вечера + 1/4 вино и минерална вода за ручек и вечера) во избраниот од вас хотел (или сличен) на Коста Брава.
 
-Трансфер аеродром - хотел - аеродром.
 
-Целодневна екскурзија до Барселона со водич.
 
-Претставник на македонски/српски/бугарски за време на престојот.
 
-Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Кроација осигурување".
  
 
 
*ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
 
-Туристичка такса за престој во реонот на Барселона: 1 EUR (за хотел ****), 0.50 EUR (за хотел ***) по турист на ден. Таксата се плаќа индивидуално од туристите на рецепцијата на хотелот.
 
-Целодневна екскурзија Монсерат и Магичните фонтани.
 
-Вечерно шоу-спектакл Витешки турнир.
 
-Целодневна екскурзија Тоса де Мар и посета на Џирона.
 
-Целодневна екскурзија "Светот на Дали.
 
-Пакет од три патувања: целодневна екскурзија Монсерат и Магичните фонтани, вечерен спектакл "Витешки турнир" и целодневна екскурзија Тоса де Мар и посета на Џирона.
 
-Градски транспорт.
 
-Трошоци од личен карактер.
 
-Трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје (при минимум 6 души).
 
 
 
*ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ:
 
Голем кабински багаж до 10 кг. со димензии 56/45/25 см за датум 29.05.2017
33
Чекиран багаж до 23 кг. за датум 29.05.2017
68
Чекиран багаж до 32 кг. за датум 29.05.2017
89
Голем кабиснки багаж до 10 кг. со димензии 56/45/25 см за датум 05.06.2017
33
Чекиран багаж до 23 кг. за датум 05.06.2017
79
Чекиран багаж до 32 кг. за датум 05.06.2017
100
Целодневна екскурзија Монсерат и Магичните фонтани при минимум 20 туристи.
од 12 г.
47
од 2 г. до 11 г.
34
Целодневна екскурзија Тоса де Мар и посета на Џирона при минимум 20 туристи.
од 12 г.
47
од 2 г. до 11 г.
34
Целодневна екскурзија "Светот на Дали" при минимум 20 пријавени туристи.
од 12 г.
46
од 2 г. до 11 г.
40
Вечерен спектакл "Витешки турнир" при минимум 20 туристи.
од 12 г.
47
од 2 г. до 11 г.
30
Пакет од три патувања: целодневна екскурзија Монсерат и Магичните фонтани, вечерен спектакл "Витешки турнир", целодневна екскурзија Тоса де Мар и посета на Џирона при минимум 20 туристи.
од 12 г.
122
од 2 г. до 11 г.
96
За лица над 69 година автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
/
WIZZ Priority (цената на оваа услуга може да се потврди 1 месец пред поаѓање) - треба да се пријави и да се плати во моментот во кој што се подпишува договорот
10

 

*Начин на плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
 
*Услови за откази: до 31 дена - 35% од основната цена; од 30 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
 
*Редоследот на спроведување на екскурзиите се дефинира на место.
 
*Временска разлика: Македонија-12:00 h. ; Шпанија-11:00 h.
 
*Деца под 2 години плаќаат само аеродромска такса за летот - висината на таксата се определува после направена резервација
 
*Хотел H.TOP Amaika 4* се препорачува за клиенти над 16 години. Нема попусти и анимација за деца
 
*Попустот за деца е валиден за возраст од 2 полни години до 12 неполни години!
 
*Патувањето се спроведува при минимум 36 туристи.
 
*Цените на секоја од дополнителните услуги/екскурзии на место е повисока!
 
 
 
*Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето