logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


LES 2 ALPES - Превоз + Сместување + Ski Pass - 299 евра по лице!


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Франција

LES 2 ALPES - ФРАНЦИЈА

05.01.-14.01.2018

9 дена - 7 ноќевања - 6 дена Ski Pass

 

Јануарско скијање на вториот најстар ски центар во Европа после Шамони, а воедно и еден од највисоко поставените скијачки центри, со глечер на висина од 3600 метри (тука се скија и во лето).

Les 2 Alpes е познат по перфектно средените долги и широки стази со вкупна километража од околу 220 километри, погодни за сите типови на скијачи. Познат е по најтешката црна стаза во Европа (Grand Colouire), а нуди одлични услови за скијање и надвор од ски терените - „off piste“ за љубителите на „free ride“.

Les 2 Alpes е омилен меѓу многу скијачи, а осебено е популарен кај младата популација поради својот ноќен живот, како и најдобрата „Apres-ski-party“. Забавата започнува во 15 ч. во „Pano bar“, сместен на самите ски терени, во 17 ч. се сели во баровите во градот, а завршува во дискотеката „Avalanche“ во раните утрински часови.

 

*FIRST MINUTE ЦЕНА - ПАКЕТ ПО ЛИЦЕ:

*Сместување во апартмани „Multi-Residences 1650“

-Сместување во 4 креветни апартмани + превоз + 6 дневен Ski Pass - 299 евра.

-Сместување во 6 креветни апартмани + превоз + 6 дневен Ski Pass - 309 евра.

 

*Доколку во апартманот престојуваат помалку лица од предвиденото, празното легло се доплаќа и тоа:

-Доплата за сместување на 2 лица во 4 креветно студио - 80 евра по лице.

-Доплата за сместување на  3 лица во 4 креветно студио - 40 евра по лице.

-Доплата за сместување на 5 лица во 6 креветен апартман - 15 евра по лице.

-Доплата за сместување на 4 лица во 6 креветно студио - 40 евра по лице.

 

*ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

-Превоз со високо туристички автобус со ЛЦД ТВ, ДВД, на релација Скопје - Les 2 Alpes - Скопје.

-7 дневно сместување во апартмани „Multi-Residences 1650“.

-6 дневен Ski Pass за ски центар Les 2 Alpes (вклучено и два дена скијање во Alpre d'Huez).

-Часови за сноуборд секој ден со инструктор.

 

*ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Патничко осигурување.

-Туристичка такса (1 евро по лице на ден).

-Пешкири и постелнина во апартманите.

-Депозит за апартманите од 300-600 евра по апартман (Депозитот на крајот на сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитна состојба, чист, среден и без оштетени предмети).

 

-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд. 

ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето