logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


PARADISKI - Превоз + Сместување + Ski Pass - 399 евра по лице!


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Франција

PARADISKI - ФРАНЦИЈА

09.03.-18.03.2018

9 дена - 7 ноќевања - 6 дена Ski Pass

 

Сместен во срцето на Француските алпи, Paradiski претставува трет најголем скијачки центар во Франција (после Les 3 Vallees и Portes de Soleil). Се состои од три ски ресорта: Peisey-Vallandry, La Plagne и  Les Arcs.

Сместувањето е во ски населбата Les Arcs 1800, со одлична поставеност во однос на ски терените и поврзаноста со другите ски населби и ресорти.

Со вкупно 253 ски стази или 425 километри ски обработен терен, центарот е идеален избор за сите скијачи и бордери без разлика на нивното ниво на подготвеност. Одличниот опсег од 1200 метри до 3250 метри надморска височина со имресивни пејсажи и панорами кон Mon Blanc, нуди огромен број интересни содржини доволни за сечиј вкус. 70 % од стазите се наоѓаат на надморска височина од над 2000 метри, што гарантира одлична снежна покривност и во мартовските денови.

Скијачиот центар располага со вкупно 160 ски лифтови, жичари и гондоли, а едниствената „double decker“ гондола во светот - „Vanoise Express“ се наоѓа токму тука и претставува врска меѓу ресортите Les Arcs и La Plagne. „Vanoise Express“  за само 4 минути, овозможува превезување на 200 луѓе помеѓу двата ресорти.

 

*FIRST MINUTE ЦЕНА - ПАКЕТ ПО ЛИЦЕ:

*Сместување во Les Arcs 1800.

-Сместување во 5 креветни апартмани + превоз + 6 дневен Ski Pass - 399 евра.

 

*Доколку во апартманот престојуваат помалку лица од предвиденото, празното легло се доплаќа и тоа:

-Доплата за сместување на 4 лица во 5 креветни апартмани - 25 евра по лице.

-Доплата за сместување на  3 лица во 5 креветни апартмани - 65 евра по лице.

-Доплата за сместување на 2 лица во 5 креветни апартмани - 150 евра по лице.

 

*ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

-Превоз со високо туристички автобус со ЛЦД ТВ, ДВД, на релација Скопје - Les Arcs 1800 - Скопје.

-7 дневно сместување во 5 креветни апартмани.

-6 дневен Ski Pass.

 

*ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Патничко осигурување.

-Туристичка такса (1 евро по лице на ден).

-Пешкири и постелнина во апартманите.

-Депозит за апартманите од 400 евра по апартман (Депозитот на крајот на сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитна состојба, чист, среден и без оштетени предмети).

 

-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд. 

ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето