logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


8ми МАРТ ВО ИСТАНБУЛ zvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Турција

8ми МАРТ ВО ИСТАНБУЛ!

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.

08.03.201811.03.2018 / 4 дена / 2 ноќевања

80 евра (факултативи и влезници + 85 евра)

 

Ден 1. (08.03.2018 - четврток) – Скопје – Грција

Состанок на групата на договорено место во Скопје во приквечерните часови. Поаѓање за Истанбул. Ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

Ден 2. (09.03.2018- петок) – Истанбул 

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул: Хиподром, Обелиск, Константинов стуб, посета на Сината џамија, посета на Аја Софија. Посета на Топ Капи палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела – сегашниот изглед на палатата  датира од времето на Сулејман Величествениот. Сместување во хотел. Слободно време во Капали чаршија. Ноќевање.

 

Ден 3. (10.03.2018  сабота) – Истанбул

Појадок. По појадокот посета на Миниатурк парк или Турција во макети. Парк со сите поважни знаменитости на Турција изработени во минијатурни форми. Посета на областа Ејуп и Турбето на Мехмет Паша Соколовиќ. Посета на терасата Пјер Лоти со жичара и слободно време за кафе и уживање во една од најпознатите глетки во Истанбул каде се снимени многубројни филмови. За оние кои не знаат, Пјер Лоти е еден од најголемите романописци од првата половина на дваесеттиот век. Овој импресионист во пишаниот збор бил офицер во морнарица по професија и авантурист во постојана потрага по непознати дестинации и истражувања на особено ретки цивилизации.Во вечерните часови (факултативно) посета на национален ресторан со богата шоу програма и вечера. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Ден 4. (11.03.2018 – недела )  – Истанбул    

Појадок. По појадокот (факултативно) посета на Долма Бахче Сарај - последната палата на Отоманските Султани, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Крстарење по Босфор  со панорамски разглед на мостовите, кои го поврзуваат Европскиот и Азискиот дел на Истанбул, во времетраење од 1,5 до 2 часа. Слободно време за шопинг, во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

Екскурзии и Факултативи по Ваш избор. Можете да си одберете која сакате ексурзија од долу наведените. Секоја екскурзија се наплатува посебно и не е ограничен бројот на екскурзии кои ќе ги одберете.

 

1. Пешачка тура низ античкиот и средновековен центар на Истанбул со лиценциран локален водич со посета на областа Сулејмание, Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот и останатите знаменитости. Цена: 5 евра.

2. Посета на Аја Софија -Музејот "Св. Софија "е ремек-дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6 век. и е посветена на Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10 000 луѓе и 100 архитекти.Таа е третата црква, изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на "Свети Петар" во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост ( турски: Ayasofya) е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул)и е претворена во џамија од страна на отоманските освојувачи во 1453 година По 1934 е претворена во музеј. Посетата вклучува: лиценциран водич од Министерството за култура и туризам на Република Турција и услуга од фирмата партнер во Турција , аудио слушалки и влезница за објектот. Цена: 15 евра.

3. Посета на Топ Капи палатата – изграден византиски дворец - центар на византиското владеење. Во градината на лалињата се наоѓа и кадата за крштевки, останата од византискиот период. Овој факт е показател за позитивниот однос на османлиската власт во однос на културното наследство на своите претходници. Изграден на површина од 700 000 квадратни. м, дворецот се состои од три главни делови - бирун, ендерун и харем. Проектите на палатата "Топкапи" се позајмени од палатата во Едирне, изграден од таткото на Фатих султан Мехмет, Мехмет II на брегот на реката Тунџа. Планот на палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените на палатата,светите мошти и царскиот архиви останале на чување во "Топкапи" и по преместувањето на султаните во Долмабахче. Дворецот "Топкапи" останува семејно огниште и место за складирање на свештени предмети. во 1924 година, по одбивање на османлиското управување во 1922 година, дворецот се претвора во музеј. Во него се изложени 12 000 експонати - кинески порцелан, 900 - јапонски порцелан, единствена колекција на турски ткаенини од XVI и XVII в., Теписи, збирки на оружје и европски порцелан. Посетата вклучува: лиценциран водич од Министерството за култура и туризам на Република Турција и услуга од фирмата партнер во Турција и влезница за објектот. Цена: 15 евра.

4. Крстарење по Босфор - трае 90 мин. Ова крстарење е незаборавно доживување на еден поинаков Истанбул. На самото пристаништето може да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња за да седнете и да уживаат покрај морето.Разгледот вклучува лиценциран водич кој ќе ви раскаже детали кои никогаш не сте ги знаеле за Истанбул. Цена: 15 евра.

5. Посета на Долмабахџе платата –Турскиот Версај историски првата палата во османлиската престолнина, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853 година до 1922 година (со прекин од 20 год.) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал и Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратената во историјата во 19 и 20 век претходна и некогаш славна (во 16 и 17 век) Отоманска империја. Должината на палатата е 600 м, областа е 45 000 м2, има 285 соби, 6 амами и 68 бањи. Во јужното крило се репрезентативните простории, во северното - станбени простории, а меѓу двете крила е големата приемна сала, пред која има зелена површина од 2000м2, а над неа - 36м висока купола. Терасата кон Босфор е оградена со висок ѕид, чиј порти водат кон пристаништето кое денес не се користи редовно.Дворецот ја поседува и најголемата збирка во светот од кристални свеќници од Бохемија и Бакарат. Посетата вклучува: лиценциран водич од Министерството за култура и туризам на Република Турција и услуга од фирмата партнер во Турција, автобуски транспорт како и влезница за објектот. Цена: 25 евра.

6. Превоз со жичара до видиковецот Piere Lotti и влезница за Минијатурк парк, со сите знаменитости во Турција во форма на макети. Цена: 20 евра.

7. Вечера во традиционален ресторан со фолк танци ГАР - Менито во ресторанот вклучува: ордевер, мезе, салата, топли предјадења, главното јадење по ваш избор , а за десерт се нудат овошје или слатки. Пијалоците се неограничени (безалкохолни, вино, пиво или традиционалната турска јени раки, приготвено од грозје и анасон). Програмата трае 5часа и е претставена традицијата на неколку краеви од Турција со нивните танци, обичаи и изведби кои оставаат без здив. Цена: 25 евра.

8. Посета на Saphire Seyir Terasi 4D. Цена: 15 евра.

9. Аквариум. Цена: 25 евра.

 

Можност за плаќање на рати:

Прва рата до - 31.01.2018 -  55 ЕУР / 3,410 МКД

Втора рата до - 28.02.2018 - 55 ЕУР / 3,410 МКД

Трета рата до -05.03 - 60 ЕУР / 3,720 МКД

 

*ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Превоз со туристички автобус на наведената релација.

-Сместување во двокреветни соби во хотел во Истанбул  на база 2 ноќевања со појадок.

-Професионален туристички придружник од агенцијата.

-Организација и реализација на програмата.

-Панорамски разглед на Истанбул – Европски и Азиски дел со локален водич и автобус.

-Крстарење по Босфор.

-Посета на Аја Софија (влезница + слушалки + локален водич).

-Посета на Топ Капи (влезница + локален водич)

-Посета на Миниатурк Парк – (влезница + превоз со автобус).

-Посета на Пјер Лоти видиковец ( карта за жичара + превоз со автобус).

 

*ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Посета Долма Бахче Сарај – (превоз со автобус + влезница + локален водич).

-Посета на Национален ресторан.

-Патничко осигурување.

-Други индивидуални трошоци.

 

 ОПШТИ НАПОМЕНИ:

-Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд.

-За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника.

-За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2018 година.

-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  7 дена пред  датумот на започнување на истиот.

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.

-За време на разгледите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

-Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

-Задолжително пријавување за факултативи и минимум пријавени патници за  реализација: 40.

-За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ.


ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето