logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


ВЕЛИГДЕН ВО БАНСКО zvezdazvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Бугарија

ВЕЛИГДЕН ВО БАНСКО!

06.04 – 09.04.2018

 

Ден 1. (06.04.2018 - петок)

Во 07.00 часот, тргнување од паркингот пред хотел РУСИЈА.

Патување со попатни застанувања преку Крива Паланка, Кјустендил, Благоевград, Разлог до Банско. Пристигнување во пладневните часови во Банско и Сместување во хотелот ПОЛАРИС ИН. Сместување во Студија и Апартмани.

Можност за користење на хотелскиот базен или сауната, или време за прошетка и одмор.

Одење на Вечерна литургија во Црквата Свети Триоца.

Враќање во хотелот и вечера. Ноќевање.

 

Ден 2. (07.04.2018 - сабота)

Појадок.

Време за прошетки низ Банско и околината.

Можност за користење на базенот и сауната во хотелот.

Вечера.

Присуство на Литургијата по повод Христовото Воскресение во Црквата Свети Троица.

Ноќевање.

 

Ден 3. (08.04.2018 - недела)

Појадок.

Можност за посета на Планинските врвови Снежанка, Бандерица, или ски стазите на Шилигарникот или Бандеричка Пољана.

Можност за факултативна посета на планинската река и рибник во околината на Банско, каде гостите имат можност сами да ловат риби и да им бидат приготвени во Националниот Ресторан.

Вечера со музичка програма и забава и кариоке со Ди џеј од Македонија.

Ноќевање.

 

Ден 4. (09.04.2018 - понеделник)

Појадок.

Напуштање на хотелот и посета на еден од најубавите манастири на Балканот (Рилскиот Манастир). Разгледувањ на фреските и дрворезот како и музејската поставка со подароците кои европските владетели му ги дарувале на Манастирот. Можност и за разгледување на бистрите води кои го опкружуваат Манастирот како и консумирање пресно уловена речна риба.

Во попладневните часови тргнување за Македонија.

Во вечерните часови пристигнување во Скопје.

 

*ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  89 евра (5520 денари).

 

*ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

-Трансвер со Туристички автобус на релацијата Скопје – Банско – Рилски Манастир – Скопје.

-Сместување во хотел ПОЛАРИС ИН во банско, во трокреветни студија и четворокреветни апартмани, со три вечери и три појадока.

-Велигденска забава во хотелот.

-Придружник и техничко водство при патувањето.

 

*ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Патничко осигурување.

-Факултативни посети на ресторани во Банско и Рилски Манастир.

 

-За реализација на аранжманот неопходни се минимум 40 патника.

-За оваа програма важат општите услови за патување на ТА Солвекс и СКТМ.


ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето