logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


ВЕЛИГДЕН во ЕДИПСОС на островот ЕВИА zvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Грција

ВЕЛИГДЕН во ЕДИПСОС на островот ЕВИА!

Бања на море 

 

 

ДЕН 1. (06.04.2018 - петок) СКОПЈЕ - ЕВИА 

Тргнување од Скопје во 01:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“.
Патување преку преминот Богородица низ Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Агиокампос. Продолжување на патувањето за Едипсос. Сместување на групата во хотелот “Раниа“. Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време.  Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 2. (07.04.2018 - сабота) ЕВИА-  -  Манастир Св. Давид - ЕДИПСОС

Појадок. Можност за посета на Манастирот Св. Давид, кој е четврти по значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора, Метеорите и манастирот На Свети Јован Руски. Преподобниот Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците после напуштањето на Евиа. Свети Давид, заштитникот на островот Евиа, познат е своите исцелителски и пророчки способности. Го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображенито, која секојдневно прима голем број на верници од цела Европа Враќање во Едипсос. Можност за користење на плажите со минерални води. Вечера.Посета на централната црква во Едипсос за пречек на Воскресението.  Ноќевање.

 

ДЕН 3. (08.04.2018 - недела) ЕДИПСОС - Свети Јован Руски

Појадок. Можност за посета на градот Прокопиев каде се наоѓа црквата со моштите на свети Јован Руски. Тука е сместено нераспаднатото тело на светецот кое е пренесено од Местото Прокопиев во Русија, во местото Нова Прокопиа на Едипсос. Враќање во Едипсос. Користење на плажите со минерална вода. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 4. (09.04.2018 - понеделник) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Преку  Агиокампос, со траект до Глифа. Потоа продолжуваме до Клисурата Темпи, каде се наоѓа Манастирот на Света Петка, и пештерата каде престојувала по враќањето од Мала Азија. Можност да се наполни Света вода од изворот на пештерата. Тргнување за Македонија. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.

 

*ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 129 евра (8000,00 денари).

 

*ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

-Превоз со современ туристички автобус.

-Сместување во хотелот РАНИА,  во двокреветни и трокреветни соби, на база три полупансиона.

-Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот.

-Трошоци за организација на патувањето.

 

*ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Посета на Манастирите св.Давид (10Евра), св.Јован Руски во Прокопиев (10Евра).

-Превоз со траект на релација Глифа – Агокампос (2,5 евра по лице).

-Патничко осигурување.

 

*Доплати: 

-доплата за 1/1 соба е 50% од цената на аранжманот.

 

*НАПОМЕНА:

-За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.

-За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. Солвекс Травел.


 


ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето