logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


ЛИСАБОН И АЛГАРВЕ - со авион! zvezdazvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Португалија

Софија – Лисабон – Алгарве  – Лагуш – Риа Формоса – Тавира – Евора – Фаро – Лисабон – Синтра – Ешторил – Кашкаjш - Кабо де Рока - Обидуш – Назаре – Фатима – Баталја –Лисабон

 

ЛИСАБОН - главниот град на Португалија и несомнено еден од најинтересните градови во Европа. Лоциран е на седум ниски ридчиња кај сливот на реката Тежу во Атлантскиот Океан. Во центарот на Лисабон има широки, оградени со дрвја плоштади, тротоари со мозаици и улични кафулиња. Стариот град има неверојатна атмосфера - стрмни улици со пријатни ресторани, барови и продавници. Во 1755 г. поголемиот дел од Лисабон е уништен од катастрофалниот земјотрес, проследено со пожар и бранови цунами. Градот е обновен само за неколку години и денес има сè што е потребно за да се заљубите во него.

АЛГАВРЕ - најјужниот регион на Португалија, поседува 150 километри крајбрежје чии неверојатни плажи од бел песок и кристална вода на места со чудни убави карпи и пештери. Егзотичната убавина на природата, меката медитеранска клима, бројните атракции, знаменитости и терени за голф го претвориле Алгарве во омилено место за одмор на илјадници туристи од целиот свет. Околу 7 милиони странци го посетуваат годишно, а ако се вклучат и португалските туристи, бројот расте до 10 милиони. Покрај туризмот во Алгарве е добро развиено и земјоделието - тука се одгледуваат смокви, бадеми, портокали, а се одгледува и даб за плута. Океанот, се разбира, обезбедува широк спектар на храна и риба.

 

ДЕН 1. СОФИЈА - ЛИСАБОН 

За дати 03.09, 10.09. : Поаѓање од аеродром Софија во 13:55 ч. со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Лисабон во 16:15 ч. Трансфер до хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * во одморалиштето "Коста да Капарика", реонот на Лисабон. Вечера. Ноќевање.

За дати 17.09, 24.09, 01.10. : Поаѓање од аеродром Софија во 19:35 со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Лисабон во 21:55 ч. Трансфер до хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * во одморалиштето "Коста да Капарика", реонот на Лисабон. Вечера (сув пакет). Ноќевање.

 

ДЕН 2. ЛИСАБОН - АЛГАРВЕ

Појадок. Панорамска обиколка во Лисабон (вклучена во цената): Манастирот “Жеронимуш”, кој се смета за ремек-дело на португалската мануеловска уметност, чиј основач е Крал Мануел, кулата “Белем”, Статуата на морнарите, квартот “Баиша”, плоштадите “Фигеира и комерсиу". Поаѓање за Алгарве. Сместување во хотелот " Yellow Monte Goro" 4 * во одморалиштето Монтегордо, реон Алгарве. Вечера и ноќевање.

 

ДЕН 3. ЛАГУШ

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Лагуш и р’т "Свети Винсент". Посета на р’т "Свети Винсент" - свето место каде што земјата завршува и морето започнува. Фотопауза на “Црвените карпи”, каде што морските пештери се скриени од секој поглед и создаваат контраст со кристално чиста зелена вода. Поаѓање за Лагуш. Помеѓу 1576 и 1756 год., Лагуш бил главен град на Алгарве. Пешачки разглед во историскиот центар на Лагуш: Главниот плоштад каде што бил пазарот на робови, прв во Европа; црквата Св. Антониј; слободно време. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 4. РИА ФОРМОСА -ТАВИРА

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија низ Олјау, Риа Формоса со вклучено крстарење (околу час и половина) и Тавира. Посета на Олјау - најголемото пристаниште во Алгарве со убави песочни плажи. Една од главните атракции во Олјау е најголемиот пазар за риби во Јужна Португалија и Национален парк "Риа Формоса", кој може да биде разгледан само со чамец. Следува вклучено во цената на дополнителната екскурзија крстарење низ лагуните на резерватот (се спроведува при соодветни временски услови). Поаѓање за Тавира – се смета за еден од најубавите и зачувани градови во регионот на Алгарве. Посета на стариот кварт и црквата "Простување Божјо", урнатините од замокот Муринс и римскиот мост. Регионот е населен уште од 8 век пр. Хр. и има како муслиманско, така и римско наследство во својата богата историја. Враќање во хотелот. Вечера и ноќевање.

 

ДЕН 5. ЕВОРА - ФАРО - ЛИСАБОН

Појадок. Поаѓање за Лисабон. Пауза во Евора и Фаро. Пешачки разглед во Фаро - едно од најубавите места во Португалија, град полн со историја, театри, галерии, пријатни ресторани, кафулиња, продавници и прекрасни плажи. Поаѓање за Евора - волшебно гратче, во списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО: урнатините на Римскиот храм, посвеен на Дијана - божицата на ловот; катедралата; црквата Св. "Франциск"; слободно време. Поаѓање за Лисабон. Сместување во Коста да Капарика, реон Лисабон. Вечера и ноќевање.

 

ДЕН 6. СИНТРА - ЕШТОРИЛ - КАШКАЈШ - КАБО ДЕ РОКА

Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Синтра, Есторил, Кашкаиш и Кабо да Рока. Неслучајно Синтра се смета за една од најдобрите туристички дестинации на Португалија - многу замоци, аристократски дворци, споменици, фасцинантно убава природа и незаборавни глетки. Можност за посета на дворецот "Kintha da Regaleira" - комплекс од 5-катна палата, прекрасен парк со езера, пештери, извори и фонтани. Изграден е од "Карваљо Монтеро" во почетокот на XX в. како замок, а денес е сопственост на општинските власти. Кашкаис и Есторил лоцирани на северниот брег на Лисабон, се претвораат во еден од најпознатите космополитски туристички места во Португалија, откако кон крајот на XIX век кралот Луис I го избира заливот за своја летна резиденција. Есторил - тропска градина лоцирана на брегот на морето. Кашкаис - типично рибарско селце, кое се претворило во прекрасно одморалиште,, на брегот на кој се наоѓа Устата на пеколот (Boca do Inferno) - импресивна карпеста провалија во која се губат морските води. Градовите засолниле многу благородни семејства од европските земји за време на Втората светска војна, чии куќи се задржани и до денес. Кабо де Рока - најзападниот дел на континентална Европа. Прочуените португалски морепловци тргнале од тука кон непознатото, за да откриваат нови земји, да добијат слава, богатство, мислења и престиж. Враќање во хотелот. Вечера и ноќевање.

 

ДЕН 7. ОБИДУШ – НАЗАРЕ – ФАТИМА – БАТАЛИЈА

Појадок. Слободно време (неопходно е користење на градски транспорт) или по желба целодневна екскурзија до Обидуш, Назаре, Фатима и Баталја. Посета на Фатима - дестинација за поклоници од цел свет. Поаѓање за Баталја: посета на црквата "Санта Марија де ла Викторија", слободно време за посета на соседниот манастирски комплекс (под заштита на УНЕСКО) - величествен споменик на националната архитектура и еден од најголемите готски ремек во Европа, изграден во 1388 год. во чест на клетвата, дадена од страна на кралот Жуау Први пред Светата Дева, дека ќе изгради величествен манастир, ако победат кастилците во битката кај Алжубароте. Поаѓање за Назаре, кој во минатото бил мало рибарско село, а во денешно време е познат не само по риболовот, но и по убавите плажи, прекрасната кујна и уникатните локални народни носии. Заборавете ја сегашноста и вратете се назад во времето во село Обидуш, опкружено од ѕидините, зад кои се наоѓаат традиционални бели куќи и мали улици кои водат кон замокот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 8. ЛИСАБОН - СОФИЈА

За дати 03.09. : Појадок. Напуштање на собите (багажот се остава во посебна просторија во хотелот). Слободно време. Трансфер до аеродромот во Лисабон за лет на авиокомпанијата "Wizz Air" до Софија, во 16:55 часот. Пристигнување во Софија во 22:55 ч.

За дати 10.09, 17.09, 24.09, 01.10. : Појадок. Напуштање на собите (багажот се остава во посебна просторија во хотелот). Слободно време. Трансфер до аеродромот во Лисабон за лет на авиокомпанијата "Wizz Air" до Софија, во 22:35 ч. Пристигнување во Софија во 04:30 ч.(на следниот ден).

 

1. Хотел „TRYP LISBOA CAPARICA MAR“ ****, Коста да Капарика, регион Лисабон

Локација: Хотелот е лоциран на морскиот брег во Коста да Капарика, на најпознатата голема плажа во реонот на Лисабон која е покриена со фин песок. Центарот на Лисабон е оддалечен 15 км, а аеродромот е 20 км. На 7,5 км од хотелот има станица, од која може да се фати воз до центарот на главниот град.

Општи информации: Хотелот поседува телевизиска сала, библиотека, продавници, бар, ресторан, а-ла-carte ресторан, снек-бар до базенот, надворешен базен, внатрешен базен со загревање на водата, фитнес сала, мини клуб, игралиште, бејбиситерка, бесплатен Wi -Fi на заедничките делови.

Сместување: Сите соби располагаат со клима уред, сателитска ТВ, телефон, бања со када, фен, мини бар, бесплатен Wi-Fi, балкон. Достапни се соби за непушачи, како и простории за тешко-подвижни луѓе.

 

2.Хотел „YELLOW MNOTE GORDO“ ****, Монте Гордо, регион Алгарве

Локација: Хотелот се наоѓа на источниот дел на регион Алгарве, опкружен од природниот резерват Castro Marim. Центарот на Монте Гордо се наоѓа на 200 метри, а плажата е на 100 метри. Древното рибарско село Vila Real de Santo António со широка и убава плажа, блага клима и неколку пешачки зони, се наоѓа на 3 км.

Општи информации: Хотелот поседува 2 ресторани, бар кај базенот, снек бар, отворен базен, сончева тераса, СПА центар (затворен базен со греење, сауна, турска бања, џакузи, соби за масажа), сала за игри, автомобили и велосипеди за изнајмување, детски базен, детски клуб, вечерни игри и шоу програми, анимација, продавници.

Сместување: Сите соби располагаат со клима уред, телевизор со сателитски канали, телефон, простор за седење, бања со туш, фен, мини бар, сеф, бесплатен Wi-Fi, балкон.

 

3. Хотел "Navegadores"***, Монте Гордо, Алгарве

Локација: Во тивок и мирен дел на одморалиштето Монте Гордо, хотелот се наоѓа на 500 метри од плажа.

Општи информации: ресторан, лоби бар, рум-сервис, градина, сончева тераса со чадори и лежалки, затворен базен, Wi-Fi, конференциска сала.

Сместување: LCD телевизор, телефон, сеф, мини бар, клима уред, фен за коса.

 

4. Хотел "Casablanca Inn" ***, Монте Гордо, регион Алгарве

Локација: Во тивок и мирен дел на одморалиштето Монте Гордо, хотелот се наоѓа во близина на центарот и плажата во одморалиштето.

Општи информации: ресторан, лоби бар, рум-сервис, градина, сончева тераса со чадори и лежалки, затворен базен, Wi-Fi, конференциска сала.

Сместување: LCD телевизор, телефон, сеф, мини бар, клима уред, фен за коса.

 

28.05.2020 709€
04.06.2020 757€
10.09.2020 739€
17.09.2020 793€
24.09.2020 729€

 

Хотел „TRYP LISBOA CAPARICA MAR“ и Хотел „YELLOW MNOTE GORDO“

сместување

28.05.2020

04.06.2020

10.09.2020

17.09.2020

24.09.2020

Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет

709€

757€

739€

739€

729€

Двокреветна соба со разделни легла

709€

757€

739€

739€

729€

Дополнително легло во двокреветна соба за деца 3-6,99 г.

495€

517€

499€

499€

489€

Дополнително легло во двокреветна соба за деца 7-10,99 г.

543€

584€

566€

566€

556€

Дополнително трето легло

691€

728€

710€

710€

700€

Еднокреветна соба

882€

969€

951€

951€

941€

 

*ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски билет со вклучени аеродромски такси Софија - Лисабон -Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучен 1 мал рачен багаж со димензии 40x30x20 cm ( под седиштето во авионот ) и чекиран багаж до 20 кг.
  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром
  • Транспорт по предвидената рута со комфорен туристички автобус
  • 3 ноќевања во стандардна соба со појадок и вечера во избраниот од Вас хотел во реонот на Алгарве
  • 4 ноќевања во стандардна соба со појадок и вечера со вклучени вино и вода во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4* (или сличен) во реонот на Лисабон
  • Полудневен панорамски разглед во Лисабон со локален туристички водич
  • Пешачка тура во Евора
  • Пешачка тура во Фаро
  • Претставник на место на македонски/српски/бугарски за време на целиот престој
  • Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".

 

*ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса за престој во хотел 4 * во реонот на Лисабон: 2 EUR на турист на ден (се плаќа од туристите на рецепцијата на хотелот)
  • Туристичка такса за престој во хотел во реонот на Алгарве: 1 EUR на турист на ден (се плаќа од туристите на рецепцијата на хотелот)
  • Сместување во соба со поглед на океанот во хотелот TRYP Lisboa Caparica Mar 4 * во реонот на Лисабон
  • Целодневна екскурзија до Синтра, Кашкаиш, Ешторил и Кабо де Рока
  • Целодневна екскурзија до Олјау, Риа Формоса со вклучено крстарење и Тавира
  • Целодневна екскурзија до Лагуш и р’т Сент Винсент
  • Целодневна екскурзија до Обидуш, Назаре, Фатима и Батаља
  • Влезници и билети за објектите за време на дополнителните екскурзии и други музеи, објекти и манифестации кои се посетуваат по желба
  • Влезници: за манастирот "Жеронимуш" (10 EUR), комбиниран билет за манастирот и Националниот археолошки музеј (12 EUR) во Лисабон, за Кулата "Белем" (6 EUR); за палатата "Кинта де Регалеира" (6 EUR + 1 EUR за слушалки) во Синтра;за манастирот "Санта Марија да Виторија"( 6 EUR) во Баталја
  • Јавен превоз, лични трошоци, бакшиш за водич / возач: 1-5 евра на турист на ден - се плаќа на место
  • За лица над 65 г. автоматски се додава доплата за осигурителна премија

 

*ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ:

Доплата за сместување во соба со поглед кон океанот во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * во реонот на Лисабон на турист во двокреветна соба (по потврда)

32€

Доплата за сместување во соба со поглед кон океанот во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * во реонот на Лисабон на турист во еднокреветна соба (по потврда)

76€

Целодневна екскурзија до Синтра, Кашкаиш, Ешторил и Кабо де Рока на бугарски јазик при минимум 20 пријавени туристи

45€

Целодневна екскурзија до Олјау, Риа Формоса со вклучено крстарење и Тавира на бугарски јазик при минимум 20 пријавени туристи

45€

Целодневна екскурзија до Обидуш, Батаља, Назаре и Фатима на бугарски јазик при минимум 20 пријавени туристи

48€

Пакет од 3 екскурзии: Синтра, Кашкаиш, Ешторил и Кабо да Рока + Лагуш и р’т Сент Винсент + Обидуш, Батаља, Назаре и Фатима на бугарски јазик при минимум 20 пријавени туристи

39€

Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување ( цена за турист за сместување во двокреветна соба)

119€

Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување ( цена за турист за сместување во еднокреветна соба)

 

18€

Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување ( цена за турист за сместување во еднокреветна соба)

 

26€

 
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ:
 
  • Услови за плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
  • Услови за отказ: до 31 ден - 35% од основната цена; од 30 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
  • Цените на дополнителните екскурзии, кои се запишани на место се повисоки!
  • Редоследот на спроведување на екскурзиите е примерен и се дефинира на место.
  • Организаторот го задржува правото да менува часови или да ги помести екскурзиите за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
  • Авиокомпанијата го задржува правото на промена на часовите на летовите
  • Од оперативни причини, ограничен број на кабински багаж може да се транспортира во авионската кабина(летови на авиокомпанијата "Wizz Air"). Ако има премногу багаж, можеби ќе треба да се стави во багажниот простор бесплатно.
  • Екскурзијата се спроведува со минимум 24 туристи.
  • Медицински и здравствени услови:
  • Нема медицински и здравствени услови, поврзани со патувањето.
  • Визно – пасошки режим:
  • Македонски државјани, кои што патуваат за земјата, е потребно да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегување во земјата.
 
 
 

Слични понуди

ДУБАИ И АБУ ДАБИ - ВРВ НА АРАПСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

ДУБАИ И АБУ ДАБИ - ВРВ НА АРАПСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

  ДУБАИ И АБУ ДАБИ - ВРВ НА АРАПСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА!   Хотел "Hilton Garden Inn Dubai Mall of the Emirates" **** и Хотел "Hawthorn Suites by Wyndham Abu Dhabi City Center" ****. Софија – Дубаи – Бурџ Ал Араб- Шараџа – Аџман – Дубаи – Абу Даби – Софија   ДЕН 1. СОФИЈА - ДУБАИ За дати 05.11.2
АТИНА и ОСТРОВОТ ЕГИНА - 8 Декември

АТИНА и ОСТРОВОТ ЕГИНА - 8 Декември

Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се семета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа
Одмор во Акаба

Одмор во Акаба

Софија – Акаба – Петра – Акаба –Вади Рум – Акаба – Софија   ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА 1.Ден Софија - Акаба Поаѓање од аеродромот во Софија (Терминал 2) во 16:35 ч. за Акаба со лет на авиокомпанијата "Ryanair". Пристигнување на аеродромот во Акаба во 19:30 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање. 2.Де