logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


НОВА ГОДИНА ВО ЕДИПСОС, ЕВИА


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Грција

Денешните актуелни минерални извори во Едипсос се смета дека настанале според легендата: Пред  5000 години божицата Атина барала од Ефес да создаде минерални извори за да може Херкулес да си ги поврати силите после извршување на дванесете прочуени задачи. Ефес го исполнил барањето на Атина и создал 750 топли извори кои подоцна Херкулес ги користел за да си ја обнови силата. Подоцна кога се дознало за нивната лековитост многу луѓе доаѓале специјално за да се излечат од реуматски артритис, спондило-артритис, болки во грбот, болести со крвни садови... Низ историјата бањата била посетувана од многу римски императори како што се Адријан, Марко Аурелие, Сила исто како и Петар први Караѓорѓевиќ, Марија Калас, Оназис, Грета Гарбо, Черчил и многу други.

програма

                                                                                     

1.Ден 28.12.2018  (петок) СКОПЈЕ - ЕВИА 
Тргнување од Скопје во 23:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“.

2.Ден 29.12.2018 (сабота) ЕВИА

Патување преку преминот Богородица низ Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Agiokampos. Продолжување на патувањето за Edipsos. Сместување на групата во хотелот “Лито“, "Палатино" или "Астериа". Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време –.  Вечера . Ноќевање.

3.Ден 30.12.2017 ( недела) ЕДИПСОС - АТИНА - ЕДИПСОС

Појадок. Слободно претпладне со можност за капење во природните базени со минерална вода кои се наоѓаат во самото море или факултативна посета на Атина  со траектот Едипсос – Аркица со панорамско разгледување на плоштадите Синтагма и Омонија, Кралевската Палата, Парламентот, Академија, Универзитет, Библиотека, Олимписки Стадион, Зевсов Храм, Хадријанова Капија, Акропол. Враќање преку Мостот на Халкида со кафе пауза во кафетериата Мостар на местото каде се гледа наодаѓањето на плимата и патување преку целиот остров до Едипсос. Вечера со музичка програма. Ноќевање.


4.Ден 31.12.2018 ( понеделник) ЕДИПСОС – Св.ДАВИД - ЕДИПСОС

Појадок. Слободно претпладне. Појадок. со можност за капење во природните базени со минерална вода кои се наоѓаат во самото море или факултативна посета на Манастирот св.Давид. Враќање во Едипсос. СВЕЧЕНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА со музичка програма и богато мени. Ноќевање

5.ден 01.01.2019 (вторник) ЕДИПСОС - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно претпладне. Тргнување за Скопје со попатни застанувања за одмор. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.  

МЕНИ ЗА ВЕЧЕРА

  • (29.12.2018) Супа со зеленчук, мешана салата, ќофте со ориз или пилешко со компири по избор, десерт раваниа
  • (30.12.2018)  Пита, мешана салата, риба или пастицио по избор, десерт кормос
  • (31.12.2018) Пуги со сирење, специјална салата, свинско со суви сливи печено во рерна со пире од компири и целер, десерт изненадување на готвачот

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 169 € (10 500,00 ден.)

Цената на аранжманот опфаќа: 

  • Превоз со современ туристички автобус;
  • Сместување во хотелот,  во двокреветни и трокреветни соби, на база три полупансиона, како и СВЕЧЕНО МЕНИ за Новогодишната вечера со музичка програма;
  • Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот;
  • Трошоци за организација на патувањето.

Доплата: 

  • доплата за 1/1 соба е 50% од цената на аранжманот.

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Организирана посета на манастирот свети Давид на островот Евија 10€;
  • Организирана посета на Атина 30€
    (за организирање на факултативни излети потребен е минимум од 40 пријавени патници);
  • Патничко осигурување;
  • Превоз со траект на релација Глифа – Агокампос (2,5 €во правец).

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. Солвекс Травел.


 


ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето