logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net


ВЕЛИГДЕН во ЕДИПСОС на островот ЕВИА Бања на море zvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Грција

ПРОГРАМА

1.Ден 26.04.2019  (петок) СКОПЈЕ - ЕВИА 
Тргнување од Скопје во 01:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“.
Патување преку преминот Богородица низ Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Agiokampos. Продолжување на патувањето за Edipsos. Сместување на групата во хотелот. Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време. Ноќевање

2.Ден 27.04.2019 (сабота) ЕВИА -  Манастир Св. Давид - ЕДИПСОС

 Можност за посета на Манастирот Св. Давид, кој е четврти по значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора, Метеорите и манастирот  Свети Јован Руски. Преподобниот Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците после напуштањето на Евиа. Свети Давид, заштитникот на островот Евиа, познат е по своите исцелителски и пророчки способности. Го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображенито, која секојдневно прима голем број на верници од цела Европа. Враќање во Едипсос. Можност за користење на плажите со минерални води. Посета на централната црква во Едипсос за пречек на Воскресението.  Ноќевање.

3.Ден 28.04.2019 (недела) ЕДИПСОС - Агиос Николаос, Ореи, Агиос

Можност за користење на изворите минерална вода или покриените базени. Во пладневните часови посета на плажите во местото Агиос Николаос. За посетителите е предвиден бесплатен пикник во дворот ина плажата на најубавиот хотел OVER SEA со  јагнешки и свински специјалитети на скара. Посета на Ореи кое е познато по пристаништето за јахти, убавата песочна плажа честите организации на регати со едрилици како и изобилството на свежа риба која се лови од месните жители. Можност за посета на некоја од многубројните таверни на брегот на морето. Потоа тргнување за планинското место Агиос познато по специфичната прослава на Велигден, каде се испуштаат балони со хелиум, со интерактивно учество на посетителите кои имат можност да го палат хелиумот во балоните и да ги пуштат заедно со другите стотици балони кои го преплавуваат небото. Враќање во Едипсос Ноќевање.

4.ден 29.04.2019 (понеделник) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

Можност за користење на хотелскиот базен или плажите со минерална вода во морето. Напуштање на хотелот. Преку Agiokampos, со траект до Глифа. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 109 € (6 800,00 ден.)

Цената на аранжманот опфаќа: 

  • Превоз со современ туристички автобус;
  • Велигденски пикник во дворот и на плажата на OVER SEA со јагнешко и свинско на скара
  • Сместување во хотелот, во двокреветни и трокреветни соби, на база три ноќевања,
  • Превоз со траект на релација Глифа – Агокампос
  • Услугите на придружниците на групата и претставниците на агенцијата за време на престојот;
  • Трошоци за организација на патувањето.

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Факултативна посета на Манастирите Св. Давид (10 Евра)
  • Посета на местото Агиос Николаос, Ореи и Агиос (10 Евра)
  • Користење на затворениот базен (3 Евра)
  • Патничко осигурување

Доплата: 

  • доплата за 1/1 соба е 50% од цената на аранжманот
  • Деца од 2 – 12 години плаќаат 50% од цената на аранжманот

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. Солвекс Травел.

Слични понуди

Мајски празници со чартер програма на островот Санторини од Софија.

Мајски празници со чартер програма на островот Санторини од Софија.

4 дена / 3 ноќевања, Датуми: 30.04-03.05 и 03.05-06.05   Информации за организирано патување:   1 Ден: Тргнување од аеродромот во Софија со директен чартер лет. Сместување (check-in е после 14:00 во случај на достапност на соби - пријавување е по пристигнување). Преноќување. 2 Ден: Слободен ден. Можност за дополнителна екскурзија - п
ОДМОР НА ОСТРОВОТ ШРИ ЛАНКА ВО ХОТЕЛ „CITRUS HIKKADUWA“

ОДМОР НА ОСТРОВОТ ШРИ ЛАНКА ВО ХОТЕЛ „CITRUS HIKKADUWA“

  ОДМОР НА ОСТРОВОТ ШРИ ЛАНКА ВО ХОТЕЛ „CITRUS HIKKADUWA“   Софија - Доха - Коломбо - Доха - Софија     ДЕН 1.   Поаѓање во 17:25 ч. од аеродромот во Софија за Доха со лет на авиокомпанија "Qatar Airlines". Пристигнување на аеродромот во Доха во 23:00 ч. Поаѓање за Коломбо во 00:55 ч. со лет на авиокомпа