logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Villa MARGARITA - Агиос Никитас


Информации за сместувањето

Држава: Грција
Место: Лефкада - Апартмани

Villa Margariti е еден од малиот број на објекти за сместување, распоредени долж главната улица во живописното градче Агиос Никитас. Делејќи го приодот со другиот објект од нашата понуда, оваа вила воглавно располага со двокреветни студија за сместување. Сите студија се опремени со мини кујна, балкон и сопствен тоалет, ТВ и клима уред, како и WiFi интернет. Долгогодишното присуство во понудата на објекти за сместување во Агиос Никитас и Лефкада и оваа вила секако ја издвојува како проверен објект за добар летен одмор. Оддалеченост од плажа 300 метри.

* Објектот е "pet friendly" и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Приземје:
студио бр. 3 тип 1/2 TWIN (два единечни кревети со широчина 90 cm)
• Собата има два единечни кревети, клима, TV, огледало. Кујната е опремена со мини фрижидер со комара за замрзнување, решо со една рингла. Тоалетот е со туш директоно на плочки со парапет. Од соба се излегува дирекно на балконот кој има дрвени ролетни и завеси, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
студио бр.  4 тип 1/2 TWIN (два единечни кревети со широчина 90 cm)
• Собата има два единечни кревети, клима, TV,плакар, огледало, тостер и бокал за топлење вода. Кујната е опремена со мини фрижидер со комара за замрзнување, решо со две рингли. Тоалетот е со туш директно на плочки со парапет. Прозорот има дрвена ролетна и завеса. Балконот има и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
 
Прв кат:
 студио бр.  6 тип 1/2 (два единечни кревети со широчина 90 cm)
• Собата има два единечни кревети, клима, плакар, огледало, бокал за топлење вода. Кујната е опремена со мини фрижидер со комара за замрзнување, решо со две рингли. Тоалетот е со туш директно на плочки со парапет. Прозорот има дрвена ролетна и завеса. Балконот има маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
 
ЗАБЕЛЕШКА: Има Wi Fi Internet. Нема тоалет или да остава соба за време на смена. Студио бр.3 и бр. 4 имаат заеднички двор.

 

ЦЕНОВНИК | ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

 

 

  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК | НАЕМ - 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2023

 

  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Употребата на клима уред во MARGARITA е бесплатна (каде што е достапен).
- Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот)
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во соба или студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
 преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

Туристичка такса во Грција за 2024
*Цената е изразена од соба по ноќевање

                                   Ноември-Фебруари                         
Март-Октомври

Хотел 1/2*:                           0,5 €                                             1,5 €
Хотел 3*:                              1,5 €                                             3,0 €
Хотел 4*:                              3,0 €                                             7,0 €
Хотел 5*:                              4,0 €                                           10,0 €
Апартмани/Студија:            0,5 €                                             1,5 €
Вили:                                    4,0 €                                           10,0 €


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  80 EUR (60 EUR за дете 02 до 12 год.) 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Градско, во  01:10 ч.  (патарина Градско)
- Росоман, во  01:20 ч.  (БП Црна Река петрол 1)
- Прилеп, во  02:15 ч.  (БП Лукоил)
- Битола, во  03:15 ч.  (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција:  истиот ден попладне.

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.  Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. 
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2024 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
 за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти - EB):
- 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
- 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
 Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.


Слични понуди

Villa ARGIRO - Агиос Никитас

Villa ARGIRO - Агиос Никитас

Villa Argiro е објект кој се наоѓа во непосредна близина на другата вила од нашата понуда, за сместување во Агиос Никитас. Во својот состав таа расолага со неколку убаво опремени двокреветни студиа, сите со сопствен тоалет, балкон, ТВ и клима уред, како и мини кујна за припрема на топли напитоци и за чување на продукти. Готвењето во студиата не е д
Villa KOSTAS - Перигали, Нидри

Villa KOSTAS - Перигали, Нидри

Villa Kostas е лоцирана покрај самиот пат кој поминува низ Пергиали и го поврзува во оддалеченост од 1,3км со центарот на Нидри. Овој единечен бјект веднаш го привлекува вниманието на гостите, со големиот и зелен двор, близината до блиската плажа, како и убаво уредените студија и апартмани за сместување со поглед кон убаво уредената градина. Сите е
Villa CAVO D'ORO - Пефки

Villa CAVO D'ORO - Пефки

Villa Cavo D'Oro се наоѓа на првата линија од објекти изградени покрај главната улицата која се протега покрај плажата и морето на Пефки. Студијата за сместување изградени над истоимената пицерија, имаат капацитет за престој на две или три лица. Секоја од единиците располага со комлетно опремена кујна, тоалет, балкон, како и ТВ и клима уред. Рестор
VILLA VASO - ЛЕПТОКАРИЈА

VILLA VASO - ЛЕПТОКАРИЈА

Villa Vaso се наоѓа во средишниот дел на Лептокарија во близина на плоштадот, зелениот парк и пешачката зона на градот. Во нејзина непосредна близина се наоѓаат мноштво продавници, ресторани и пекари, неопходни за време на летниот пресој. Лоцирана покрај улицата која од железничката станица води до неколкуте големи супер маркети, за гости