logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


VILLA PANDORAS - Psakudia


Информации за сместувањето

Држава: Грција
Место: Ситонија - Апартмани

Вила Пандора се наоѓа на одлична локација во Псакудија, оддалечена на стотина метри од долгата градска плажа. Располага со поголем број на студија и апартмани од кои дел имаат страничен поглед кон морето. На располагање на гостите се студија за три или четири лица, како и апартмани за три, четири или пет лица. Сите единици за сместување се опремени со ТВ, клима уред, тоалет, кујна и тераса. Паркирањето е можно на улицата пред објектот или на јавен паркинг. 

 

Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 ноќевања (без превоз)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:  35 €  (25 € за деца 2-12 год.)

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Употребата на клима уред е бесплатна во објектoт PANDORAS (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)  

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 

НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.


Слични понуди

VILLA AKAKIA - Psakudia

VILLA AKAKIA - Psakudia

Villa AKAKIA е бездруго најубаво лоцираниот објект од понудата за Псакудија. Во непосредна близина на морето на 150 m оддалеченост, со убаво уреден двор со сенка од дрвја, вилата Акакиа ја нуди својата слика - како едно од  блиските и идеални места за одмор. Располага со комфорни и убаво уредени апартмани, сите опремени со квалитетен
VILLA MARGARITA - Agios Nikitas

VILLA MARGARITA - Agios Nikitas

 MARGARITI Rooms е еден од малкуте на број објекти, кои служат за сместување на туристи во живописното градче Агиос Никитас. Овој објект за сместување, кој е специфичен по својата градба, како впрочем и самиот рељеф на местото, оддамна се наоѓа на туристичката карта на Лефкада. Објектот Маргарити, располага со двокреветни соби за сместување, а
VILLA FLEGOS - Фурка

VILLA FLEGOS - Фурка

Опис Villa Flegos е голем комплекс во форма на поврзани хациенди, кои во својот состав брои повеќе различки студија и апартмани. Опкруженоста со зеленило, близината на градскиот плоштад, шеталиштето и плажата, "Флегос" го карактеризира како интересен објект за сите потенцијални гости. Сите студија се комплетно опремени со потребните содржини од меб