logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


VILLA AKAKIA - Псакудија


Информации за сместувањето

Држава: Грција
Место: Ситонија - Апартмани

Villa AKAKIA е бездруго најубаво лоцираниот објект од понудата за Псакудија. Во непосредна близина на морето на 150 m оддалеченост, со убаво уреден двор со сенка од дрвја, вилата Акакиа ја нуди својата слика - како едно од  блиските и идеални места за одмор. Располага со комфорни и убаво уредени апартмани, сите опремени со квалитетен мебел, ТВ, клима уред, тоалет, мини-кујна и балкон. Плажата, околните објекти и ресторани со богата исхрана, ви нудат можност за навистина квалитетно сместување, со ваша сопствена организација на квалитетен и комфорен одмор во Псакудија. Можноста за прошетки низ Ситониа се само мотив повеќе за нејзиниот избор. 

 

Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 ноќевања (без превоз)

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Употребата на клима уред е бесплатна во објектoт ELEKTRA (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) 

 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 

* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 

* Цените со попуст важат за резервација и уплата на 50% од износот на аранжманот до датумот на важност на попустот. 

- Доплата на аранжманот се врши до 3 недели пред датумот на патување. Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 

 

НАПОМЕНA:

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.


Слични понуди

Villa Lina - Metamorfozi

Villa Lina - Metamorfozi

Локација: Вилата е лоцирана во центарот на Метаморфози, на 50м од песочната плажа. Општи информации: Располага со студиа и апартмани, од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и паркот. Сместување: Студиата и апартманите се комплетно реновирани и опремени со кујна, купатило, телевизор, интернет и клима уред
VILLA SPIROS - Перигиали

VILLA SPIROS - Перигиали

 Вилата Spiros има убав уреден двор и е лоцирана на влез во Нидри, на 150м од плажа, 1 км од центар на Нидри. Објектот располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија, сите со поглед на море, опремени со тоалет со туш, кујна и балкон. Студијата располагаат и со ТВ и клима за кои се доплаќа дополнително во објектот. *Цените с
VILLA SIRTAKI - Сивири

VILLA SIRTAKI - Сивири

Вила Сиртаки е лоцирана во во Сивири, на околу 50 метри од хотелот Џени и околу 200 метри од плажа. Располага со 1/3 и 1/2+2 апартмани сместени на 1ви кат, со голема и комплетно опремена кујна, бања, ТВ и клима уред. DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE &ndash
VILLA MARGARITA - Агиос Никитас

VILLA MARGARITA - Агиос Никитас

 MARGARITI Rooms е еден од малкуте на број објекти, кои служат за сместување на туристи во живописното градче Агиос Никитас. Овој објект за сместување, кој е специфичен по својата градба, како впрочем и самиот рељеф на местото, оддамна се наоѓа на туристичката карта на Лефкада. Објектот Маргарити, располага со двокреветни соби за сместување, а