logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net


Поклоничко патување во Едипсос на островот Евиа - Бања на море


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Грција

ПРОГРАМА

 

1.Ден 23.05.2019  (четврток) СКОПЈЕ - ЕВИА 
Тргнување од Скопје во 23:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“.

2.Ден 24.05.2013 (петок) ЕВИА-  ЕДИПСОС

Патување преку преминот Богородица низ Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Agiokampos. Продолжување на патувањето за Edipsos. Сместување на групата во –хотелот во центарот на Едипсос. Краток одмор. Можно капење во морето или во минералните извори на самата плажа. Приквечер прошетка низ Едипсос еден од најатрактивните градови во Грција. Можна посета на литургијата во една од црквите на Едипсос. Ноќевање.

3.ден 25.05.2019 (сабота) ЕДИПСОС -  Манастир Св. Давид – Манастир Св.Јован Руски - ЕДИПСОС

Посета на Манастирот Св.Давид, кој е четврти по  значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора, Метеорите и манастирот Свети Јован Руски. Преподобниот Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците после напуштањето на Евиа. Свети Давид, заштитникот на островот Евиа, познат по своите исцелителски и пророчки способности го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображенито, која секојдневно прима голем број на верници од цела Европа

Тргнување кон градот Прокопиев каде се наоѓа црквата со моштите на свети Јовам Руски. Тука е сместено нераспаднатото тело на светецот кое е пренесено од Местото Прокопиев во Русија, во местото Нова Прокопиа на Едипсос. Можност за земање на света вода и свето миро кое непрестајно извира од телото на светецот.

Враќање во Едипсос. Можност за користење на плажата или гејзерите со минерални води во Едипсос. Ноќевање.

4.Ден 26.05.2019 ( недела) ЕДИПСОС - Манастир Света Петка - Скопје

Заминување од хотелот. Тргнување за Темпи, каде се наоѓа манастирот и пештерата на Света Петка каде престојувала по враќањето од Мала Азија. Тука се наоѓа и пештерата со изворот на света вода која помага во подобрување на видот на верниците. Тргнување за Македонија и пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 69 € (4300,00 ден.)

Цената на аранжманот опфаќа: 

  • Превоз со туристички автобус;
  • Сместување во хотел Диетнес во двокреветни или трокреветни соби две ноќевања.
  • Траект на релацуја Глифа – Агиокампос - Глифа
  • Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот;
  • Трошоци за организација на патувањето.

 

Цената на аранжманот не опфаќа

  • Факултативна посета на Манастирите св.Давид, св.Јован Руски во Прокопиев (10 евра)
  • Патничко осигурување;

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. Солвекс Травел.

Слични понуди

МАЛТА

МАЛТА

МАЛТА  29 септември – 2 октомври - ЗА САМО 340 ЕВРА ПО ЛИЦЕ! Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меде
ОДМОР НА ОСТРОВОТ ШРИ ЛАНКА ВО ХОТЕЛ „JETWING SEA“

ОДМОР НА ОСТРОВОТ ШРИ ЛАНКА ВО ХОТЕЛ „JETWING SEA“

  ОДМОР НА ОСТРОВОТ ШРИ ЛАНКА ВО ХОТЕЛ „JETWING SEA“   Софија - Истанбул - Коломбо - Истанбул - Софија     ДЕН 1.   Поаѓање во 21:15 ч. од аеродромот во Софија за Истанбул со лет на авиокомпанија "Turkish Airlines". Пристигнување на аеродромот во Истанбул во 23:50 ч.    ДЕН 2.  
Најдоброто од Италија

Најдоброто од Италија

Софија – Милано – Џенова – Пиза – Фиренца – Сиена – Орвието – Рим – Софија ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА 1.Ден Софија - Милано Поаѓање од аеродромот во Софија (Терминал 1) во 07:40 ч. со директен лет на авио компанијата "Wizz Air" до Бергамо. Слетување на аеродромот "Il Caravaggio" во 08:45 ч. Трансфер до Ми
МАРОКО – ГРАДОВИТЕ НА ИМПЕРИЈАТА - Со авион!

МАРОКО – ГРАДОВИТЕ НА ИМПЕРИЈАТА - Со авион!

МАРОКО - ГРАДОВИТЕ НА ИМПЕРИЈАТА - СО АВИОН! ПОПУСТИ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ! Софија – Малага – Коста дел Сол – Тарифа – Танжер – Шефшауен – Фес – Мекнес – Маракеш – Касабланка – Рабат – Танжер – Тарифа – Коста дел Сол – Малага – Софија   Ве покануваме во М