logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


"Животот е прекрасен 2020" - Раб, Хрватска


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Хрватска

ФЕСТИВАЛ

“ ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН“ – ХРВАТСКА 2020

Мај е прекрасно време за опуштање во Хрватска доколку ги избегнувате горештините. Една од најпопуларните дестинации за одмор во Хрватска е островот Раб, сместен во Кварнерскиот залив. Многуте сончеви денови,заштитеноста од ветровите, густата вегетација и многубројните плажи – е тоа што ги привлекува туристите. Главниот град на островот Раб е прекрасен медитерански град. Шетајки по тесните улички на Стариот Град, можете да ги видите прекрасните градби од различните епохи и величенствените палати во ренесансен стил, како и минијатурните куќички и средновековната тврдина, одспротива на градското пристаниште, од каде се отвата сликовита панорама на стариот град. http://www.rab-visit.com/

Oстровот е богат со плажи па секој може да си најде по свој вкус (каменита, шљунковита, песочна). Песочните плажи на островот Раб се популарни далеку надвор од Хрватска, а најпознатата плажа е РАЈ /или Хрватска Рајска/ се наоѓа во населбата Лопар, на северот на островот. https://www.lopar.com

За време на обиколката ќе уживате во благото сонце и прекрасните островски пејсажи,  a секоја вечер во хотелот можете да се опуштите во дискотеката. Ве очекува забава, интересни средби и секако нашиот фестивал  "Животот е убав-2020". Не само што ќе можете да навивате за учесниците – спортисти, пеачи и танчери, туку, ako сакате, можете и да учествувате во овој прекрасен музичко- спортски фестивал. 

 

Место на средбата: РАБ, Хрватска

Дата: 26.05.2020 – 31.05.2020

Учестници на турнирот: Поканети претставници на возраста над 40 години за жени и над 45 години за мажи од разни земји на Европа.

Основна цел на средбата - фестивалот: Воспоставување контакти меѓу представниците на таа возрасна група за тоа да би се покачила животноспособноста на учасниците и  чувството на сопствено достоинство и  долговечност.

Социални  цели:  

- Поставување  мост меѓу различните  поколенија и народи.
- Демонстрација на традиционалните умеења и навики.
- Потикнување на навики не карактеристични за оваа возраст-спорт,танци и т.н
- Помагање на самоизразувањето на учасниците на средбата - фестивалот.
- Вo време на подготовките за средбата - фестивалот – поставување  друг смисол и пополнување  на слободното време.
- Создавање навики, различни од обичниот начин на живеење.

Хуманитарни цели:- учасниците на фестивалот  заслужуваат да живеат во мир и да бидат среќни.

 

Области и категории за участво и оценување на средбата – фестивалот
«Животот е прекрасен»

Култура:

  1. 1. Музика / соло, дует, трио, оркестар/.
    2. Хорско пеење.
    3. Танц.
    4. Навики и уметнички традиции на различните култури.

Спорт:

  1. Индивидуални спортски дисциплини.
    2. Колективни  спортови.

Оценување:

Сите учесници ги оценува жири /судии за спортот/. Победниците во секоја
категорија и дисциплина добиваат награди за - прво, второ и трето место.
Представниците на областите / соодветно - земјите / добиваат сума поени =
сумата поени, собрана од нивните учестници.
На основа на оваа сума поени се добиваат победници за:
1. Место во областа на културата - град и држава.
1. Место Спорт - град и држава.

  Kатегории :

  1. Музика:
    - Соло, Дует, Трио, Квартет, Група до 8 музичари,Група од осум и повеќе музичари.
    PS. Би ги поздравиле настапите со традиционални народни

музички инструменти од разните географски области и држави.

 2. Пеење:
- Соло, Дует,Трио. Квартет. Хор 15 пеачи. Хор од повеќе од 15 пеачи.
                                       
  3. Народни танци.
 - Соло / дует или трио /
 - До 8 танчери.
 - Повеќе од 8 танчери.

Бројноста на учасниците во сите категории - максимум 55 вкупно .


 4. Спорт – дисциплини

 

 1.Индивидуални:

1.1. Тенис /мажи и жени/

1.2 Тенис на маса. /мажи и жени/.Стандардни правила /неограничен број учесници/.
1.3. Шах / мажи и жени /.Стандардни правила по брзопотезен шах. /неограничен број учесници/.
1.4. Дартс (пикадо) / мажи и жени /. Стандардни правила. /неограничен број учесници/.

2.Екипни игри.
2.1. Мал фудбал / мaжи и жени

2.2 Koшарка / мажи и жени на два коша

 

    ПРОГРАМА

средби – фестивал

 «Животот е прекрасен»

26.05.2020-31.05.2020

1 Ден (27.05.2020)

Пристигнување во Раб. Сместување во хотелот.

Слободно време.

Вечера со жива музика и дискотека.

Ноќевање.        

2 Ден

(28.05.2020)

Појадок.


За туристите членовите на промотивниот излет – опуштање на плажата, покрај базенот или прошетка во стариот дел на градот. Нудиме и излет на север на островот во населбата Лопар до познатата Рајска Плажа.

За натпреварувачите  - Прв ден на фестивалот:
СПОРТ (од утрото до 16:30) 

17:00 – свечано отварање на фестивалот.
Натпреварувачка програма од КУЛТУРАТА.

Вечера. Дискотека.

Ноќевање            

3 Ден

(29.05.2020)

Појадок

За туристите членовите на промотивниот излет – опуштање на плажата, покрај базенот или прошетка во стариот дел на градот. Нудиме и излет на север на островот во населбата Лопар до познатата Рајска Плажа
Промотивна обиколка на хотелите на островот Раб.

За учесниците- Втор ден на фестивалот:
СПОРТ (од утрото до 16,30)

КУЛТУРА од натпреварувачката програма од 17:00 часот.

Вечера. Дискотека.

Ноќевање

4 Ден

(30.05.2020)

Појадок

За оние кои сакаат , излет на север на островот до населбата Лопар и познатата Рајска Плажа.

За учесниците – Трет фестивалски ден.
СПОРТ (од  утрото до 16:00)

17:00 – свечано затворање на фестивалот и доделување на наградите

Проштална вечер - вечера, музика, дискотека.

Ноќевање.

  5 Ден

(31.05. 2020)

 

Појадок.


Напуштање на собите и заминување.

Цена на пакетот за учесниците изнесува: 145 евра.

Во цената е вклучено:

  • Сместување во хотелот за 5 дена / 4 ноќи.  H B - 4 појадока + 4 вечери Хотел Интернационал --> http://www.rab-visit.com/en/hotel-international/oid/345
  • Вечера за запознавање и збогување. - Диско / секоја вечер/
  • Регистрациска и туристичка такса
  • Фестивалска такса + награден фонд. Хотелско осигурување

Во цената не е вклучено:

  • Посета на плажата во Лопар
  • Лични трошоци
  • Изборни излети

 

Хотел Интернационал --> http://www.rab-visit.com/en/hotel-international/oid/345

Локација: на самото шеталиште во центарот на средновековниот град Раб, на 5-7 мин од плажа.

Општи информации:прекрасни соби, велнес центар и бар со тераса со прекрасен поглед на заливот.

Сместување: пространите соби се опремени со елегантен намештај, телевизор со сателитска програма, безжичен пристап до интернет, клима-уреди и додатна греалка во купатилата.

 

Линкови од предходните фестивали:

  https://www.youtube.com/watch?v=X98WIzEwj3I

  https://www.youtube.com/watch?v=5z2CCUEGAR4&feature=youtu.be

Сите учесниц на фестивалот се должни да поседуваат осигурување.
Учесниците на  спортските натпревари - медицинско уверение, издадено од лекар. Овие документи му се доставуваат на организаторот пред почетокот на настанот.

 

 

  Цената на превозот во зависност од пријавените учесници.


Слични понуди

Индија - златниот триаголник Гарантирани места!

Индија - златниот триаголник Гарантирани места!

Софија – Истанбул – Делхи – Агра – Таџ Махал – Древната моголска престолнина Фатехпур Сикри – Џајпур – Делхи – Истанбул – Софија   ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА 1.Ден Софија – Истанбул Поаѓање од аеродромот во Софија во 10.05 ч. за Истанбул со лет на авиокомпанијата "Turkish Airlin
Прва пролет во Израел - авионска програма!

Прва пролет во Израел - авионска програма!

Софија –Тел Авив – Јафа – Ерусалим – Витлеем –Јудејска пустина – Тврдината Масада – Мртво Море – Тел Авив – Софија   ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА 1.Ден Софија –Тел Авив – Јафа – Ерусалим Поаѓање во 6.50 часот од аеродромот во Софија за Тел Авив. Пристигнување во Тел Ав
ШПАНИЈА И ПОРТУГАЛИЈА

ШПАНИЈА И ПОРТУГАЛИЈА

ШПАНИЈА И ПОРТУГАЛИЈА  Софија – Малага – Кордоба – Лисабон – Kоимбра – Авеиро – Порто – Фатима – Алгарве – Севилја – Гранада – Малага – Софија   Со оваа екскурзија, ќе го почувствувате огнениот темперамент на Андалузија со својата извонредна мавританска архитекту
НА СКИЈАЊЕ ВО АВСТРИЈА - ИГЛС + СКИ КАРТА

НА СКИЈАЊЕ ВО АВСТРИЈА - ИГЛС + СКИ КАРТА

Локација: Хотелот „Bon Alpina“ се наоѓа во центарот на градчето Иглс, на 300 метри од ски зоната „Patscherkofel“. Пред хотелот има автобуска станица до „Stubai Glacier“. Општи информации: Хотелот поседува рецепција, сеф, ресторан, бар, ски гардеробер, паркинг. Сместување: Собите се опремени со клима, сателитска