logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Велигден во Едипсос, бања на море


Информации за сместувањето

Држава: Грција
Место: Евиа

ВЕЛИГДЕН во ЕДИПСОС на островот ЕВИА
 Бања на море

 

ПРОГРАМА 

1.Ден 16.04.2020. (четврток) СКОПЈЕ – ЕВИА Состанок на групата  во 23:00 часот пред паркингот на хотел „Русија“.  Тргнување од Скопје во 23:30 часот.

2.Ден 17.04.2020 (петок) СКОПЈЕ- ЕВИА Патување преку преминот Богородица низ Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Agiokampos. Продолжување на патувањето за Edipsos. Сместување на групата во хотелот “ИРИНИ СПА“  или во апарт хотелот „Пенелопе“. Краток одмор. Запознавање со местото и можност за користење на изворите со минерална вода во морето, а за гостите на хотелот користење на базенот со минерална вода. Вечера.Посета на централната црква во Едипсос и придружување на литијата во обиколка на Едипсос. Ноќевање.

3.Ден 18.04.2020 (сабота) ЕВИА -  Манастир Св. Давид - ЕДИПСОС Појадок. Факултативна посета на Манастирот Св.Давид, кој е четврти по значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора, Метеорите и манастирот  Свети Јован Руски. Преподобниот Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците после напуштањето на Евиа. Свети Давид, заштитникот на островот Евиа, познат е по своите исцелителски и пророчки способности. Го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображенито, која секојдневно прима голем број на верници од цела Европа. Можност за посета на водопадите на Св. Давид (доколку дозволат временските услови и во согласност со желбата на патниците). Враќање во Едипсос. Можност за користење на плажите со минерални води или хотелскиот базен.Вечера. Посета на централната црква во Едипсос за пречек на Воскресението. Ноќевање

4.Ден 19.04.2020 (недела) ЕДИПСОС -  Св.Никола, Ореи и Агиос Појадок. Можност за користење на плажите со минерална вода или базенот во хотелот.Во пладневните цасови посета на плажата Св. Никола со можност за капење во најчистата вода на Егејското море. Посета на местото Ореи кое е познато по пристаништето за јахти, убавата песочна плажа честите организации на регати со едрилици како и изобилството на свежа риба која се лови од месните жители. Можност за посета на некоја од многубројните таверни на брегот на морето. Потоа тргнување за планинското место Агиос познато по специфичната прослава на Велигден, каде се испуштаат светлечки фенери со хелиум, со интерактивно учество на посетителите кои имат можност да го палат хелиумот во фенерите и да ги пуштаат заедно со другите стотици балони кои го преплавуваат небото. Враќање во Едипсос. Вечера. Ноќевање. 

5.Ден 20.04.2020 (понеделник) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ Појадок Можност за користење на хотелскиот базен или плажите со минерална вода во морето. Напуштање на хотелот.Враќање преку  Agiokampos, со траект до Глифа. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВО ХОТЕЛ „ИРИНИ СПА“ : 139 € (8 600.00 ден.)

За плаќање до 01.03. 129 €  (8 000,00 ден.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВО АПАРТ ХОТЕЛ  „ПЕНЕЛОПЕ“ 109 € (6 800.00 ден.)

За плаќање до 31.03. 99  €  (6 200.00 ден.)                                                                        

Цената на аранжманот опфаќа: 

  • Превоз со современ туристички автобус;
  • Сместување во хотелот, во двокреветни и трокреветни соби, на база три ноќевања  и полупансион (појадок и вечера) или во апарт хотел на база три ноќевања
  • Превоз со траект на релација Глифа – Агокампос
  • Услугите на придружниците на групата и претставниците на агенцијата за време на престојот;
  • Трошоци за организација на патувањето.                                         

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Факултативна посета на Манастирите св.Давид (10 Евра),
  • Излет на плажата Св. Никола, посета на местото Ореи и Велигденска прослава со пуштање на светлечки фенери во Агиос (10 Евра)
  • Патничко осигурување (задолжително)

 

Доплата: 

  • доплата за 1/1 соба е 50% од цената на аранжманот.
  • Деца од 2 – 12 години плаќаат 50% од цената на аранжманот.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. Солвекс Травел.
  •  

Слични понуди

Hotel PARALIO ROOMS - Ореои

Hotel PARALIO ROOMS - Ореои

Локација: Се наоѓа на 20 метри од пристаништето во Ореои. Општи информации: Хотелот поседува рецепција, сеф, паркинг, градина, масажи. Сместување: Собите се опремени со клима, кабловска ТВ, кујна, Wi-Fi, тоалет, тераса.  Услуга: Само ноќевање.     Паралио месец мај јуни јули
Hotel PALATINO - Edipsos

Hotel PALATINO - Edipsos

Локација: Хотелот е централно лоциран во централниот дел на Едипсос, само 10 метри од плажа и на кратко растојание од познатите термални извори. Општи информации: Сите соби се стилски средени со големи балкони кои имаат поглед на море и на самиот град, сателитска ТВ, фрижидер, фен, Wi-Fi, клима уред, туш кабини, централно греење, телефон, сеф.
Hotel LITO - Едипсос

Hotel LITO - Едипсос

Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на Едипсос, на 80 метри од плажата.   Општи информации: Хотелот во својот состав содржи 32 соби, рецепција, ресторан, снек бар, сеф, паркинг.   Сместување: Секоја соба има ТВ, Wi-Fi, клима , телефон, мини-бар, тоалет, фен, тераса.    Услуга: ноќевање со појадок / полупансион.