logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


ВЕЛИГДЕН ВО ДАЛМАЦИЈА


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Велигден

Пополнето

Солвекс ве води во најубавиот дел од Медитеранот. Еве можност да ги посетите бисерите на Јадранот: Омиш, Макарска, Сплит,  Бол на Брач со петдневно уживање покрај водите на прекрасниот Медитеран.

Сместување во хотелот Брзет во Омиш.

Oмиш е карактeристичен Далматински историски Град со препознатлив амбиент за Далмација.

Бурното и богато минато го подарила градот на сливот на реката Цетина како скапоцено културно и споменичко наследство кое традиционално се чува во римските споменици, гусарските тврдини и природните убавини на кањонот на реката Цетина.

Омиш го карактеризира преубавата песочна плажа, единствена на овој дел на Медитеранот.  Целиот град, од Немира, Брзет до Прика, преполн е со преубави вили и уредени станови погодни за одмор и престој.

ПРОГРАМА

1 ден 01.05.2024 (среда) Скопје – Омиш

Тргнување од Скопје во 20:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“. Патување преку Косово, Албанија и Црна Гора со повремени застанувања за одмор.

2 ден 02.05.2024 (четврток) Омиш

Во предпладневните часови пристигнување во Омиш. Сместување на групата во хотелот „ Брзет“. Краток одмор. Слободно време –  релаксација на прекрасната плажа на комплексот Брзет. Прошетка по крајбрежното шеталиште до центарот на Омиш. Разгледување на центарот и стариот дел  на градот. Враќање во хотелот.
Вечера. Ноќевање.

3 ден 03.05.2024 (петок) Омиш - Радманови Млинови

Појадок. Слободно време на плажата на комплексот Брзет или на Големата плажа на Омиш (единствена толку голема песковита плажа во овој дел на Далмација) можете да ја посетите и гусарската тврдина над Омиш. Можност за факултативна посета на атрактивните Радманови Млинови. (Од Омиш се оди со мали бродчиња по течението на реката Цетиња до Старата Воденица, каде гусарите со своите мали бродчиња се криеле од венецијанските галии. Тука гостите можат да се насладуваат со далматинска пршута, сирење и маслинки Враќање во хотелот.
Вечера. Ноќевање.

4 ден 04.05.2024 (сабота) Омиш – Брач

Појадок. Слободно време за релаксација на плажата.
Факултативна посета на Островот Брач со рибен пикник. Кружно крстарење околу Островот Брач. Посета на прекрасното градче Бол на Брач со посета на знаменитата куќа  Куча у кучи и една од најубавите плажи во светот по сите туристички истражувања Златен Рат. На враќање при пловењето кон Омиш богат ручек( со риба и скара ) на бродот. Враќање во хотелот.
Вечера. Ноќевање.

5 ден 05.05.2024 (недела) Омиш – Сплит

Појадок. Факултативна посета на Сплит. Присуство на Утринската Велигденска Литургија во православниот храм во Сплит. Разгледување на Диоклицијановата Палата и Стариот дел на Сплит. Искачување  на ридот Марјан од каде се пружа прекрасна гледка на целиот град и морската ширина.На враќање од Марјан можност да се ужива во прекрасните кафетерии под палмите на Сплитската Рива. Тргнување за Омиш. Вечера. Ноќевање.

6 ден 06.05.2024 (понеделник)

Појадок. Околу 10 часот напуштање на собите во хотелот и тргнување за Макарска.Разгледување на светилиштето Веприц  каде ке можете да наполните света водичка. Пристигнивање во Историскиот дел на градот . Разгледување на Стариот Град со сите знаменитости како Плоштадот и црквата на Св.Марко, Фрањевачкиот Манастир (со најголемиот музеј на школки), Макарскиот Музеј и посета на Ривата со познатата слаткарница и нејзината светски позната торта Макарана. Потоа тргнување за Македонија со попатни застанувања за одмор. Пристигнување во Скопје некаде околу полноќ.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 220€

Доплата: доплата за 1/1 соба е 30% од цената на аранжманот

Цената на аранжманот опфаќа:

  • Превоз со современ туристички автобус
  • Сместување во хотелот Брзет во Омиш во двокреветни и трокреветни соби, на база четири полупансиони: појадок/buffet , вечера по мени (предходната вечер се избира едно од трите понудени јадења)
  • Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот
  • Трошоци за организација на патувањето траектите и такси.

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Факултативна посета на Радманови Млинови 15€
  • Факултативна посета на Сплит 15€
  • Крстарење со брод околу Брач со посета на Бол и Плажата Златен Р“т со ручек на бродот 45€
  • Патничко осигурување
  • Влезници за музеите

За остварување на турата потребни се минимум 39 пријавени патници.

За остварување на Крстарењето околу Брач потребни се минимум 30 пријавени патници.

Агенцијата го задржува правото за промена на времето на изведување на екскурзиите, доколку времените услови се неповолни.

За сето останато важат Општите услови на патување на ТА Солвекс и СКТМ


Слични понуди

Рим

Рим

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања  01.мај (среда) СКОПЈЕ - РИМ   Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:55 часот. Лет за Рим W6 4757 во 18:55ч. Пристигнување во Рим во 20:40 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.    02.мај (четврток)  РИМ (Панорамски разглед) Појадок. Пан
Тоскана и Чинкве Тере 29.04.2024.

Тоскана и Чинкве Тере 29.04.2024.

ТОСКАНА И ЧИНКВЕ ТЕРЕ ● ФИРЕНЦА ● ЛА СПЕЦИЈА и ЧИНКВЕ ТЕРЕ ● СИЕНА и САН ЏИМИЊАНО ● ПИЗА и ЛУКА ● 5 дена (4 ноќевања со појадок во хотел од категорија 4*) - со авион Поаѓање: 29 април (враќање: 3 мај 2024 година)   Тоскана според многумина е најубавиот регион на Апенинскиот полуостров поради своите 120 заштитени подрачја од бајковита прир
Париз

Париз

Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен...
Сицилија 15.04.2024

Сицилија 15.04.2024

ТАОРМИНА – ЕТНА – НОТО – СИРАКУЗА – САВОКА и ФОРЦА ДАГРО 5 дена (4 ноќевања со појадок, сместување во хотел од категорија 4*) - со авион Поаѓање: 15 април (Враќање: 19 април 2024 година) Сицилија, најголемиот остров на Медитеранот, е уникатно место кое се карактеризира со специфична култура, традиција и начин на живот. Ра