logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Одмор во Италија, Сицилија - хотел Avalon Sikani 4 * zvezdazvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Италија
Место: Сицилија

СОФИЈА - КАТАНИЈА - ЏОЈОСА МАРЕА - МЕСИНА - ТИНДАРИ - ПАЛЕРМО - МОНРЕАЛЕ - ЕТНА - ТАОРМИНА - ЛИПАРИ - ВУЛКАНО - КАСТЕЛБУОНО - ЧЕФАЛУ - САНТО СТЕФАНО ДИ КАМАСТРА - ЏОЈОСА МАРЕА - КАТАНИЈА - СОФИЈА 

8 ДЕНА / 7 НОЌИ

 

ПРОГРАМА:

ДЕН 1. СОФИЈА - КАТАНИЈА - ЏОЈОСА МАРЕА

Полетување од Терминал 1 на аеродромот во Софија со директен лет на авиокомпанија "Wizz Аir" во 14:00 ч. Слетување на аеродромот во Катанија во 14:50 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 2. МЕСИНА - ТИНДАРИ

Појадок. Информативна средба со нашиот претставник во хотелот. Ручек. Вечера. Ноќевање.

По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Месина и Тиндари.

Посета на историскиот центар Месина, плоштадот и катедралата, која може да се пофали со најголемиот и најсложениот механички астрономски часовник во светот. Тој придвижува сложена композиција од позлатени бронзени фигури на фасадата на саат кулата точно во 12 часот на пладне. Прошетка до панорамската тераса меѓу храмот "Христос Пантократор" и параклисот на Монтале, каде што има неверојатен поглед на Месина.

Екскурзијата продолжува кон Тиндари. Уште по пристигнувањето на плоштадот ќе можете да уживате во глетката кон резерватот "Езерата Маринело" и Еолијските острови. Потоа можете да го посетите Храмот на Црната Мадона со локален водич , каде се наоѓа легендарната скулптура на Божјата мајка, пренесена од Византија. За љубопитните, може да се разгледа и археолошкиот комплекс на Тиндари и да се посети грчкиот театар, римските терми и добро сочуваните остатоци од старогрчката колонија. Во слободното време можете да вкусите различните производи од бадеми и да си купите традиционални сувенири.

* Влезница за археолошкиот комплекс во Тиндари: околу 4 евра.

 

ДЕН 3.  ПАЛЕРМО - МОНРЕАЛЕ

Појадок. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Палермо и Монреале. 

Палермо - главниот град на Сицилија, е најбогатиот историски и уметнички град на островот. Посетата започнува со панорамски разглед со автобус и продолжува со пешачка тура до раздвижениот пазар "Баларо", кој изобилува со свежа риба, зеленчук од локално производство и квалитетни сирења. Овде имате можност да пробате типични традиционални јадења од Палермо како "панел" (Panelle) - Расукана тенка кора паста од наут / грав, пржена и послужена како пица. Прошетката продолжува во стариот дел на градот: театар "Политеама", една од главните улици "Руџеро Сетимо" и театарот "Масимо", импресивната катедрала на Палермо, улицата "Виторио Емануел", плоштадот "Независност", норманскиот кралски дворец. Екскурзијата продолжува кон град Монреале, кој е лоциран на рид од кој се открива прекрасен поглед кон Палермо. Посета на познатата катедрала "Санта Марија Нуова", која ќе ве импресионира со позлатени мозаици, кои претставуваат сцени од Библијата на површина од околу 6.000 м2. Слободно време за прошетка низ уличките и чудесните дуќанчиња на Монреале. Можност за самостојно разгледување на 228-те колони од стариот бенедиктински манастир на кои се изгравирани религиозни и митолошки мотиви.

 

ДЕН 4. ЕТНА - ТАОРМИНА

Појадок. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Етна и Таормина.

Поаѓање од хотелот кон највисокиот вулкан во Европа и еден од најактивните вулкани во светот - величествената Етна. Локалците ја нарекуваат планината на планините, а старогрчкиот поет Пиндар ја опишува како столб на кој се крепи небото. За време на искачувањето со автобус на падините на вулканот до 1900 метри надморска висина ќе уживате во прекрасни пејсажи. Ова е местото каде што ќе ги видите страничните кратери на вулканот. Местото каде автобусот ја остава групата, е многу раздвижено и нуди различни можности за забава. Бројните дуќанчиња со своите сувенири од лава ги повикуваат туристите. Овде ќе можете да пробате ароматен и силно алкохолен ликер "Огнот на Етна" или да купите од вкусниот мед од Ѕаферана, можете да се забавувате во 7D-кино, да ги "истражите" страничните кратери "Силвестри" и се разбира, да уживате во сицилијански ручек. Тука се наоѓа станицата "Сапинеца", каде со доплата љубителите на адреналин можат да се искачат со жичница и џипови до подножјето на централните кратери на вулканот (доплата дополнително на место: 63 EUR за возрасен / 43 EUR за дете) .

Попладне поаѓање за Таормина - бисерот на Јонското Море. Познатото сицилијанско одморалиште е основано во 400 година пр. Хр. на ридот над морето од бегалци од крајбрежниот грчки град Наксос. Искучителната положба на Таормина е причина за прекрасната панорама, од каде што се гледа секоја точка на градот. Автобусот ја остава групата во подножјето на градот, од каде со бесплатен градски автобус се пристигнува до срцето на градот. Слободно време за индивидуална прошетка во Таормина. Градот привлекува со своите знаменитости, кои сведочат за неговата долга историја и нуди различни можности за забава. Овде ќе можете да се запознаете со знаменитостите на Таормина - фантастичниот грчки театар, остатоците од римскиот Одеон, плоштад "9 април", плоштадот "Дуомо" со катедралата и Фонтана со кентаур, да се прошетате низ малите романтични улички на градот, да ги видите мноштвото продавници, во кои ќе најдете традиционални за островот дела - рачно изработена чипка, накит од корал, керамика, да уживате во исклучителниот вкус на домашни колачи и омилениот италијански сладолед или да уживате во некое од прекрасните кафулиња каде служат ароматно италијанско кафе.

 

ДЕН 5. ЛИПАРИ - ВУЛКАНО

Појадок. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија "Мистиката на Еолијските Острови - Липари и Вулкано", со вклучена влезница за островите.

Поаѓање од хотелот за прекрасниот пристанишен град Милацо. Пловење со туристичко бродче околу р’т Милацо за да се стигне до најголемиот од Еолијските острови и прва станица од екскурзијата - Липари. Слободното време во главниот град Липари е доволно за разгледување на стариот дел од градот, да се посети археолошкиот парк или да се препуштите во релаксирачки шопинг.

Поаѓање за остров Вулкано - островот на кој се собрани четири активни вулкани на површина од 21 км2. По патот низ овој митолошки регион се разгледуваат интересни формации - "Фаралиони", "Карпата на Папата Јован", "Пештерата на ангелите" и "Препреката на мумијата". Понатаму се појавуваат "Базенот на Венера", "Пештерата на коњот" и "Лавовската карпа". За време на престојот на остров Вулкано, туристите можат да изберат помеѓу блаженството на топли минерални бањи, одмор на прекрасната плажа со црн песок или ручек во локален ресторан. По заминувањето назад кон Милацо се поминува покрај волшебната Карпа на малата сирена. Враќање на пристаништето во Милацо и трансфер до хотелот.

 

ДЕН 6.  КАСТЕЛБУОНО - ЧЕФАЛУ - САНТО СТЕФАНО ДИ КАМАСТРА 

Појадок. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија "Традиција и историја со вкус на Сицилија" - две екскурзии во една.

Кастелбуоно - типично средновековно гратче, сместено на падините на природниот парк "Мадоние". Пешачка прошетка низ уличките на Кастелбуоно, каде се гледа црквата "Св. Ана ", патрон на градот, како и кулата со часовникот, сместена до црквата" Матриче Векија ". По прошетката можност за дегустација на локални сицилијански производи во позната слаткарница: панетоне (традиционален десерт сличен на козуњак) и ароматични ликери "Rosolio". Заминување за Чефалу - рибарско гратче и еден од главните туристички центри во Северна Сицилија. Пешачка тура со посета на римските терми и норманската катедрала, изградена во 12 в., во која се зачувани византиски мозаици. Арапско-норманската архитектура во Сицилија е дел од Светското наследство на УНЕСКО.

На враќање се застанува во Санто Стефано ди Камастра – мало гратче, познато по производство на производи од керамика, кои можат да се купат во многубројните дуќанчиња во центарот.

 

ДЕН 7.

Појадок. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија "На шопинг во Sicilia Outlet Village".

Трговскиот комплекс "Sicilia Outlet Village" е проект, со таргет група корисници на брендирани производи. Се простира на површина од 30 000 м2 и има повеќе од 140 продавници на најдобрите италијански и меѓународни брендови. Во различни периоди од годината се прават попусти до 70%. Овој трговски центар за забава и модни доживувања е лоциран во центарот на Сицилија, во близина на Катанија и е првиот од ваков тип на островот, каде што се собрани на едно место луксузните италијански брендови. Сицилијанците и останатите посетители ги привлекува висококвалитетната понуда на прифатливи цени.

 

ДЕН 8.  ЏОЈОСА МАРЕА - КАТАНИЈА - СОФИЈА 

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување за Катанија - прошетка во центарот на градот (вклучена во цената). Трансфер до аеродромот. Поаѓање за Бугарија во 15:25 ч. Пристигнување на аеродромот во Софија во 18:05 ч.

 

Тип на сместување 04.06. 11.06. 18.06. 25.06. 02.07. 09.07. 16.07. 27.08. 03.09. 10.09. 17.09. 24.09.
двокреветна супериор соба (see view) 579 589 589 595 599 609 609 609 599 595 589 579
еднокреветна супериор соба (see view) 895 899 905 909 915 925 925 925 915 909 905 895
доплата за 1 возрасен 550 557 561 565 573 579 579 579 573 565 561 550
доплата за 1во дете (6-11 г.) 433 437 443 445 453 461 461 461 453 445 443 433


*Цена по лице.

 

 Хотел "AVALON SIKANI" 4 *
Џојоса Мареа

 Локација: Хотел "Аvalon Sikani" 4 * е лоциран на живописен рид во ресорт Џојоса Мареа, во провинцијата Месина, благодарение на кое нуди прекрасна панорама на Тиренско Море и Еолијските острови. Локацијата му го прави идеален за запознавање со убавините на Сицилија. Центарот на одморалиштето Џојоса Мареа е на само 1,6 км - околу 30 мин. пеш по панорамски пат. Оттаму можат да се фатат удобни и брзи возови во текот на целиот ден до градот Месина (74 км) и до главниот град на Сицилија Палермо (на 157 км).

 Општи информации: Хотелот е проектиран од познатата дизајнерска куќа "Ателје Мендини" и нуди на своите гости високо квалитетни услуги и одлични услови за пријатен одмор и релаксација. Хотелот претставува комплекс од главна зграда со рецепција и ресторан и две згради со соби за сместување. Хотелот располага со базен за деца и возрасни со бар покрај базенот и панорамски поглед на Еолијските острови. За комплетен одмор гостите можат да уживаат во велнес центар, сончева тераса со поглед кон морето, фитнес центар. Од хотелот можат да се изнајмат автомобили, моторни чамци, планински велосипеди, опрема за нуркање. Достапни се и часови по нуркање, пловење/јахтинг/ и параглајдинг.

 Ресторан: Ресторан "La Sciara" нуди разновидност од сицилијански специјалитети и јадења од меѓународната кујна на позадината на прекрасната панорама на Тиренско Море. Сервисот е на шведска маса. Појадокот се состои од кроасани, колачи, јајца, сирење / кашкавал, шунка. За ручек и вечера се нуди избор од зеленчук, предјадења, паста, месни и рибни јадења, овошје, десерти. Во зависност од обемот на хотелот шведска маса може да биде заменета со услуга по мени.

Сместување: Сите соби за сместување по програмата се тип "супериор" со површина од околу 30-40 м2 и со фасцинантен поглед кон морето. Собите имаат модерен дизајн и се украсени во светли тонови. Собите се модерно уредени и нудат комфорен одмор: клима со индивидуално прилагодување, Хипоалергично постелнина, висококвалитетно постелнина, перници "Deluxe", телевизор, минибар (со доплата), сеф, фен, хигиенски материјали, телефон, електронска брава , тераса со прекрасен морски поглед.

Плажа: Хотелот располага со сопствена плажа со кристално чиста и плажи со крупен песок. Плажата се наоѓа на околу 4 км. северно од хотелот до каде се стигнува со бесплатен превоз, кој е организиран од хотелот. Опремена е со бесплатни чадори и лежалки и со бар-пицерија. Гостите имаат можност да уживаат и во слободна зона.

 

*ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

-Авионски билет за директен лет Софија - Катанија - Софија на авиокомпанија "Wizz air" со вклучени аеродромски такси.

-Чекиран багаж 23 кг. и рачен багаж 10 кг. (56x45x25 см.) во авионот.

-Трансфер аеродром - хотел - аеродром.

-7 ноќевања со појадок, ручек и вечера на шведска маса со вклучени 1/4 л. вино и 1/2 л. вода .

-Пешачки разглед во Катанија.

-Една традиционална Сицилијанска вечера.

-Чадори и лежалки на плажа и покрај базенот.

-Користење на фитнес центарот во хотелот.

-Транспорт од /до плажа.

-Анимација.

-Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Kроација осигурување".

-Асистенција за време на целиот престој.

 

*ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Туристичка такса (ако има таква): доплата на рецепција и се определува еднострано од локалната општинска администрација. Во моментот таква такса не е објавена.

-Влезници за музеи, објекти и манифестации за време на екскурзиите и други, кои се посетуваат по желба.

-Градски транспорт.

-Трошоци од личен карактер.

-Бебешко креветче: 10 еур. на ден (по претходна најава, се плаќа на лице место на рецепцијата на хотелот). 

-За лица над 69 години се додава доплата за осигурителна премија. 

-Трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје (при минимум 6 души).

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ:

 

Целодневна екскурзија до Етна и Таормина на бугарски јазик при минимум 20 туристи
од 12 г.
68
од 2 г. до 11 г.
34
Целодневна екскурзија до Палермо и Монреале на бугарски јазик при минимум 20 туристи
од 12 г.
60
од 2 г. до 11 г.
30
Целодневна екскурзија "Традиција и историја со вкус на Сицилија" - две екскурзии во една на бугарски јазик при минимум 20 туристи
од 12 г.
64
од 2 г. до 11 г.
32
Целодневна екскурзија "Mистиката на Еолијските острови - Липари и Вулкано" на бугарски јазик при минимум 20 туристи (со вклучена влезница за островите)
од 12 г.
46
од 2 г. до 11 г.
23
Целодневна екскурзија до Месина и Тиндари на бугарски јазик при минимум 20 туристи
од 12 г.
36
од 2 г. до 11 г.
18
Целодневна екскурзија "На шопинг во Sicilia Outlet Village" на бугарски јазик при минимум 20 туристи
STOP SALE: 04.06.2017
од 12 г.
30
од 2 г. до 11 г.
15
Пакет од 3 екскурзии: Етна и Таормина; Палермо и Монреале; "Традиција и историја со вкус на Сицилија" - две екскурзии во една
од 12 г.
180
од 2 г. до 11 г.
90
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** По пристигнување + трансфер аеродром - хотел (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
 
16
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** По пристигнување + трансфер аеродром - хотел (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
 
28
Трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје (при минимум 6 души)

 

 

-Деца под 2 години, без да користат седиште во авионот и кревет, плаќаат само такса за летот во износ од 52 евро. Деца од 2 до 5,99 години, без да користат кревет, плаќаат 246 евро.
 
-Начин на плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
 
-Услови за отказ: до 31 ден - 35% од основната цена; од 30 до денот на заминување - 100% од вкупната цена.
 
-Организаторот го задржува правото да ги менува цените, правците и распоредот или да помести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
 
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
 
 
 
-Патувањето се спроведува при минимум 40 пријавени туристи.