logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Египет >> Шарм Ел Шеик

Египет - Шарм Ел Шеик

  

Едноставно сонце, море и песок. Луксузни хотели со 5*, водни спортови, забава и шопинг. Така би го опишале Шарм ел Шеик, еден од најлесно пристапните и најразвиените туристички ресорти на целиот остров. Насекаде ќе срретнете бедуини, ќе гледате куќички во различни бои, планини и секако морето. Постојат мали поинтимни хотели модерно дизајнирани исто како и големи хотелски комлекси кои се дел од светските синџири  на хотели. Опремени се со се што е потребно според високи стандарди и потребите на туристите како што му доликува на еден туристички центар. Има казина, дискотеки, ноќни барови, терени за голф, здравсетвени центри, центри за убавина и сл.  Всушност кога се има така голем избор на активности, тргнувајќи од водни спортови , нуркање , сурфање, па се до испитување на она традиционалното како јавање коњ или камила, пустинско сафари, невозможно е некој турист да се досадува.

Еден дел од градот се наоѓа на рид, и претставува вистинска атракција која нуди прекрасен поглед. Центар  на туристичките збиднувања е плажата На'ами. Лоцирана на север од Шарм овааа област се развива како посебен туристички ресорт. Повеќето хотели на оваа плажа имаат свои приватни помали плажи и се добро опремени со лежалки столчиња и сл.

Малото пристаниште познато како Шарм ел Моја, е место каде се чуваат бродовите а тука има и посебен јахта клуб.

За оние кои обожаваат да купуваат Шарм ел Шеик трговскиот нуди и домашни и увезени производи, вклучувајќи накит, грнчарски производи, кожа, облека и книги.

Велат дека за љубителите на нуркањето ова е вистинското место, бидејќи тука има плажата долга 10 милји нуди пекрасни места за нуркање.

Дозволете си незаборавни мигови со Шарм ел Шеик.