logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Бугарија >> Банкија

Бугарија - Банкија

БАНКИЈА - Светски познато одморалиште, кое се наоѓа во прекрасна долина во зеленото подножјето на планината Љулин, 17 километри од Софија, на надморска височина од 630-640 метри.
Градот е познат уште од старите времиња - за време на археолошките ископувања во регионот, пред многу години се пронајдени остатоци на цркви, керамика и монети кои датираат од римско време. 
Климата е умерено континентална. Летото е свежо, есента топло и сончево и умерено студена зима. Овие климатски услови се погодни и за целогодишен спа третман, како и за зајакнување на организмот.
Постојат бројни хотели, меани и ресторани, каде што посетителите ќе ја почувствуваат топлината на локалното гостопримство. Само една прошетка воградскиот парк може да ги освежи сите.
Посетителите можат да ја користат топлата минерална вода од локалните извори со докажани лековити  својства.
Банкија е домаќин на голем број културни настани како што се: "Меѓународниот џез-фестивал Банкија", Меѓународниот фестивал на детската песна "Девојка од милион чуда" - се одржува секоја година помеѓу 16- 18 јули, каде има посетеност на деца од  Романија, Србија, Црна Гора, Македонија, Грузија..
Секоја година градот е домаќин на традиционалната прослава во чест на минерална вода и долг живот "Goreshlyatsi". Водата е позната по тоа дека квалитетот на водата е најдобар во текот на најжешките денови од годината, 15, 16 и 17 јули. Тие се прифатени како празник на градот.

 



1