logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Грција >> Евиа - Апартмани

Грција - Евиа - Апартмани

Евиа, второто по големина острово во Грција или трето на источниот Медитеран, се наоѓа на одалеченост од околу 490 км од Скопје. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја чинат Евиа една од најпопуларните дестинации помеќу домашното население. Главниот град на островото е Халкида, која во минатото била еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција. Ова острово е богато со археолошки наоѓалишта, манастири, традиционални села, како и повеќе хотелски комплекси. Со своите туристички содржини, нуди различни можности за богат одмор и забава. Нејпопуларни туристички места на островото се градчињата Пефки, Лимни и Едипсос.

Градчето Пефки, е мало рибарско место лоцирано на северниот брег од островото Евиа. Неговата местоположба, збогатена со поглед кон планинскиот масив Пилион и познатото острово Скиатос, дополнително му ја збогатува неговата туристичка атрактивност. Пефки е карактеристично и по долгата и широка песочна плажа со крупен песок, која се простира на околу четири километри должина покрај самото место. Дополнителна убавина на градската плажа и ја овозможува кристално чистата вода на синото и мирно море. Пефки има и сопствено мало пристаниште, на кое се усидрени неколкуте рибарски и туристички бродчиња. Шеталиштето покрај москиот брег, дополнително го збогатуваат повеќето рибни ресторани, кафулиња и барови. Локалниот пазар е секогаш снабден со свежо овошје, зеленчук и риба од блиското море. Гостопримливите домаќини, најдобро го надополнуваат видливиот шарм на целото место, синилото на морската шир и релаксираната атмосвера за време на престојот, која бездруго ќе ве потсетува да му се вратите повторно.


ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:

Скиатос е оддалечен од Пефки, на само час и половина пловење со брод. Токму затоа и би било права штета, доколку не се искористи неповторливата можност да се посети еден од најпознатите острови од групата Споради. За многумина негови посетители, еден од најубавите сотрови на Егејското море,  нуди можност - во еднодневен излет, да се запознаете со сите негови природни и туристички карактеристики поради кои се вбројува во групата на "единствени". Познатата плажа "Кукунаријес" со прекрасната околина и понуда, мноштвото куќички со стара архитектура, црквичките, прекрасните плажи... се само дел од неповторливите панорами на Скиатос. Но и останатите острови од Спорадите, како Скопелос и Алонисос нема да ве остават помалку рамнодушни. Едноставно, богатство од природни убавини и реткости на еден релативно мал простор, ќе чекаат на Вас, да бидат откриени. - А близината на Пефки, ви го овозможува токму тоа!? Дури и Атина, која е на само 80 км оддалеченост, не е недостапна за евентуален еднодневен излет преку локалните туристички агенции. Доволно ќе биде само вашата желба, за да го направите тоа. Додека сте на Евиа, пред Вас се мноштвото места кои заслужуваат ваше внимание и евентуална посета. Тука е на пример, плажата Аликес во селото Друзија, оддалечена на само 10 км од главниот град, па плажата Елиники со прекрасното островче на кое се наоќа црквата Св.Никола, па плажата Василики со крупен песок и чисто море, па вулканските острови Лихадес кои се наочаат на југо-запад од Евиа до колонијата на делфините и фоките кои тука го пронашле својот природен мир... и многу, многу други места налик на нив. Освен заштитникот на островото Св.Давид Евиски, посебно место завзема и манастирот кој ги чува моштите на Св.Јован Рус, за кој се верува дека е чудотворц, и чива рака се чува во манастирот Св. Пантелејмон на Света Гора.



 



ПОНУДИ Грција - Евиа - Апартмани - Резултати од пребарувањето

1