logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Грција >> Закинтос - Апартмани

Грција - Закинтос - Апартмани

Најјужниот од јонските острови, последните години веројатно е еден и од најпосетените грчки острови од страна на македонските туристи. Неговите убавини веќе не се тајна за вљубениците во морето, природата и добрата забава. Надалеку познат по убавите и чисти песочни плажи, идилични и скриени заливи, прекрасни туристички места со богата и разновидна понуда. Долж бреговите се простираат овошни плантажи, виногради и насади под маслинки, кои остовот го карактеризираат како богат со прекрасна флора надополнета со преку 7500 видови на цвекиња. Неговиот рељеф на исток се карактеризира со благи падини, кои се спуштаат кон морето и песочните плажи, а на западната страна завршува со камени и високи карпи надвиснати над морето. Островото Закинтос, иако ориентирано кон развиениот туризам, сепак ја задржало еколошката заштита на сопствената природа. Во негова непосредна близина се наоѓаат и помали островчиња меѓу кои и на далеку познатото Маратониси или островото на желките. Имено на ова мало островче скриено од допирот на цивилизацијата, сеуште доаѓаат голем број на морски желки од загрозениот вид – “Карета”, кои тука во песокта на неговите плажи ги полагаат своите јајца од кои подоцна се излегуваат нивните мали желки. Главен град на островото е Занте, кој претставува и главно пристаниште на островото. Неговото население (преку 40.000 жители) му дало белег низ неговата долгогодишна историја, како град кој се карактеризира со исклучително богат и специфичен колорит. Влијанието на другите култури низ неговата историја, придонеле и денес да се разликува по својата специфична архитектура, особено присутна низ објектите во главниот град. И покрај големиот земјотрес во 1953 година, Занте е целосно обновен со голема посветеност токму на неговото население. Денес е вистински медитерански бисер и еден од најактуелните грчки острови во јонскиот архипелаг.

ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:

Плажата Navagio е една од најубавите плажи на островото Закинтос. Самата плажа воедно е и една од петте најфотографирани плажи во цела Грција. Се наоѓа на западниот дел од островото и до неа е можно да се дојде само со чамец или со брод. Во нејзина непосредна близина се наоѓа селцето Анафотириа. Водата околу плажата е кристално чиста и специфична по нејзината тиркизна боја. Песокот е бел, составен од неколку зрнести облици и величини на ситни каменчиња. Плажата секојдневно се посетува од мноштво туристички бродови и чамци, кои до нејзе носат илјадници туристи – гости на островото. Многумина од туристите оваа плажа ја сметаат за задолжителна дестинација при посета на овој познат остров. Островото Marathonisi кое и по свјот облик наликува на желка, можете да го посетите доаѓајќи од страната на градчето Лаганас или пак преку езерото Кери, со изнајмен чамец или туристички бродче. Надалеку познато по желките од видот Caretta Caretta кои тука ги полагаат своите јајца, уште оддамна го добива епитетот – острово на желките. Неговата еколошка чистота и не постоењето на никакви градби, овозможува вистински пријатни мигови на допир со чистата природа, уживакќи во свежиот воздух, топлата медитеранска клима и прекрасните пејсажи. Плажата Kalamaki се наоѓа на јужниот дел од островото на оддалеченост од околу 7 километри од градот Занте. Песокот на оваа плажа е преубав но и тука морате да бидете внимателни бидејќи желките и тука доаѓаат да ги полагаат своите јајца. И оваа плажа претставува дел од националниот парк. Импресивните камени карпти кои се издигнуваат над оваа плажа ја прават уште поспецифична. На самата плажа постојат неколку барови, како и пропратни објекти за туристите – капачи. Автобускиот превоз има своја станица во близина на истата. Од спортските активности е можно само изнајмување на чамци – педалини. Плажите на Zakinthos се неговата најпозната карактеристика. Посетата на нив, е всушност и вашата најголема активност која можете да си ја дозволите додека престојувате на него. Секоја специфична по својата убавина и природни карактеристики, заслужува да биде дел од вашиот прстој на Закинтос. Дали ќе ги минете вашите денови на плажите: Agios Nikolaos , Аlikes, Banana beach, Dafni, Drosia, Pahia Ammos beach, Kaminia, Keri, Koula, Gerakas, Limnionas beach, Makris Gialos, Marathia, Porto Zero, Porto Roma, Porto Vromi, Tsilivi, Spianza, Stenitis, Xygia или едноставно ќе останете пасивни уживајќи во убавините на местата Argassi I Laganas, во кои оваа сезона го обезбедивме вашето сместување.



1