logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Црна Гора >> Тиват

Црна Гора - Тиват

ТИВАТ - Се наоѓа во централниот дел на Которскиот залив, под ловченскиот рид "Врмац",  кој се протега во северно-источниот дел на градот. На југ се шири во областа на кој аеродром, nа западната страна e полуостровот "Луштица", покриен со маслинки. Географските и климатските услови и убавината на природата го класифицираат Тиват во многу атрактивно туристичко место.
Чисто море, благ воздух, вечна зелена вегетација: маслинови дрва, кипариси, палми, ловор, мирта, лимон, портокал и други тропски растенија.
Во Тиват во текот на целата годината има прекрасни цвеќиња: олеандер, мимози, камелија, рози, зумбули; во пресрет на пролетта се развиваат и бадеми.
Градскиот парк во Тиват е еден од најголемите и најубавите во Заливот со различни дрвја кои морнарите ги донеле од различни делови на светот. Екскурзии, спортски, забавно фолклорни и други изведби го дополнунуваат пријатниот престој.
Археолошките наоди укажуваат на тоа дека оваа област била населена во праисторијата, на местото на денешен Тиват има старо-грчки и римски населби.
Денес Тиват е модерна туристичка дестинација, посетена од туристи во текот на целата годината. Една од најголемите атракции на овој град е "Порто Монтенегро Марина", во која нивните јахти ги управуваат многу светски познати личности.
 

 



1