logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Малта

Малта

ОСТРОВОТ МАЛТА -  Се наоѓа во центарот на Медитеранот, 93 километри  јужно од Сицилија, и на 300 километри северно од Либија. Архипелагот го сочинуваат Малта, Гозо, Комино и Коминото. Мал ненаселен остров Филфа исто така е дел од Малта островите. Сите острови прават површина од 316 квадратни километри.
Островот Гозо: Овој остров е третина од големината на Малта, меѓутоа порурален и со повеќе зеленило. Тука Пејсажот го чинат ридчиња и долини што дава чувство на сигурност дека ништо нема да им се случи на малите пристаништа.Животот тука како да поминува побавно и најчести дејности се земјоделие и риболов.
Островот Комино: На овој остров најчесто е нуркањето, пливањето, сурфање и едноставно уживање на топлото сонце. Водите се кристално чисти и безбедни дури и за нјамладите. Познатата Плава Лагуна не само што е одлична з апливање, туку е и прекрасна глетка на Овие острови.
Сонце во текот на целата година и кристално чистите води овозможуваат еден навистина незаборавен одмор. Островите нудат бројни културно-уметнички и природни богатства, кои се дотапни било каде и да се сместите.
Прекрасна архитектура и археолошкото наследство во Малта сведочат за 6000 години постоење на една цивилизација.Без разлика дали сакате релаксација, мир или пак трагате по авантура Малта го нуди сето тоа. Во текот  на целата година се одржуваат разни културни манифестации и настани.  За спортистите Малта нуди голф, тенис, јавање коњи и секако неограничени можности за водни спортови.