logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Атина


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: 8ми Март

07.март (четврток)        СКОПЈЕ - АТИНА  
Состанок на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

08.март (петок)          АТИНА  
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Вечерта, можност за  факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

09.март (сабота)           АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ 
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во доцните попладневни часови. Враќање во Атина. Ноќевање. 

10.март (недела)      АТИНА - ДЕЛФИ - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од Атина кон археолошкиот локалитет Делфи во подножјето на планината Парнас. Патувањето води преку древната Теба, кон едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Грција. Посета на познатиот археолошки локалитет Делфи (античко светилиште на богот Аполон) и локалниот музеј. Според митологијата, свештеничките ”Питии” тука им ја претскажувале иднината на античките кралеви и намерници. Во попладневните часови патот продолжува покрај Термопилите со попатна посета на споменикот на Спартанците од битката со Персија. Дневно и ноќно возење покрај Тесалија и планината Олимп, со попатни одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински  часови.

Цена на аранжманот во претпродажба: 139 € (8.618,00 мкд)
Цена на аранжманот: 159 € (9.858,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса 1,5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
- Влезници за Акропол (од 10-16 €)
- Влезници за Микена и Епидаурус (12 €)
- Факултативна вечера во национален ресторан (40 €)
- Факултативен разглед на Пелопонез и Арголида (45 €)
- Дополнителни влезници за музеи и културно-историски споменици
- Патничко здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба (45 €) 

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
- Цената е изразена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и СОЛВЕКС ТРАВЕЛ


Слични понуди

Тиват

Тиват

07.март (четврток) СКОПЈЕ – ТИВАТСостанок на групата на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 23:00ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.08.март (петок) КОТОР - ТИВАТ Пристигнување во Котор во претпладневните часови, разглед на гра
Париз

Париз

Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен...
ВЕЛИГДЕН ВО ДАЛМАЦИЈА

ВЕЛИГДЕН ВО ДАЛМАЦИЈА

Пополнето Солвекс ве води во најубавиот дел од Медитеранот. Еве можност да ги посетите бисерите на Јадранот: Омиш, Макарска, Сплит,  Бол на Брач со петдневно уживање покрај водите на прекрасниот Медитеран. Сместување во хотелот Брзет во Омиш. Oмиш е карактeристичен Далматински историски Град со препознатлив амбиент за Далмација. Бурното и