logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Албанија >> Ксамил

Албанија - Ксамил

 

КСАМИЛ - Мало туристичко место во  во Јужна Албанија и е дел од Бутринити националниот парк. Карактеристични се прекрасните егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија.
Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите на кои се наоѓаат прекрасни ресторани со свежа морска храна се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена не цели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно.
До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација.
Зајдисонцето пак и топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

 



1