logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Италија

Италија

     

 

Опис на државата:
Италија е полуостров на Медитеранот, за кој е карактеристича неговата форма на чизма.Претежно е планинска земја а Доломитските планини кои се наоѓаат во северниот дел се всушност дел од Алпскиот планински појас. Апенините се протегаат од север па се до јужниот дел и така ја делат земјата на два дела источна и западна Италија. Долината на реката По се наоѓа јужно од Доломитите а тое е една доста значајна и плодна област во Италија. Во Италија всушност постојат два поголеми острова а тоа се Сицилија и Сардинија. Сицилија е најголем остров на Медитеранот за кој се карактеристични активни вулкани и земјотреси. Сардинија во основа е планинска земја дури од самото приморје. Во границите на Италија исто така постојат две независни држави:Ватикан- центарот на Римската католичка црква, која е всушност и најмалата држава на светот и Сан Марино на северо-источниот дел од Италија како втора независна република.

Географија:
На северозапад се граничи со Франција, на север со Швајцарија и Австрија, а на северо-исток со Словенија.

Јазик:
Официјален јазик е италијанскиот меѓутоа има области каде се зборува Германски, Француски и Албански

Површина:
301,230 квадратни километри

Населеност:
58 милиони жители

Главен град:
Рим

Парична единица:
Евро

Туристички атракции:
Италија има многу светски познати локации, места кои секогаш биле интерес на туристите. Кривата кула во Пиза на пример е доста препознатлива.Прекрасната кула е изградена пред 800 години, но на мека почва. па затоа веднаш по изградбата започнала да се наведнува. Во Италија има исто така многу рушевини од времето на Римската империја кои вреди да се видат.Венеција е исто така доста популарна туристичка област.
Најпознат е под името градот на вода кој изобилува со канали и гондоли кои се користат за транспорт низ градот.Италија е доста позната и по производство на облека, обувки и мебел, и еден од најголемите производители на вино.

Клима:
Северна Италија достигнува доста ниски температури, меѓутоа во јужниот дел климата е потопла и поблага.