logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Хрватска >> Макарска

Хрватска - Макарска

Магичната привлечност на хрватското приморје доживува кулминација во неговиот најживописен дел - Далмација . Оваа туристичка мека , доволно позната на македонскиот пазар од времето на заедничката држава и денес изобилува со квалитети кои ќе ве остават без зборови . 
Синилото на Јадранското Море, автентичните приморски градови, богатиот ноќен живот, морските специјалитети и прекрасните плажи се само дел од долгата листа адути на Далмација! Во вашиот избор и размислувања, - кое место од многуте нанижени од двете страни на градот Сплит: Тучепи, Макарска, Подгора, Брела, Трогир, Примоштен, Шибеник, Водице.... би ги избрале за одмор, ние оваа сезона ви ја предлагаме Макарска.
Бисерот на Далмација и градот кој плени со сета негова содржина. Вам секако ви преостанува само да уживате во неа! А што всушност Макарска ви нуди?! Навистина многу... 
Близината на островите Брач, Хвар, Корчула ... планината Биоково, не така далечните слапови на Крка, Плитвичките езера, градовите Сплит, Солин, Трогир.... како и најблиските места Башка Вода , Брела, Тучепи .... се едноставно непрекината инспирација за збогатување на спомените кои можат да се стекнат за само едно лето во Хрватска и Далмација.
Доколку пак сакате да го посветите своето време исклучиво на Макарска, сосема е извесно дека нема да останете без фотографии. Посетите на многуте историски градби, како 500 год. стариот Фрњевачки самостан, единствениот Малаколошки Музеј, Институтот за планините и морето, црквата Св. Марко на Кациќевиот плоштад, Градскиот Музеј, црквите Св. Филип и Св. Пета ... се вредност која дополнително ќе го направи вашиот престој во Макарска уште побогат.

 

 



1