logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Русија

Русија

   

 

Опис на државата:
Русија  зафаќа огромна површина од 17.075.000км. во источна Европа и северна Азија.По бројот на населението таа е седма земја на светот  и има околу 145.000.000 жители.  Главен град е Москва. Руската територија ја заплискуваат водите на тринаесет мориња. Тука се населени преку 100 народности :Руси, Татари, Украинци, Белоруси, Чечени, Ермени, Авари, Евреи и многу други.

Клима:
Во Европскиот дел на Русија климата е скоро секаде континентална, а на север преоѓа во поларна, додека пак на пониските места како на приморјето климата е медитеранска.Во високите планински делови на Сибир климата е планинска  но на поголемиот дел е остра континентална. На далечниот источен руски дел има монсунска  клима.

Географија:
Русија обично се дели на западни европски дел и источни азиски дел -Сибир. Природната граница на овие два дела ја сочинува планинскиот масив Урал кој се протега во правец север-југ и е долг 2000км. протегајќи се од Северното море па се до границата со Казахстан. Во европскиот дел на Русија преовладува Источноевропската рамнина низ која протекува Волга (3688 км.) која е природно и културно најважна руска река. Европскиот дел на југ на границата со Грузијса и Азербејџан сочинува планински комплекс Кавказ со највисоката точка на Русија Елбрус(5633 м.)

Транспорт:
Доминантна улога во превозот на роба и патници во Русија има железницата.Тоа е нјдолгата железничка пруга на светот Транссибирската пруга долга 9289 км. која ги поврзува Москва и Владивосток на Тихиот океан. Се повеќе се развива модерна патна инфраструктура а воздушниот сообраќај е доста развиен.

Најголеми градови:
Во Русија постојат 13 градови со повеќе од милион жители;некои од нив се:Москва, Санкт-Петерсбург,Нижни Новгород, Новосибирск, Екатеринбург, Самара,  Омск, Перм, Казан,Уфа и др.

Јазик:
Рускиот јазик е изразито доминантен и него го користат 98%од жителите.