logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Одмор на море во Палма де Мајорка во Септември


Информации за сместувањето

Држава: Шпанија
Место: Палма де Мајорка

Одмор на море во Палма де Мајорка, Шпанија Лето 2026

7 ноќевања на база all inclusive 4*:

Хотел GLOBALES PANAMA 4* All Inclusive (16+) -  01.09 | 08.09 | 15.09 | 22.09 | 29.09 

 

Програма:

1-ви ден. Софија - Палма.
Поаѓање од аеродромот во Софија со директен лет на „Bulgaria Air”. Слетување на аеродромот во Палма. Пречек од страна на претставникот на тур-операторот во Палма. Трансфер и сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.

2-ри ден. Обиколка на островот, Манастирот Лука со Црната Мадона, Порт Соер и Соер со Дрвен трамвај - целодневна екскурзија.
Појадок. Слободно време. Ноќевање.

Факултативно: Целодневна обиколка на островот.
Цена: Возрасен 79 евра, дете до 11,99 години: 55 евра.

3-ти ден. Валдемоса со манастирот Картуха - полудневна екскурзија
Појадок. Слободно време. Ноќевање.
Факултативно: Полудневна екскурзија во Валдемоса. Цена возрасен: 55 евра, дете до 11,99 г.: 45 евра

4-ти ден. Слободен ден.
Појадок. Слободно време. Ноќевање.

5-ти ден. Главниот град на Палма - полудневна екскурзија.
Појадок. Слободно време. Ноќевање.

Факултативно: Полудневна екскурзија до главниот град Палма.
Цена: Возрасен 49 евра, дете до 11,99 години: 42 евра.

6-ти ден. Драк Пештери и Фабрика - Музеј на бисери - Полудневна екскурзија.
Појадок. Слободно време. Ноќевање.

Факултативно: Полудневна екскурзија до пештерите Драк.
Цена: Возрасен 69 евра., дете до 11,99 години: 49 евра.

7-ми ден. Alcudia и Formentor и Poyenza - целодневна екскурзија.
Појадок. Слободно време. Ноќевање.

Факултативно: Целодневна екскурзија до Алкудија, Форментор и Појенца.
Цена: Возрасен 58 евра, дете до 11,99 години: 50 евра. 
Цената важи САМО при резервација од Македонија.

8-ми ден. Палма - Софија
Појадок. Трансфер до главниот град Палма. Трансфер до аеродромот во Палма. Повратен лет за Софија.


СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ОД 3 ЕКСКУРЗИИ - Палма, Валдемоса и Обиколка на островот:

  • Цена за возрасни - 170 евра по пријавен турист.
  • Цена за деца до 12 години - 139 евра по пријавен турист.

Распоред на летовите на „Bulgaria Air“:
вторник - вторник и сабота - сабота

Софија - Палма 15:05 ч. - 16:55 ч.

Палма - Софија 17:35 ч. - 21:20 ч.

Забелешка: Можна е промена на часовите на летовите од страна на авиокомпанијата!

Потребни документи за влез во Шпанија:

Меѓународен пасош со минимална важност од 6 месеци пред датумот на екскурзијата.
За деца до 18 години кои патуваат со или без еден родител - потврда заверена на нотар од еден или двајцата родители!

Начин на плаќање:
Депозит - 30% од цената на патувањето при регистрација.

Целосна исплата 21 ден пред датумот на поаѓање.

Програмата се спроведува при минимум 30 пријавени туристи. Во случај, неопходниот број туристи да не е собран, патувањето ќе се откаже, туристите што платиле ке бидат информирани 21 ден пред датата на патување.

Рокови за анулации и казни:

  • До 21 ден пред патување - се задржува депозитот.

  • Од 20 дена до денот на патување - 100% од вредноста на патувањето.

Цената вклучува

  • Авионски билет со редовен лет на Bulgaria Air: Софија - Палма – Софија

  • Чекиран багаж до 23 кг и рачен багаж до 10 кг.

  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром

  • 7 нокевања на соодветен пансион (ол инклузив)

  • Услуги на претставник на агенцијата за време на престојот

Цената не вклучува

  • Туристичка еко такса - секој турист мора да плати на рецепција во хотелот - 3,30 евра по турист од ноќевање
  • Дополнителни екскурзии со туристички водич, кои се резервираат и се плаќаат во Македонија.
  • Лични трошоци
  • Осигурување за откажување на патување - се препорачува

Дополнителни екскурзии, кои се резервират и плаќат во Македонија:

  • Обиколка на островот, Селва, манастирот Лука со Црната Мадона, Порт Соер и Соер со дрвен трамвај - 8 часа.
    Цена: Возрасен: 79 евра, дете до 11,99 години: 55 евра.
    Во текот на овој ден ќе ја откриете прекрасната и контрастна природа на Палма де Мајорка. Се искачуваме на планината Трамунтана низ живописни шумски предели со стрмни карпи. Нашата прва станица е прекрасниот планински град Селва, со камени куќи и тесни улички, ќе го видиме Централниот плоштад и црквата Свети Лоренц со камени фигури. Ќе го посетиме Музејот на чевли за да дознаеме за вековниот живот на луѓето од Селва, со чиј квалитет е горда цела Мајорка. Продолжуваме кон манастирот Лука со Црната Мадона, светицата-заштитник на островот. По кривулестиот планински пат низ Трамунтана стигнуваме до градот Сојер - шармантна комбинација од тесни улички и модерна архитектура. Прошетка до главниот плоштад Сојер со бројни кафулиња каде што можете да пробате локален сладолед и колач од бадеми - заштитен знак на Сојер. Слободно време за ручек. Поаѓање со дрвен трамвај низ цитрусни насади до Порт Сојер, со прекрасна панорама на морскиот залив, опкружен со импресивните врвови на Трамунтана. Враќање во хотелот со автобус.
    Цената вклучува: водич, автобуски превоз, билет за дрвениот трамвај. Влезница во манастирот - 2 евра по турист, се плаќа на лице место, по желба.
  • Главниот град на Палма - полудневна екскурзија - 4 часа. 
    Цена: Возрасен 49 евра, дете до 11,99 години: 42 евра.
    Полудневна екскурзија до главниот град Палма и неговиот историски центар. Програмата започнува од Паркот де ла Мар, од каде, по пријатна прошетка во градините, ќе стигнеме до катедралата Палма (влезот се плаќа на лице место). Продолжуваме кон Градското собрание, Плаза Мајор и црквата Сан Мигел и пешачката шопинг зона на Палма. Продолжуваме кон готскиот замок Белвер, кој нуди прекрасен поглед на градот и живописното пристаниште за јахти на Палма. Цената вклучува: водич, превоз. Влезница за катедралата: 10 евра за возрасни, бесплатно за деца под 7 години.
  • Валдемоса со манастирот Картуха - полудневна екскурзија - 4 часа.
    Цена: Возрасен: 55 евра, дете до 11,99 години: 45 евра.
    Валдемоса е симболот на Палма де Мајорка. Историјата, културата, романтиката и традициите се споиле во вистински шармантна комбинација во овој град. Шопен и Џорџ Санд нашле засолниште и инспирација во прекрасната Валдемоса. Факултативно - посета на манастирот Картуха. Слободно време за прошетка по тесните улички со типичните камени куќи на островот и бројните традиционални продавници.
    Цената вклучува: водич, превоз. Влезница во манастирот по желба - 13 евра за возрасни, 6,50 евра за деца од 10-14 години.
  • Форментор и Алкудија и Појенца - целодневна екскурзија - 8 часа.
    Цена: Возрасен: 55 евра, дете до 11,99 години: 35 евра.
    Преминување на планината на север до прекрасната Алкудија - првата престолнина на островот. Истражување на познатите градски ѕидини и традиционалниот пазар, најпознат во Палма де Мајорка. Продолжување кон Форментор, по пат фото пауза на едно од најпопуларните панорамски места на островот - Коломер, од кое се отвора прекрасен поглед на истоимениот остров. Продолжуваме кон Поленса, антички град со богато културно наследство и прекрасен централен плоштад.
    Цената вклучува: водич, превоз.

  • Пештерите Драк и фабриката - Музеј на бисери - 4 часа. 
    Цена возрасен: 69 евра, дете до 11,99 години: 49 евра.
    Пештерите Драч се една од главните атракции на островот. Тие се наоѓаат во источниот дел, веднаш до Порто Кристо, мало рибарско гратче со прекрасен поглед. Следува посета на пештерите со едно од најголемите подземни езера во светот - езерото Мартел. Тука ќе уживате во посебен спектакл на класична музика и светлина. Посета на музејот - фабрика за бисери и продавницата поврзана со него.
    Цената вклучува: водич, превоз, влез во пештерите и влез во музејот - фабрика за бисери.

Забелешки:

  • Распоредот на екскурзиите по денови во програмата е ориентационен.

  • Точните денови на спроведувањето на екскурзиите ќе бидат доставени една недела пред патувањето.

  • Резервацијатата и плаќањето на дополнителните екскурзии се извршува во Македонија најкасно 30 дена пред патувањето!

  • Минимален број на туристи за остварување на дополнителните екскурзии - 18 лица.

  • При пријавување на екскурзии на лице место цените на екскурзиите се повисоки.

  • Туроператорот го запазува правото на промени на цените, во случај на промена во транспортните трошоци за екскурзиите, како и при промена на влезните такси во посетуваните објекти за време на екскурзиите.

Globales Panama ☆☆☆☆

Местоположба:

Хотелот се наоѓа на 200 метри од плажата во одморалиштето Палма Нова, на 30 километри од главниот град Палма. Автобуска постојка до Палма веднаш до хотелот. 1,2 км од забавниот парк Катманду, 2 км од водениот парк Акваленд.

Во хотелот:

  • 24 часовна рецепција
  • климатизиран ресторан со шведска маса
  • all inclusive бар покрај базен
  • wi-fi интернет - бесплатен низ целиот хотел

Соби:

  • тераса
  • климатизација
  • ТВ со сателитски канали
  • сеф
  • wi-fi интернет - бесплатно
  • бања, бањарки, фен
  • Дополнителниот кревет е софа кревет.

Спорт и рекреација:

  • надворешен базен со бесплатни чадори и лежалки
  • вечерна забава за возрасни
  • фитнес
  • велосипеди за изнајмување

Дополнителни информации:

Хотелот е наменет за само возрасни 16+

Храна:

All Inclusive:

  • Различни јадења од медитеранската и европската кујна на шведска маса, шоу-готвење. За време на главните оброци се нудат вино и вода.
  • Од 10:00 до 24:00 часот, барот нуди безалкохолни пијалоци, пиво, алкохолни пијалоци, вино и сангрија.
  • Од 10:30 до 18:00 часот во барот се достапни закуски: хамбургери, салати, чипсови, пици, сладолед, слатки, пакувани десерти, кафе/чај.

Плажа:

  • песочна плажа Palma Nova - со должина од 1 км

Globales Panama All-inclusive 2 возрасни  2 возрасни + 1 возрасен  2 возрасни + 1 дете (2-12) 1 возрасен
01.09.2026 2070€ 3045€ 2855€ 1323€
08.09.2026 2070€ 3045€ 2855€ 1323€
15.09.2026 2018€ 2977€ 2827€ 1199€
22.09.2026 2018€ 2977€ 2827€ 1199€
29.09.2026 1958€ 2897€ 2747€ 1168€

Слични понуди