logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Terrace Beach Resort zvezdazvezdazvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Турција
Место: Анталија

Положба:
Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 4 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.

Сместување:
Вкупно 270 соби во една главна зграда.

Стандардни соби (24 м², една спална соба со дупли кревет + софа, купатило, макс. 2+1 лице).

Економски соби (20-24 м², лоцирани помеѓу катови и достапни само со скали, поглед кон копно, макс. 2+1 дете).

Фамилијарни соби со поглед кон копно (28 м², една голема спална соба со преграда, еден дел со француски кревет, друг со кревети на спрат за деца, едно купатило, само поглед кон копно, макс. 2+2 деца).

Фамилијарни соби со поглед кон море (38 м², две посебни спални соби одделени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).

Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода, пиво и безалкохолни пијалоци се надополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, бесплатна WI-FI интернет конекција, под со ламинат и балкон.

Услуга:
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски на плажа и покрај базен, вечера, ноќно бифе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот, сладолед во бар покрај базен во одредени попладневни часови.

Не е вклучено: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите пијалоци во шише и од лименка, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, пијалоци во диско клубот и услуга во соба.

Содржини:
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Sultan – турска кујна, Turkuaz – медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, комјутерски игри. WI-FI интернет конекција на јавните површини и собите е бесплатна.

Плажа:
Хотелска песочна плажа. Лежалките, крпите на плажа и чадорите за сонце се бесплатни.

Спорт и забава:
Отворени и затворени базен (не работат во лето) за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, одбојка на плажа, тениски терени.

Со доплата се: спортови на вода, масажа, спа центар, осветлување за тениските терени, билијард и компјутерски игри.

Забавни програми (лесна анимација) во текот на денот, натпревари, вечерни шоу програми за возрасни. Мини клуб за деца од 4-12 години, со програми во текот на денот и вечерта, детско игралиште.


Слични понуди

Kaya Belek

Kaya Belek

Положба:Хотелот се наоѓа во областа Белек, 29 км од аеродромот во Анталија и 36 км од центарот на Анталија. Сместување:Вкупно 506 соби. Стандардни соби (20-30 м², една спална и купатило, макс.2+2 лица). Апартмани (50 м², една дневна соба и една спална одвоени со врата, купатило, макс.3+1 дете). Соби за лица со попреченост. Сите соби
Kirman Arycanda De Luxe

Kirman Arycanda De Luxe

Положба:Хотелот е се наоѓа во областа Карабурун, 27 км од Сиде, 33км од Аланија и 100 км. од аеродромот во Анталија. Сместување:Вкупно 360 соби во четирикатница. Стандардни Соби: (29м², 1 спална соба со француски кревет + 1 единечен кревет, 1 купатило, макс 3+1 лица).Фамилијарни Соби: (39m², 2 спални со врата измеѓу, 1 купатило, макс 4+
Gloria Golf Resort

Gloria Golf Resort

Положба:Хотелот се наоѓа во областа Белек на 50 км од Анталија и 42 км од аеродромот. Сместување:Вкупно 515 соби. Стандардни соби во главна зграда (24 м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс.2 + 1 лице). Стандардни соби - зграда во градината (24 м², една спална соба со француски кре