logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Македонија

Македонија

Опис на државата: Република Македонија е мала Балканска земја која на север се граничи со Србија, на исток со Бугарија, на југ со Грција и на запад со Албанија.
Главен град е Скопје со 600,000 жители.
Површина: 25,333 квадратни километри.
Јазик: Македонскиот јазик е официјален јазик кој исто така го зборуваат и македонските малцинства во Грција, Бугарија, Албанија како и македонците во дијаспората. 
Клима: Климата во Македонија е на граница помеѓу медитеранска и континентална. По долината на реката Вардар и Струмица преовладува медитеранска клима, а во внатрешноста климата е континентална со топли суви лета и студени влажни зими. Најтопол град е Демир Капија.
Географија: Релјефот се карактеризира со долги и високи планински масиви кои заобиколуваат огромни рамнини и долини. Според тоа Македонија е доминантно планинска земја. Високите планини овозможуваат услови за зимски спортови и лов. Особено се познати Шарпланина, Маврово и Пелистер.Планината Галичица протегајќи се меѓу Охридско и Преспанско Езеро е исто така еден прекрасен зимски центар. Постојат 14 планински врвови повисоки од 2000 метри. Највисок врв е Голем Кораб 2,753 метри.
Религија: Најголемиот дел од населението се православни христијани. Застапени се и муслиманската религија, католици и протестанти.
Население: Во Македонија има 2 000 000 жители. Од нив: Македонци 66%, Албанци 23%, а остатокот се Турци, Власи, Срби.
Поголеми градови се: Битола, Скопје, Струмица, Кавадарци, Охрид, Неготино, Прилеп, Куманово, Дебар,Тетово, Гостивар идр.
Туристички центри кои вредат да се посетат: летни - Охрид, Преспа, Дојран; зимски - Крушево, Маврово, Пелистер, Попова Шапка.