logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Бугарија >> Албена

Бугарија - Албена

АЛБЕНАрај за семеен одмор  

Комплексот Албена е расположен на 40 километри од аeродромот Варна. На територијата на летувалиштето има 42 хотели и 4 кампа од различна класа со вкупно 14 900 места кои се наоѓаат во една парк зона, веднаш на плажата или на околните ридови кои даваат исклучителен панорамски поглед на морето.
Прекрасните природни услови, меката морска клима, бистрото и топло море со равно песочно дно и седумкилометарската плажна ивица со ситен песок, идеално им одговара на децата и на возрасните.
Албена е победничка со "сино знаме", поради својата кристално јасна, пријатна и мирна морска вода.
Албена нуди разноврска забава, многу ресторани, кафулиња, таверни, брза храна, барови и клубови. Се служи на различни видови на кујна - бугарски, индиски, кинески, италијански..
Нуди неколку СПА центри со квалификуван медицински персонал, разновидна СПА и медицински третмани и процедури.
Добро развиени водни  спортови: нуркање, веслање, сурфање, скијање на вода и др.
Тука секојдневно се одржува фестивал на детската песна, фестивал "Златна антена", натпревари во фудбал, одбојка, тенис, бокс, регати и многу друго.
Меѓу хотелите центарот на Албена и плажата постојано крстарат мини-возови. Албена нуди т.н. "мал воз", кој е прекрасен начин да се добие околу област. Возот поминува низ Албена во 2 различни правци. 
Автобуска станица се наоѓа на 10 минути пешачење од центарот на Албена и е поврзан со Балчик, Златните Песоци, Добрич, итн.

 

 



ПОНУДИ Бугарија - Албена - Резултати од пребарувањето