logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Грција >> Тасос - Апартмани

Грција - Тасос - Апартмани

Да се помине одредено време на остров, претставува несекојдневно и убаво искуство. Но велат дека, доколку тоа го направите на најсеверниот и најзелен грчки остров Тасос, тогаш таквото искуство е уште посилно. Привилегијата да се биде толку блиску до оваа природна реткост, беше само дополнителен мотив, овој остров повторно да се најде во овогодишната понуда. Зелениот остров, или “Островото на сирените” – како во митологијата го нарекувале, денес е еден од најпосетуваните грчки острови. Можеби уште при првата средба со него, ви станува сосема јасно за тоа. Мноштвото природни убавини, согледани низ прекрасните плажи, скриените ували, боровите шуми и бујната вегетација која се симнува до самото море, овој остров го прави налик на “Шума која плови”. Специфичниот и жив рељеф, сe карактеризира низ различните брегови и високите планински врвови кои допираат до над 1000 метри над морето. Неговиот пречник од 25км и вкупната должина на брегот (околу 100км) го вбројува во средните по големина грчки острови. Климата која пак, од сета таа природна специфичност се образува, престојот на него дури и ви жешките месеци го прави свеж и пријатен. Главен град е Лименас во кој се наоѓа и најголемото пристаниште. Добрите сообраќајни врски преку автопатот до Кавала, неговата мала оддалеченост од брегот, патот до Тасос го прави брз и поднослив особено за неговите туристи од Македонија. Изборот за престој во неговите познати летувалишта, Лименариа или Пефкари е навистина само недоумица, која воопшто нема да ви дозволи да згрешите.

ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:

Доколку сте љубители на активен одмор, на островото престојувате со свој автомобил или пак решите да изнајмите “rent a car”, или пак едноставно не ви смета ни возењето со локалните автобуси... тогаш не ја пропуштајте можноста да го посетите старото планинско село Theologos, во брдата над Потос. Покрај фантастичното доживување на природата и на селската архитектура од 19-от век, Теологос ќе го запаметите и по одличното јагнешко месо на скара или пак специјалитетите од него. Доколку сето тоа го залиете и со одличното домашно вино, засладено на крај со еколошко вкусното овошје, гастрономското уживање навистина ќе остане за паметење. Градот Kavala иако за некого помалку познато, островот Тассос нуди навистина доволно можности за богат летен одмор. Неговата близина до копното и стариот град Кавала, ја дава можноста со неколку туристички прошетки, да се запознаете и со дел од славното минато на овој дел од Македонија. Градот кој некогаш прв го завладува Филип Втори, а во кој уште во 49-тата година Апостол Павле доаѓа да го шири Христијанството, денес претставува еден од најубавите градови во Грција. Близината на античкиот град Филипи – основан од самиот Крал Филип и денес сведочи за некогашната големина на македонската империја. Убавините на Тасос ги има многу. Покрај него се нижат безброј мали и големи ували, високи планини над синото море, како и плажи под сенките на столетните дрвја. Тоа е основната слика која ќе ја запаметите при заминувањето од овој остров. Доколку решите да бидете подвижни, веројатноста ќе биде поголема – да ја најдете својата сопствена плажа на островот Тасос. Едноставно, не штедете го времето... истражувајте постојано покрај неговите брегови или низ неговите планини.

 



ПОНУДИ Грција - Тасос - Апартмани - Резултати од пребарувањето