logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


TUI Magic Life Jacaranda zvezdazvezdazvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Турција
Место: Анталија

Цени од 1396€ за 2 возрасни со авион и трансфери                                         

Положба:
Хотелот се наоѓа во областа Гундогду на 10 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.

Сместување:
Вкупно 767 соби лоцирани во една главна зграда и Lake вили.

Стандардни соби (32-36м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).

Фамилијарни соби (52м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

Стандардни Lake House соби (32-36м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, на прв или втор кат, немаат директен пристап на базен, макс.2+2 лица).

Фамилијарни Lake House соби (52м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, директен пристап на базен, макс.4 лица).

Економски стандард соби и економски фамилијарни соби се исти како и останатите само се лоцирани на приземје.

Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, клима уред, телефон, мини бар (има вода и безалкохолни пијалоци само при пристигнување), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска LCD ТВ и музички канали, ламинат или паркет на под, балкон (сите соби се околу 600м од плажа).

Услуга:
Ултра Сѐ вкучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски преку цел ден и доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 07:00 – 24:00 часот, À la Carte ресторани (италијански, рибен, интернационален и турски) со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 – 16:00 часот, слаткарница.

Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, сите флаширани пијалоци, À la Carte ресторани – јапонски и Steak House се со доплата, услуга во соба, Jacaranda lounge (+18).

Содржини:
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Fish (рибен), Sofra (турски), Al Baccio (италијански), International ресторан, Japanese (јапонски), Steak House ресторан, барови околу хотелскиот комплекс, диско.

Доктор, перење, фризер, телефон, факс, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата во лоби и во собите е бесплатна.

Плажа:
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

Спорт и забава:
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, турска бања, сауна, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, одбојка на плажа, гимнастика се бесплатни.

Со доплата: сите спортови на вода, училиште за нуркање, масажи, SPA центар, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, центар за игри.

Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 3 - 16 години поделени во групи според возраст, различни програми во текот на денот и мини диско во вечерните часови.


Слични понуди

Kaya Belek

Kaya Belek

Положба:Хотелот се наоѓа во областа Белек, 29 км од аеродромот во Анталија и 36 км од центарот на Анталија. Сместување:Вкупно 506 соби. Стандардни соби (20-30 м², една спална и купатило, макс.2+2 лица). Апартмани (50 м², една дневна соба и една спална одвоени со врата, купатило, макс.3+1 дете). Соби за лица со попреченост. Сите соби
Grand Ring Hotel

Grand Ring Hotel

Положба:Хотелот се наоѓа во областа Белдиби, на 40км од аеродромот во Анталија и 10 км од Кемер. Сместување:Вкупно 326 соби. Стандардни соби (28 м²; 2+1 лице, ако има 2+2 деца, тогаш собата ќе биде со кревети на спрат). Големи соби (38 м², спална соба, купатило, макс. 2+2лица). Анекс стандард соби (18 м², една спална, купатило, м
Paloma Finesse Side

Paloma Finesse Side

Положба:Хотелот се наоѓа во Титрејенгул на 6км од Сиде и 75км од аеродромот во Анталија. Сместување:Вкупно 299 соби. Студио соби (42м², една спална со дневен престој и со две софи, едно купатило, макс.2+1 дете). Студио соби со директен пристап на базен (42м², една спална соба со дневен престој со две софи, едно купатило, директен прист
Kirman Arycanda De Luxe

Kirman Arycanda De Luxe

Положба:Хотелот е се наоѓа во областа Карабурун, 27 км од Сиде, 33км од Аланија и 100 км. од аеродромот во Анталија. Сместување:Вкупно 360 соби во четирикатница. Стандардни Соби: (29м², 1 спална соба со француски кревет + 1 единечен кревет, 1 купатило, макс 3+1 лица).Фамилијарни Соби: (39m², 2 спални со врата измеѓу, 1 купатило, макс 4+