logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


ОТВАРАЊЕ НА СЕЗОНАТА 2026 ВО ДАЛМАЦИЈА


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Хрватска

СОЛВЕКС ВЕ ВОДИ ВО СРЦЕТО НА МЕДИТЕРАНОТ

Солвекс ви нуди единствена можност да уживате во најубавиот дел од Медитеранот и да ги посетите вистинските бисери на Јадранот: Омиш, Макарска, Сплит и Бол на островот Брач, со петдневно релаксирано уживање покрај кристално чистото Јадранско Море.

Сместување

Сместување во хотел Брзет, сместен покрај самото море во Омиш.

За Омиш

Омиш е автентичен далматински историски град со препознатлив медитерански амбиент. Неговото бурно и богато минато, сместено на сливот на реката Цетина, му подарило непроценливо културно и историско наследство, кое и денес се чува преку римските споменици, гусарските тврдини и природните убавини на кањонот на реката Цетина.
Градот е познат по својата преубава песочна плажа, единствена од ваков тип во овој дел на Медитеранот. Целиот појас од Немира, Брзет до Прика е исполнет со уредени плажи и прекрасни вили.


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1 ден – 29.04.2026 (среда) | Скопје – Омиш

Собирање на групата во 00:00 часот на паркингот пред хотелот „Русија“.

Поаѓање за Хрватска во 00:30 часот, со патување преку Косово, Албанија и Црна Гора, со редовни паузи за одмор:

  • мотел кај Призрен

  • мотел на автопатот во Албанија

  • бензинска станица „Лукоил“ во Црна Гора

  • одмаралиште кај Пелешечкиот мост

Пристигнување во Омиш во пладневните часови. Сместување во хотелот „Брзет“ и краток одмор.
Слободно време за релаксација на плажата на хотелскиот комплекс. Прошетка по крајбрежното шеталиште до центарот на Омиш и разгледување на стариот град.
Враќање во хотелот, вечера и ноќевање.


2 ден – 30.04.2026 (четврток) | Омиш – Радманови Млинови

Појадок.
Слободно време за плажа во комплексот Брзет или на Големата плажа во Омиш – најголемата песочна плажа во овој дел на Далмација. Можност за индивидуална посета на гусарската тврдина над Омиш.

Факултативна екскурзија до Радманови Млинови.
Пловидба со мали бродчиња по реката Цетина до Старата воденица – место каде некогаш се криеле гусарите. Уживање во далматинска пршута, сирење и маслинки. Разгледување на околината каде е сниман филмот Винету и можност за користење на спортските терени во рамки на комплексот.

Враќање во хотелот. Вечера и забава на терасата на хотелот во организација на Центар 213.
Ноќевање.


3 ден – 01.05.2026 (петок) | Омиш – Сплит

Појадок.
Факултативна посета на Сплит.
Разгледување на Диоклецијановата палата и стариот дел на градот:

  • Рива Променада

  • Плоштадот на Републиката

  • Рибниот пазар

  • Народниот плоштад

  • споменикот на Св. Гргур Нински

  • Златната, Сребрената и Бронзената порта

  • Вестибулот, Перистилот и Катедралата Св. Доминј

Можност за искачување на ридот Марјан со прекрасен панорамски поглед кон градот и морето, како и слободно време за уживање во кафулињата на Ривата.

Враќање во Омиш. Вечера и организирана забава од Центар 213.
Ноќевање.


4 ден – 02.05.2026 (сабота) | Омиш – Брач

Појадок. Слободно време за плажа и релаксација.

Факултативно крстарење околу островот Брач со специјално изнајмен брод за нашата група.
Кружно крстарење со пијалок за добредојде, кафе и колачи. Посета на градчето Бол и светски познатата плажа Златен Рат.
На враќање – богат ручек на брод (риба или скара), со вино и сокови, придружен со далматински и македонски песни по избор на капетанот Стипе.

Враќање во хотелот. Вечера.
Проштална вечер со забава и перформанс во организација на Центар 213.
Ноќевање.


5 ден – 03.05.2026 (недела) | Омиш – Макарска – Скопје

Појадок.
Во 09:00 часот напуштање на собите и поаѓање кон Макарска.
Посета на светилиштето Веприц, со можност за земање света вода. Разгледување на стариот дел на Макарска:

  • Плоштадот и црквата Св. Марко

  • Фрањевачкиот манастир со музејот на школки

  • Макарскиот музеј

  • Рива и слободно време за посета на слаткарницата „Романа“ и познатата торта „Макарана“

Поаѓање кон Македонија со паузи за одмор.
Пристигнување во Скопје околу полноќ.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 299€

Доплата за 1/1 соба: 30% од цената на аранжманот

Во цената е вклучено:

  • Превоз со современ туристички автобус

  • Сместување во хотел Брзет – 4 полупансиони (појадок/вечера)

  • Услуги на туристички придружници и претставници на агенцијата

  • Трошоци за организација, траекти и такси

Во цената не е вклучено:

  • Радманови Млинови – 15 €

  • Сплит – 15 €

  • Крстарење Брач – Бол – Златен Рат со ручек – 50 €

  • Патничко осигурување

  • Влезници за музеи

Минимум за реализација на аранжманот: 45 патници
Минимум за крстарење Брач: 40 патници

 

https://maps.app.goo.gl/HYnLfP5qF1ZUBkrr9

Агенцијата го задржува правото за измена на термините на екскурзиите поради временски услови.

За сè останато важат Општите услови на патување на ТА Солвекс и СКТМ.


Слични понуди

Мароко - од царските престолнини до мистериите на Сахара

Мароко - од царските престолнини до мистериите на Сахара

Ви нудиме незаборавно патување низ величествените царски престолнини на Мароко, откривајќи панорамски погледи на најмистериозните места на Сахара.   Програма по денови Ден 1 Софија – Истанбул – Казабланка / појадок, вечера Состанок на аеродром Софија, Терминал 2, во 07:20 часот, два часа пред летот, со претставникот на фирмата.
Сицилија 15.04.2024

Сицилија 15.04.2024

ТАОРМИНА – ЕТНА – НОТО – СИРАКУЗА – САВОКА и ФОРЦА ДАГРО 5 дена (4 ноќевања со појадок, сместување во хотел од категорија 4*) - со авион Поаѓање: 15 април (Враќање: 19 април 2024 година) Сицилија, најголемиот остров на Медитеранот, е уникатно место кое се карактеризира со специфична култура, традиција и начин на живот. Ра
Тоскана - Романтика и уживање

Тоскана - Романтика и уживање

Ден 1 Софија - Рим - Орвието Слетување на аеродромот во Рим, а потоа ќе се упатуваме кон Орвието, главниот град на регионот Умбрија. Прошетка на средновековниот центар на градот. Трансфер до хотел. Ноќевање.   Ден 2 Val d'Orcia - Pienza - Bagno Vignoni Појадок. Поаѓање за Пиенца. Поминувајќи низ живописната област на Вал д'Орсија, ќе уж