logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


23 Октомври во ЕДИПСОС на островот ЕВИА – Бања на море zvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Грција

23 OКТОМВРИ во ЕДИПСОС на островот ЕВИА – Бања на море

ПРОГРАМА

1.ден 23.10.2025  (Четврток) СКОПЈЕ - ЕВИА
00:30 часот собир на групата пред паркингот на хотел „Русија“. Тргнување од Скопје во 01:00 часот. Патување преку преминот Богородица низ Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 мин. Симнување во местото Agiokampos. Продолжување на патувањето за Edipsos. Сместување на групата во хотелот Лито. Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време, за релаксација во минералните води под водопадите и морето. Вечера. Ноќевање.

2.ден 24.10.2025 (Петок) ЕВИА- ЕДИПСОС
Појадок. Можност за прошетка до околните рибарски места, со можност за ручек во таверна. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

3.ден 25.10.2025 (Сабота) ЕВИА- Св. Јован Руски – ЕДИПСОС   
Појадок. Можност за посета на местото Прокопиј каде што се моштите на Св. Јован Руски. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Од левата страна на црквата има одел каде е ременот на светиот Јован Руски. Посетителите имаат можност да го стават ременот на себе, се верува дека има исцелителни моќи. Враќање во Едипсос. Можност за користење на плажите со минерални води. Вечера. Ноќевање.

4.ден 26.10.2025 (Недела) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ
Појадок. Во претпладневните часови напуштање на хотелот и тргнување за Скопје.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 189 €
 (10.480 ден.)

 

Цената на аранжманот опфаќа: 

  • Превоз со современ туристички автобус
  • Сместување во хотел, во двокреветни и трокреветни соби, три ноќевања на база НВ (појадок и вечера).
  • Превоз со траект на релација Глифа – Агиокампос- Глифа
  • Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот
  • Трошоци за организација на патувањето

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Факултативна посета Св. Јован Руски во Прокопиј (15 Евра)
  • Посета на местото Ореи (10 Евра)
  • Патничко осигурување

Доплата: 

  • доплата за 1/1 соба е 30% од цената на аранжманот.
  • Деца од 2 – 12 години плаќаат 50% од цената на аранжманот.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. Солвекс Травел.

 

Зашто сите  славни личности доаѓале во Едипсос?

Затоа што термалната вода богата со калиум, калциум, магнезиум, железо и натриум ги лечи следните болести:
Болести на мускулно-скелетниот систем (ревматизам, спондилитис, дегенеративен артритис, воспаление на тетивите, радикулитис, посттрауматска деформација и анкилоза)
Гинеколошки заболувања (воспаление на јајцеводите, ендометриоза, некои видови на неплодност)
Невролошки заболувања (васкуларна хеморагија на мозокот, енцефалитис, мултиплекс склероза, Паркинсова болест)
Ментална болест
Васкуларна болест
Ендокрин систем
Термички извори - Вистински еликсир на животот

На одредени плажи имате можност да пливате во полу-термички морски води. Топлинските извори излегуваат од морското дно значително зголемувајќи ја температурата на водата. На овој начин можете совршено да ги комбинирате корисните својства на лековитите води со кинезитерапија на пливање. Освен термалните бањи, можете да ги пробате и кал-бањите, хостирани во специјални центри за хидротерапија.

Експертите препорачуваат и позитиотерапија со лековитите води на изворите. Овој вид вода се предлага  за нарушувањата во варењето на храната, додека Стоматолошката школа од Атина ги потврдува водите како корисни за нарушувањата на устата. 


Слични понуди

Тоскана и Чинкве Тере 29.04.2024.

Тоскана и Чинкве Тере 29.04.2024.

ТОСКАНА И ЧИНКВЕ ТЕРЕ ● ФИРЕНЦА ● ЛА СПЕЦИЈА и ЧИНКВЕ ТЕРЕ ● СИЕНА и САН ЏИМИЊАНО ● ПИЗА и ЛУКА ● 5 дена (4 ноќевања со појадок во хотел од категорија 4*) - со авион Поаѓање: 29 април (враќање: 3 мај 2024 година)   Тоскана според многумина е најубавиот регион на Апенинскиот полуостров поради своите 120 заштитени подрачја од бајковита прир
Мадеира - Цветната градина на Португалија

Мадеира - Цветната градина на Португалија

Добредојдовте на МАДЕИРА – ОСТРОВОТ НА ВЕЧНАТА ПРОЛЕТ!Шарена градина што плови сред Атлантикот, исполнета со дивa убавина и егзотични ароми. Овој цветен остров е прочуен низ целиот свет по своите стрмни карпи, зелени долини, величествени планини и превкусно вино.Вашата нова авантура е чудесен свет на вулкански карпи и разиграни стихии.Ма