logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Македонија >> Охрид

Македонија - Охрид

Oхрид - Град - Музеј под заштита на UNESKO, Бисерот на Македонијa

ОХРИД е град во југозападен дел на Република Македонија на североисточниот брег на Охридското Езеро. Сообраќајно е поврзан со патишта кои водат кон Скопје, Битола, Дебар и Република Албанија. Се наоѓа на стариот пат Виа Игнација, кој ги поврзува Јадранското и Белото Море, што било важна околност за развојот на Охрид во минатото. Во близина на градот се наоѓа Охридскиот аеродром, преку кој воздушниот сообраќај се одвива со одредени дестинации надвор од Република Македонија. Сообраќајот по водите на Охридското Езеро е од мало значење. Се користи во функција на риболов и за туристички цели. 
Во III век п.н.е. на денешното место на Охрид се наоѓала населба под името Лихнида. Ова важно и утврдено место во II век п.н.е. потпаѓа под римска управа и прераснува во значајна населба на патот Виа Игнација. Подоцна, Лихнида како богат и утврден град потпаѓа под византиска управа. Во VI и VII век имало тешки борби меѓу словенските племиња и Византијците. По победата, градот Лихнида Словените го преименувале во Охрид.
Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија е еден од најзначајните акватички екосистеми во Европа. Познато е како најдлабоко на Балканскиот полуостров и едно од најдлабоките во Европа. Тектонско езеро, кое со право го заспужува епитетот “македонско слатководно море”, не само сината боја, поинтензивна ид небесното синило, туку и поради површината. Најголемата длабочина измерена меѓу селата Пештани и Трпејца се наоѓа на околу пет километри од езерскиот рег. Големата провидност на водата претставува вистинска реткост, за што помагаат бројните подводни врутоци и изворите по должината на источниот и јужниот брег. Ова езеро претставува дом за познатата охридска пастрмка, која е еднемски вид. Кога станува збор за туристичко значење, Охрид има голема привлечна моќ које не познава државни граници.
Не пропуштајте: Споменикот на св. Кирил и Методиј, споменикот на Св. Климент, Билјанини извори, Античкиот театар, Самоиловата тврдина, Св. Пантелејмон - Плаошник, манастирот Св. Наум Охридски, Заливот на коските - музеј на вода, плажите: Елешец, Лагадин, Горица, Парк, Градиште, Славија..

Image result for ohrid Image result for ohrid macedonia Image result for ohrid macedonia