logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Македонија >> Струга

Македонија - Струга

Струга - “Како Струга нема друга”

СТРУГА се наоѓа на југозападниот дел од Република Македонија,покрај Охридското Езеро,на бреговите на реката Црн Дрим која тече по средината на градот.Од истекот на реката,под устата на Дрим се протега величествен поглед на Охридското Езеро.Неговите бистри води опкружени се со планините Галичица,Јабланица и Мока,кои обилуваат со природни убавини,со густи шуми,со природни убавини,со бистри извори и потоци,со глечерски езера,со убави живописни села и со голем број историски споменици.Иако опколена со високи планини,Стрyга,односно Охридско-Струшката котлина е добро поврзана со соседните области и воедно добро пристапна.Интернационалниот аеродром е на 7 км. од градот.
Не пропуштајте: Кејовите на Црн Дрим - идеални за мирна прошетка и уживање во прекрасна глетка, на овој кејсе наоѓаат бистите на Сергеј Есенин, Адам Мицкјевич и Ацо Шопов.; Истекот на Црн Дрим, Црква Св. Ѓорѓи - градска Соборна црква во центарот на Струга, Народен музеј Д-р Никола Незлобински, Спомен- куќа на браќата Миладиновци - теријали од животот и делата на овие знаменити македонски преродбеници, Калишта - селото познато по старите цркви, манастири и рибните специјалитети
Image result for струга Image result for струга Image result for струга македонија