logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Македонија >> Преспа

Македонија - Преспа

Преспа - уште еден бисер на природата

ПРЕСПА е историско-географска област поделена помеѓу Македонија, Албанија и Грција. Преспа или „песочна преграда “е голема котлина во чиј центар се сместени двете преспански езера – Големо и Мало Езеро. Езерото Голема Преспа e поделено меѓу Република Македонија, Грција и Албанија, a езерото Мала Преспа меѓу Грција и Албанија. Преспанската котлина од сите страни е обиколена со високи планини, прогласени за национални паркови, Пелистер, на исток, и Галичица, на запад.
Преспа ја одликува медитеранска клима, топли лета со свежи ноќи и благи зими. Воздух кој храни и лекува астма и срцеви болести. Со над 100 сончеви денови во текот на годината. Од еколошка гледна точка подрачјето на Преспа е најчистиот дел на Македонија.Охрид и Преспа, езера близнаци, како што ги нарекуваат, ги раздвојува а во истовреме и ги спојува планината Галичица. Како поврзани садови, езерата се споени со подземни канали под масивното варовничко тело нa планината. Преспанското Езеро истекува во Охридското, станувајќи негов главен хидролошки извор. Преставувајќи единствен систем, овие две езера се сврстуваат меѓу 5 најстари езера во светот. Преспа во себе крие голема историја, митови и преданија, природа и рајска недопрена убавина.Преспа низ историјата имала многу важна стратегиска положба. За време на Римското Царство низ неа поминувале многу значајни трговски каравански патишта, како што е Виа Игнација, што овозможило развој на Преспа во трговски центар. Овде е основана и првата држава на македонските Словени, со која владеел царот Самоил. Царот Самоил во Преспа ги пречекал своите ослепени војници и скршен од болка починал.
Не пропуштајте:  селата Љубојно, Брајчино и Долно Дупени; Крани, а на самиот брег на езерото е сместена туристичката населба Сливница,  Претор, селото Асамати со орнитолошкиот резерват за птици, Езерани,  Отешево, Стење - најубавата и најсредена плажа во Преспа, Голем Град или Островот на змиите - единствениот остров во Македонија

Image result for преспа  Image result for стење преспа Image result for преспанско езеро