logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Грција >> Крф

Грција - Крф

Магичниот островот Крф се наоѓа во Јонското Море, покрај брегот на Епир, во Грција. Овој остров ги комбинира софистицираната атмосфера, зелените падини, сината вода и долгите песочни плажи.

 Крф – дестинација за летен одмор

Островот Крф има богата историја и затоа претставува место за туристичко разгледување. Во него се забележуваат историските влијанија на Венеција, Британија, Франција и Русија, кои прават ова место да биде необично и привлечно.

 Крф – дестинација за летен одмор Крф – дестинација за летен одмор

Стариот град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Карактеристични за Стариот град се тесните улици во венецијански стил, елегантните аркади и опуштената пријателска атмосфера. Историјата на Стариот град се забележува на секој чекор.
Многу од планините на Крф се дом на ретки видови орли и орхидеи. На веб-страницата за светско наследство на УНЕСКО Крф е наречен „град кој зрачи со аристократска аура“ заради многубројните космополитски ресторани.
Покрај идиличното и фасцинантно крајбрежје на Крф се наоѓаат карпести заливи и долги песочни плажи, додека самиот остров изобилува со маслинови градини кои служат како природна граница меѓу древните села.

Крф – дестинација за летен одмор Крф – дестинација за летен одмор

Најпопуларните плажи на Крф се оние по должината на западниот брег. Најразвиени се плажите на источното крајбрежје, каде што се наоѓаат и многубројни хотели и барови. Северниот дел од Крф е резервиран за одморалишта, додека плажите во јужниот дел на Крф се мирни и идеални за оние кои сакаат да уживаат во природните убавини.

Крф – дестинација за летен одмор

Крф е вистински рај за туристи заради одличната туристичка инфраструктура која вклучува забавен ноќен живот, агенции за изнајмување автомобили, туристички агенции и бесконечен избор на хотели, соби за изнајмување, станови, студија и вили кои ќе ги задоволат вкусовите на посетителите. 


ПОНУДИ Грција - Крф - Резултати од пребарувањето

1