logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


Дома >> Македонија >> Скопје

Македонија - Скопје

Скопје - Метропола: Спој на историското наследство и урбаното живеење

СКОПЈЕ е град во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Лесно комуницира со медитеранското подрачје на југ и подрачјето на Средна и Северна Европа на север. Преку Качаничката Клисура се поврзува со Јадранско Море. Кон исток, преку Куманово и Крива Паланка се поврзува со Република Бугарија, кон запад се поврзува со Полог, Кичевската Котлина, Охридско-преспанскиот регион и Република Албанија.
Скопје датира од предантичкиот период. Овој град имал стратешко значење во античкиот период, кога бил познат под името Скупи. Ископини од античкиот град Скупи се наоѓаат во месноста Зајчев Рид над утоката на реката Лепенец во Вардар, кај денешното село Злокуќани. Скупи бил главен град на тогашната Дарданија.
Не пропуштајте: Кале - Тврдината на Јустинијан Први, Камениот мост на реката Вардар, Порта Македонија - симбол на независна и суверна Република Македонија, Плоштад Македонија, Споменикот на Александар II Македонски, Спомен куќата на Мајка Тереза, Соборната црква Св. Климент Охридски, Старата Чаршија: Скопскиот безистен, Капан ан, Сули ан, Куршумли ан, Даут-паша амам, Чифте амам, црквите Св. Спас и Св. Димитриј, Саат кулата, комплекот музеи на Македонија (музеј на град Скопје, музеј на македонската борба за државност и самостојност, мозеј на ВМРО, музеј на жртвите од комунистичкиот режим, музеј на холокаустот, историски, археолошки, етнолошки..), Водно - планински локалитет кој се издига над Скопје (Милениумски Крст), Кањонот Матка, Археолошките локалитети село Тумба-Маџари, Скупи, Аквадукт, Националната арена Филип II Македонски..

Image result for skopje macedonia  Image result for skopje Image result for skopje macedonia