logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net

Локација: Бул. Јане Сандански 67, Скопје


УБАВИНИТЕ НА БиХ - 8-ми Март zvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Босна и Херцеговина

УБАВИНИТЕ НА БиХ

Места кои ќе бидат посетени во текот на екскурзијата:

  • Водопадите Кравица
  • Меѓугорје
  • Врело Буне, Благај
  • Мостар
  • Сараево
  • Вишеград и неговиот внатрешен град Андриќград
  • Националниот парк Мокра Гора (Дрвенград)

 

                                                ПРОГРАМА НА ЕКСКУРЗИЈАТА

7 Mарт 1.Ден - 23:00 - Поаѓање кон Мостар преку Косово, Албанија и Црна Гора. Ноќно патување со попатни паузи.

8 Март 2.Ден – Пристигање во БиХ во утринските часови и попатна посета на Водопадите Кравица со висина од 26-28 метри; Меѓугорје светото место каде се верува дека се има прикажано девица Марија, посета на Црквата Св. Јаков, надворешниот олтар на истоимената црква, Исус го напушта крстот лоциран зад црквата; и Врело Буне природниот и архитектонскиот ансамбал на реката Буна. Во попладневните часови пристигање во Мостар и разглед на градот со турисрички водич. Сместување и ноќевање во Мостар.

 

9 Март 3.Ден - Појадок. Заминување кон Сараево. Посета на Врело Босне, изворот на реката Босна.. Разглед на градот со туристички водич и посета на: Баш чаршија, Себиљ, Латински мост, Царева џамија, сараевската Катедрала, сараевска Синагога, Газихусревбеговиот базар, Вјечница, Принциповиот мост, местото на атентатот од страна на Гаврило Принцип, споменикот вечниот пламен што ја симболизира победата над фашизмот од Втора светска војна и сл. Слободно попладне. Ноќевање.

 

10 Март 4.Ден Појадок. Тргнување за Скопје преку Србија. Попатна посета на Вишеград  родниот град на Иво Андриќ. Разглед на градот: Мостот на Дрина, куќата во која живеел Иво Андриќ, училиште во кое предавал, Андриќград изграден од страна на Емир Кустурица во чест на нобеловецот Иво Андриќ. По разгледот на Вишеград заминување кон Дрвен Град, етно градот во националниот парк Мокра Гора изграден од Емир Кустурица. Пауза за ручек или кафе и заминување за Скопје со попатни паузи. Пристигање во вечерните часови.

 

  • Цена: 99 (6 140,00 ден)
  • За уплата до 31.01 цена: 89€ (5 520,00 ден)

Во цената е вклучено:

  • Превоз до дадените релации со високо туристички автобус
  • Сместување во Сараево во хотел со 3* на база ноќевање со појадок
  • Сместување во Мостар во мотел со 3* на база ноќевање со појадок
  • Разглед на Сараево и Мостар со локален туристички водич
  • Придружник при патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Влезници во културно историски споменици
  • Влезница за водопадите Кравица (5€)
  • Факултативни вечери (доколку ги има)
  • Влезница за споменик на природата Врело Босне (1€)
  • Влезница за Врело Буне (1,5€)
  • Влезница за Дрвен Град (2€)

 

Напомена!

-За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници.

-За овој аранжман важат општите услови на Т.А. Солвекс Травел. Крајниот рок за известување на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање.


ПОНУДИ - Резултати од пребарувањето