logo

тел: 02 6091-885 моб: 070/217-346

емаил: travel@solvex.net


ФЕСТИВАЛ “ ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН“ – ХРВАТСКА 2019 zvezdazvezdazvezda


Информации за сместувањето

Држава: Екскурзии
Место: Хрватска

ФЕСТИВАЛ

“ ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН“ – ХРВАТСКА 2019

Место на средбата: Раб,Хрватска

Датум: од 15.05.2019 до 19.05.2019

Учестници на турнирот: Поканети претставници на возраста над 40 години за жени и над 45 години за мажи од разни земји на Европа.

Основна цел на фестивалот: Воспоставување контакти меѓу представниците на таа возрасна група за тоа да би се покачила животноспособноста на учасниците и чувството на сопствено достоинство и долговечност.

Социални  цели:  

  • Поставување  мост меѓу различните  поколенија и народи
  • Демонстрација на традиционалните умеења и навики
  • Потикнување на навики не карактеристични за оваа возраст (спорт,танци и т.н.)
  • Помагање на самоизразувањето на учасниците на средбата - фестивалот
  • Вo време на подготовките за фестивалот – поставување  друг смисол и пополнување  на слободното време
  • Создавање навики, различни од обичниот начин на живеење

Хуманитарни цели:

  • Учасниците на фестивалот заслужуваат да живеат во мир и да бидат среќни.

 

  Мај е прекрасно време за опуштање во Хрватска доколку ги избегнувате горештините. Во попладневните часови температурата на воздухот е од  24-26 степени. Тоа е многу пријатна температура за сончање, a просечната температура на морето во мај е 21-22 степени.
Една од најпопуларните дестинации за одмор во Хрватска е островот Раб, сместен во Кварнерскиот залив. Многуте сончеви денови, ветровите, густата вегетација и многубројните плажи – е тоа што ги привлекува туристите. Главниот град на островот Раб е прекрасен медитерански град. Шетајки по тесните улички на Стариот Град, можете да ги видите прекрасните градби од различните епохи и величенствените палати во ренесансен стил, како и минијатурните куќички и средновековната тврдина, одспротива на градското пристаниште, од каде се отвата сликовита панорама на стариот град. ->>>> http://www.rab-visit.com/

  Oстровот е богат со плажи за сечии вкус (каменита, шљунковита, песочна). Песочните плажи на островот Раб се популарни дури и надвор од Хрватска, а најпознатата плажа е РАЈ (или Хрватска Рајска) се наоѓа во населбата Лопар, на северот на островот. ->>>https://www.lopar.com

  За време на обиколката ќе уживате во благото сонце и прекрасните островски пејсажи,  a секоја вечер во хотелот можете да се опуштите во дискотеката. Ве очекува забава, интересни средби и секако нашиот фестивал  "Животот е убав - 2019". Не само што ќе можете да навивате за учесниците – спортисти, пеачи и танчери, туку, ako сакате, можете и да учествувате во овој прекрасен музичко- спортски фестивал.

Области и категории за участво и оценување на средбата – фестивалот.
«Животот е прекрасен»

Култура:

1. Музика (соло, дует, трио, оркестар)
2. Хорско пеење
3. Танц
4. Навики и уметнички традиции на различните култури

Спорт:

  1. Индивидуални спортски дисциплини.
  2.  Колективни  спортови.

Оценување:

Сите учесници ги оценува жири /судии за спортот/. Победниците во секоја
категорија и дисциплина добиваат награди за - прво, второ и трето место.
Представниците на областите / соодветно - земјите / добиваат сума поени =
сумата поени, собрана од нивните учестници.
На основа на оваа сума поени се добиваат победници за:
1. Место во областа на културата - град и држава.
1. Место Спорт - град и држава.

  Kатегории :

  1. Музика:
    - Соло, Дует, Трио, Квартет, Група до 8 музичари, Група од осум и повеќе музичари.
    PS. Би ги поздравиле настапите со традиционални народни музички инструменти од разните географски области и држави.


 2. Пеење:
- Соло, Дует,Трио. Квартет. Хор 15 пеачи. Хор од повеќе од 15 пеачи.
                                       
  3. Народни танци
 - Соло / дует или трио /
 - До 8 танчери.
 - Повеќе од 8 танчери.

Бројноста на учасниците во сите категории - максимум 55 вкупно .

 4. Уметност и традиционални творештва
- Сликање / платно, керамика и т.н. ../
- Резба во дрво
 - Грнчарство
 - Везење

- Плетење

Бројноста на учасниците - неограничеа.

 Спорт – дисциплини

 

 Индивидуални 1:
 1 Лесна атлетика:
                   а / 50 м.- спринт. / мажи и жени /. /неограничен број  учесници

                   б / Фрлање ѓуле - /мажи/ неограничен број учесници/.
                   в / Фрлање крикет топка -/жени/. /неограничен број на учесници                 

2 Стрелање со воздушна пушка. Растојание до целта - 5 м. Положба - лежечка./мажи и жени/ неограничен број  учесници.

3 Тенис на маса. /мажи и жени/.Стандардни правила /неограничен број учесници/.
4. Бадминтон /мажи и жени/. Стандардни правила. /неограничен број учесници/.
5. Шах / мажи и жени /.Стандардни правила по брзопотезен шах. /неограничен број учесници/.
6. Дартс (пикадо) / мажи и жени /. Стандардни правила. /неограничен број учесници/.

2 Екипни игри:

1 Мал фудбал / мaжи и жени /. Средбите се одржуват на две фудбалски терена /вештачка покривка/.Размер на теренот -  30/20. Голови - 5 / 2.20 Траење на мечот – 2 по 15 мин. Траењето на мечот може да биде изменето во зависност од бројот на екипите. Екипа 5 +1 / голман/.Број на екипи - не повеќе од 30.

2 Ракомет – шутирање на гол од 7-метра далечина /мажи и жени /.

3 Теглење јаже на песок /мажи, жени и мешан екипи. / Состав на екипата - до 6 човека. За мешаните екипи – 3 + 3./

4 Koшарка / мажи и жени на два коша

 

Програма на фестивалот

15.05.2019-19.05.2019

1 ден

15.05.2019

Пристигнување во Раб. Сместување во хотелот ИНТЕРНАЦИОНАЛ.

Слободно време.

Вечера со жива музика и дискотела.
Ноќевање        

2 ден

16.05.2019

Појадок.
За туристите членовите на промотивниот излет – опуштање на плажата, покрај базенот или прошетка во стариот дел на градот.
Нудиме и излет на север на островот во населбата Лопар до познатата Рајска Плажа.

За натпреварувачите  - Прв ден на фестивалот:
СПОРТ (од утрото до 16:30) -
17:00 – свечано отварање на фестивалот.
Натпреварувачка програма од КУЛТУРАТА.
Вечера. Дискотека.

Ноќевање

          

3 ден

17.05.2019

Појадок

За туристите членовите на промотивниот излет – опуштање на плажата, покрај базенот или прошетка во стариот дел на градот.
Нудиме и излет на север на островот во населбата Лопар до познатата Рајска Плажа
Промотивна обиколка на хотелите на островот Раб.

За учесниците- Втор ден на фестивалот:
СПОРТ (од утрото до 16,30)
КУЛТУРА од натпреварувачката програма од 17:00 часот.
Вечера. Дискотека.
Ноќевање

          

4 ден

18.05.2019

Појадок
За оние кои сакаат , излет на север на островот до населбата Лопар и познатата Рајска Плажа.

За учесниците – Трет фестивалски ден.
СПОРТ (од  утрото до 16:00)
17:00 – свечано затворање на фестивалот и доделување на наградите
Проштална вечер - вечера, музика, дискотека.
Ноќевање.

 

  

 5 ден

 19.05. 2019

  

Појадок.
Напуштање на собите и заминување                        

 

 

Цена на пакетот за учесниците изнесува: 145 евра.


Во цената е вклучено:

  • Сместување во хотелот INTERNATIONAL за 5 дена / 4 ноќи.  HB - 4 појадока + 4 вечери. ->> http://www.rab-visit.com/en/hotel-international/oid/345 
  • Вечера за запознавање и збогување. - Диско / секоја вечер/. Регистрациска и туристичка такса.
  • Фестивалска такса + награден фонд. Хотелско осигурување.


Во цената не е вклучено:

  • Посета на плажата во Лопар
  • Лични трошоци
  • Изборни излети

 

Линкови од предходните фестивали:

  https://www.youtube.com/watch?v=X98WIzEwj3I

  https://www.youtube.com/watch?v=5z2CCUEGAR4&feature=youtu.be

Сите учесниц на фестивалот се должни да поседуваат осигурување.
Учесниците на  спортските натпревари - медицинско уверение, издадено од лекар. Овие документи му се доставуваат на организаторот пред почетокот на настанот.

 

Цената на превозот во зависност од пријавените учесници.


Слични понуди

ОДМОР НА ОСТРОВОТ ШРИ ЛАНКА ВО ХОТЕЛ „JETWING SEA“

ОДМОР НА ОСТРОВОТ ШРИ ЛАНКА ВО ХОТЕЛ „JETWING SEA“

  ОДМОР НА ОСТРОВОТ ШРИ ЛАНКА ВО ХОТЕЛ „JETWING SEA“   Софија - Истанбул - Коломбо - Истанбул - Софија     ДЕН 1.   Поаѓање во 21:15 ч. од аеродромот во Софија за Истанбул со лет на авиокомпанија "Turkish Airlines". Пристигнување на аеродромот во Истанбул во 23:50 ч.    ДЕН 2.  
КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКАТА НИЛ и екскурзија до КАИРО и АЛЕКСАНДРИJA

КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКАТА НИЛ и екскурзија до КАИРО и АЛЕКСАНДРИJA

Софија – Хургада – Асуан –Храмот на Ком Омбо – Едфу – Луксор – Каиро – Александриja – Каиро – Софија   ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА 1.Ден: Софија-Хургада Поаѓање од Терминал 1 на аеродромот во Софија во 8:00 ч. за Хургада со директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air". Слетување на аеродромот
Индија - златниот триаголник Гарантирани места!

Индија - златниот триаголник Гарантирани места!

Софија – Истанбул – Делхи – Агра – Таџ Махал – Древната моголска престолнина Фатехпур Сикри – Џајпур – Делхи – Истанбул – Софија   ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА 1.Ден Софија – Истанбул Поаѓање од аеродромот во Софија во 10.05 ч. за Истанбул со лет на авиокомпанијата "Turkish Airlin
8ми МАРТ ВО ИСТАНБУЛ

8ми МАРТ ВО ИСТАНБУЛ

8ми МАРТ ВО ИСТАНБУЛ! Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти. 08.03.2018 –11.03.2018 / 4 дена / 2 ноќевања 80 евра (факултативи и влезници + 85 евра)   Ден 1. (08.03.2018 - четврток) – Скопје – Грц