logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


НОВА ГОДИНА 2020 во Едипсос, Евиа


Информации за сместувањето

Држава: Грција
Место: Евиа

НОВА ГОДИНА

  уште еден одмор од 5 дена во ЕДИПСОС на островот ЕВИА
 Бања на море од 99 евра

 

ПРОГРАМА

1.Ден 27.12.2019  (петок) СКОПЈЕ - ЕВИА 

Тргнување од Скопје во 23:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“.

2.Ден 28.12.2019 (сабота) ЕВИА

Патување преку преминот Богородица кон Грција со кратки попатни застанувања за преземање на патниците од Велес, Неготино и Гевгелија. Получасовен одмор во комплексот Коринос во Грција. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Агиоскампос. Продолжување на патувањето за Едипсос. Сместување на групата во хотелите: Лидо, Дафне, Ирини или Астериа. Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време за капење во морето под водопадот, во изворите на минерална вода или во хотелските базени со минерална вода. Ноќевање.

3.Ден 29.12.2019 (недела) ЕДИПСОС – Св.ДАВИД -  ЕДИПСОС

Слободно претпладне со можност за капење во природните базени со минерална вода кои се наоѓаат во самото море или факултативна посета на манастирот Св. Давид посветен на заштитникот на Островот Евиа. Доколку дозволат временските услови и доколу има интерес од повеќето посетители, ТА Солвекс ке ви овозможи посета и на водопадите на Св. Давид. Враќање во Едипсос. Ноќевање

4.Ден 30.12.20198 (понеделник) ЕДИПСОС – АТИНА - ЕДИПСОС

Слободно претпладне со можност за капење во природните базени со минерална вода кои се наоѓаат во самото море или факултативна посета на Атина: панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон). Во попладневните часови тргнување од плоштадот Синтагма за Аркица и Едипсос.

5.Ден 31.12.2019 (вторник) ЕДИПСОС – Св.ЈОВАН РУСКИ - ЕДИПСОС

Слободно претпладне или посета на градот Неа Прокопиа каде е црквата со моштите на Св.Јован Руски каде посетителите ќе можат да се поклонат на нераспаднатото тело на св.Јован Руски и да земат од мирото кое истекува од неговото тело. Враќање во Едипсос. Во 21:00 часот Свечана вечера во ресторан со жива музика и богато Новогодишно мени. Ноќевање.

6.ден 01.01.2020 (среда) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

На пладне напуштање на собите и тргнување за Агиокампос. Возење со траект до Глифа, а потоа тргнување за Скопје со попатни застанувања за одмор. Пристигнување во Скопје во касните вечерни часови.

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ (до 15.11.):

1.Хотел Дафне - 99€(превоз и сместување во апартман) --> http://www.solvex.net/hotel.php?id=1546

  • Трето лице на дополнително легло - 80€

2.Хотел Лидо - 120€(превоз и сместување во апартман) --> http://www.solvex.net/hotel.php?id=740

  • Трето лице на дополнително легло - 80€

3.Хотел Астериа - 125€(превоз и сместување и појадок во апартман) --> http://www.solvex.net/hotel.php?id=1543

  • Трето лице на дополнително легло - 80€
  • дете до 7 год. - 50%
  • за сингл соба - 178€

4.Хотел Ирини Спа - 145€ (превоз и сместување и појадок и вечера) --> http://www.solvex.net/hotel.php?id=1569

  • Дете од 0-6 години - бесплатно
  • Дете од 6–12 години - 100€
  • за сингл соба - 206€

 

Цената на аранжманот опфаќа: 

  • Превоз со современ туристички автобус
  • Сместување во хотели по избор: Лидо, Астериа, Ирини, Дафне - во двокреветни и трокреветни соби, на база четири ноќевања, ноќевања со појадок или полупансиона
  • Услугите на придружниците на групата и преставниците на агенцијата за време на престојот
  • Превоз со траект на релација Глифа – Агиос Кампос - Глифа
  • Трошоци за организација на патувањето.

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • СВЕЧЕНО МЕНИ (ципура - домашна грчка ракија, цадзики и месогијска салата, плато со разни видови сирења, мешана скара и десерт портокалопита) и жива музика со грчки и македонски музичари во ресторан - 30€
  • Организирана посета на Атина - 30€
  • Организирана посета на манастирот Св.Давид - 10€
  • Организирана посета на Црквата во Неа Прокопиа кај моштите на Св.Јован Рус - 10€ 
  • Патничко осигурување
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€
  • Доплата за дополнително седиште во автобус - 50€

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници
  • За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек
  • Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
  • За реализација на факултативите потребен е минимум 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја одкаже 
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. Солвекс Травел

Слични понуди

Hotel DIETHNES - Едипсос

Hotel DIETHNES - Едипсос

Локација: Се наоѓа во центарот на Едипсос, на 220 метри од топлите извори и плажата. Општи информации: Хотелот поседува рецепција, сеф, бар, ресторан, паркинг. Сместување: Собите се опремени со клима, кабловска ТВ, телефон, фрижидер, Wi-Fi, тоалет, тераса.  Услуга: Само ноќевање/Ноќевање со доручек/Полу пансион. Спорт и
HOTEL IRINI

HOTEL IRINI

Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на Едипсос, на 10 метри од главното шеталиште. Општи информации: Хотелот располага со соби, рецепција, лоби бар и трпезарија, внатрешен и надворешен базен. Сместување: Сите соби на хотелот имаат свој балкон, клима, фен,  WiFi и ТВ.