logo

тел: 02 6091-885 моб: 072/304-412

емаил: travel@solvex.net


Шпанија, Фуенхирола - Коста дел Сол


Информации за сместувањето

Држава: Шпанија
Место: Коста дел Сол

Одмор на море во Коста дел Сол - Фуенхирола Лето-Есен 2022, авионски одмор од Софија

Вид транспорт: Авион

8 дена / 7 ноќевања

Коста дел Сол – авионски одмори, Шпанија

Цена за возрасни од: 539 €

Дати Лето 2022: |14.06 | 21.06 | 28.06| - Гарантирани дати
Дати Есен 2022: 30.08| 06.09| 13.09| 20.09| 27.09| 04.10 - Гарантирани дати    
7 ноќевања на FB+  вкучена 1 екскурзија до Малага

Опис и програма

Местоположба:

Хотелот се наооѓа на 200 м од плажата Gaviotas во летовалиштето Фуенхирола.

Во хотелот:

  • 390 соби во две крила насочени кон југ
  • 24 часаовна  рецепција
  • продавници
  • фризерски  салон
  • климатизиран ресторан
  • градина
  • бар на базенот
  • кафе – бар на покривот на хотелот
  • соба за игри
  • бесплатен безжичен интернет во заедничките простории и собите
  • Спа  центар – со доплаќање

Соби:

  • тераса
  • клима
  • сеф (се доплаќа)
  • минибар (се доплаќа)
  • телевизор со сателитски канали
  • фен
  • бесплатен безжичен интернет

Спорт и рекреација:

  • надворешен базен со бесплатни чадори  и  лежалки
  • детски базен
  • внатрешен  базен со џакузи

Спа и велнес:

  • сауна и турска бања
  • ледена фонтана
  • масажи и спа прецедури
  • жешка  када

За децата:

  • детско игралиште

Дополнителна информација:

  • Две деца со двајца возрасни се сместуваат на двоспратно легло со должина од 160 см. Таквите соби се се дават со претходно барање.

Плажа:

  • На плажа се достапни чадори и лежалки со доплата.

Програма на организираното патување:

1-ви ден. Софија - Малага. Полетување од аеродромот Софија со директен лет на АК „България Ер”. Слетување  на аеродромот Малага. Пречек од претставник на Солвекс  во Малага. Трансфер и сместување во хотелот Fuengirola park 4* во Фуенхирола. Вечера. Ноќевање.
2-ри ден. Ронда. Појадок. Информативна средба за запознавање со регионот, како и со дополнителните екскурзии. Ручек. Вечера. Ноќевање.
По желба: Полудневна екскурзија до Ронда. Цена: Возрасен: 55 евра, дете до 11,99 г.: 45 евра                         
3ти ден. Гранада. Појадок. Слободно време. Ручек. Вечера. Ноќевање. 
По желба: Еднодневна екскурзија до Гранада. Цена -  Возрасен: 69 евра, дете до 11,99г.: 55 евра
4-ти денГибралтар. Појадок. Слободно време. Ручек. Вечера. Ноќевање. 
По желба: Дополнителна екскурзија до Гибралтар и Пуерто Банус во Марбеја. Цена - Возрасен: 65 евра, дете до 11,99 г.: 49 евра
5-ти денСевиља. Појадок. Слободно време. Ручек. Вечера. Ноќевање. 
По желба:  Еднодневна екскурзија до Севиља. Цена - Возрасен: 69 евра, дете до 11,99 г.: 49 евра
6-ти ден. Михас. Појадок. Слободно време. Ручек. Вечера. Ноќевање. 
По желба: Полудневна екскурзија до Михас. Цена - Возрасен: 29 евра, дете до 11,99 г.: 20 евра
7-ми денКордоба.  Појадок. Слободно време. Ручек. Вечера. Ноќевање.
По желба: Еднодневна екскурзија до Кордоба. Цена - Возрасен: 65 евра, дете до 11,99 г.: 49 евра
8-ми ден. Коста дел СолМалага - Софија. Појадок. Слободно време. Ручек. Напуштање на хотелот. Трансфер до Малага. Панорамска обиколка на градот (вклучена во цената). Разгледување од надвор на тврдината Гибралфаро, Катедралата и Куќата на Пикасо.  Слободно време во центарот на Стариот град. Трансфер до аеродромот Малага. Полетување за Софија.

Специјална пакетна цена при запишување на 3 екскурзии - ГРАНАДА, СЕВИЉА И КОРДОБА:

  • Цена за возрасни - 185 евра на пријавен турист.
  • Цена за деца до 10 г. - 145 евра. на пријавен турист.


Часови на летовите со АК „България Ер“: Вторник - вторник

  • Софија - Малага 14:50 - 17:40
  • Малага - Софија 18:35 - 23:10

Забелешка: Возможна е промена на часовите на летовите од страна на авиокомпанијата!
 

Неопходни документи за влегување во Шпанија од 31/01/22:

  • зелен сертификат за вакцинација или преболедување,
  • при немање на сертификат - негативен антиген тест или ПСР тест,  
  • меѓународен пасош со мин. валидност 6 месеци пред датата на екскурзијата,
  • за деца до 18 г. кои патуваат со еден или без родител, нотарска заверка од едниот или двајцата родители!
  • QR code – се пополнува  со помош на ТО


Услови за запишување: Без возрасни ограничувања


Начин на плаќање:

  • Депозит 100 евра за турист при запишување.
  • Втор депозит 50% от пакетната цена - 30 дена пред патувањето.
  • Доплаќање 21 ден пред датата на патувањето.

Други

Вид на користење  транспортни средства во програмата:

  • Авион
  • Автобус (Трансфери и дополнителни екскурзии)

Цени и услуги

месец

јуни

август

септември

октомври

термин

14

21

28

30

6

13

20

27

4

ноќевања

7

7

7

7

7

7

7

7

7

SGL - 1 лице

709€

719€

739€

749€

739€

709€

699€

689€

679€

DBL - 2 лица

1138€

1158€

1178€

1218€

1198€

1138€

1118€

1098€

1078€

DBL - 2+1 лица 

1657€

1687€

1727€

1757€

1727€

1657€

1627€

1607€

1577€

DBL - 2+1(дете 2-12)

1487€

1507€

1527€

1567€

1547€

1487€

1437€

1417€

1397€

Цените се однесуваат по соба за 7 ноќевања на база FB+

Цените вклучуват

  • Авионски билет со редовен лет на България Ер: Софија - Малага - Софија со вклучени аеродромски такси
  • Чекиран багаж до 23 кг и рачен салонски багаж до 10 кг
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • 7 ноќевања на база FB+ полн пансион (појадок, ручек и вечера) и ¼ л вода  и ¼ л вино на човек за време на оброците во хотел Fuengirola Park 4*
  • Полудневна обиколка на Малага со водич
  • Услуги за време на престојот во Коста дел Сол

Цените не вклучуват

  • Дополнителни екскурзии, кои се закажуват и плаќат во Солвекс
  • ПСР или антигенен тест при неопходност
  • Задолжително доплаќање за медицинско осигурување на туристи над 66 години
  • Лични трошоци
  • Осигурување „Откажување на патување” - препорачано
  • Патничко осигурување
  • Превоз Скопје - Софија - Скопје


Дополнителни екскурзии, кои се закажуват  и плаќат во Солвекс!

  • Гранада. Цена - Возрасен: 69 евра, дете до 11,99г.: 55 евра. Во утринските часови - поаѓање од хотелот. Пристигање во Гранада. Разгледување на прекрасниот дворец Алхамбра. Се посетуваат “салата на двете сестри” и прочуениот “двор на лавовите”, кој не враќа во 14-ти век, Дворецот  на Карл V и градините на Хенералифе  - летната резиденција на древните шпански кралови со многу фонтани. Од тука се открива прекрасна гледка кон градот и Сиера Невада. Слободно време во Гранада за самостојни посети на Катдралата или Кралската гробница на Католичките кралеви. Можност за ручек во област со многу ресторани со типична кујна (по избор). Поаѓање од Гранада. Враќање во хотелот. Во цената е вкл.:преведувач и водич, транспорт, локален водич, влез во Алхамбра.
  • СевиљаЦена – Возрасен: 69 евра, дете до 11,99 г.: 49 евро. Во утринските часови - поаѓање од хотелот. Пристигнување во четвртиот по големина град во Шпанија и главниот град на област Андалусија - Севиља, сместен на бреговете на реката Гвадалкивир. Панорамска тура со автобус - градбите на Шпанско-Американската изложба од убавите мостови Аламо и Баркета, Булеварот на палмите, Шпанскиот плоштад, паркот Марија Луиза. Следува пешачка обиколка со посета на познатиот кварт Санта Круз, извонредната Катедрала со прочуената камбанарија Жиралда, слободно време во дворецот Алказар на Шпанскиот плоштад со прекрасната фонтана - сцена за многу улични музичари и актери. Слободно време за ручек во типичен шпански ресторан со традиционална кујна (по желба). Поаѓање од Севиља. Враќање во хотелот. Во цената е вкл.: преведувач и водич, транспорт, локален водич, влезница во Катедралата во Севиља.
  • КордобаЦена - Возрасен: 65 евра , дете до 11,99 г.: 49 евра. Кордоба е место каде коегзистираат муслиманските, еврејските и христијанските култури. Градот е познат по својата архитектура од времето кога бил главен град на Калифатот Кордоба и го окупирал речиси целиот Пиринејски Полуостров. Во утринските часови - поаѓање од хотелот. За време на патувањето, водичот ќе ви раскаже за селата долж рутата и ќе уживате во извонредните андалузиски пејзажи. По пристигнувањето во градот - средба со локален водич, кој ќе ве придружува за време на обиколката. Посета на стариот дел на градот, вклучен во светското наследство на УНЕСКО, познатата џамија Мескит, подоцна претворена во катедрала - една неверојатна збирка на стилови и религии. Прошетката продолжува со разгледување на Синагогата, еврејскиот кварт, римскиот мост над р. Гвадалкивир. Слободно време за ручек (по желба). Враќање во хотелот.  Во цената е вкл.: преведувач и водич , транспорт, локален водич, влезница во Катедралата во Кордоба.
  • Гибралтар и Пуерто Банус во Марбела. Цена - Возрасен: 65 евра, дете до 11,99 г.: 49 евра. Гибралтар е независина територија на Обединетото Кралство - земја од соништата на сите империи во историјата, поради неговата стратешка позиција и способноста да го контролира единствениот влез во Медитеранот. По пристигнувањетово Гибралтар - средба со локален водич, после кое ќе можете да се восхитувате на прекрасната гледка на  Гибралтарскиот Проток, а при убаво време и на Мароко. Посета на Пештерата Сан Мигел со вкл.влезен билет, каде можат да се  видат познатите берберски макаки мајмуни, кои потекнуваат од Северна Африка. Слободно време за шопинг и ручек. На враќање кон хотелот накратко ќе застанеме на така нареченото „шпанско Монте Карло“, кое е пристаништето Пуерто Банус во Марбела. Во цената е вкл.: преведувач, водач, транспорт, влезница за пештерата Сан Мигел.
  • Ронда. Цена - Возрасен: 55 евра, дете до 11,99 г.: 45 евра. Ронда е едно од најстарите и живописни места во Шпанија, познат со своите тореадори, познат и како родно место на познатите тореади. Тука ќе уживаме во исклучителната гледка од мостовите Puente Nuevo Puente Arabe над реката Тахо, чија клисура е длабока 120 метри. Следува прошетка во Стариот град со Плаза де Торос – коридата, сметана за најстарата во Шпанија, слободно време за ручек и прошетка низ романтичните улички на шармантниот град, неговите плоштади, црквата Санта Марија Мајор и др.
  • Мијас. Цена - Возрасен: 29 евра, дете до 11,99 г.: 20 евра. На 30 км. јужно од Малага, на рид во планината Сиера да Мијас е распослано малото градче Мијас. Задржувајќи ја својата автентичност, старото рибарско место е претворено во туристички и културен центар на Коста дел Сол. Познат со своите такси – магариња со индивидуални регистарски броеви, можете да направите незабравна самостојна обиколка на градот, за да осетите една различна култура и начин на живот во Шпанија. Тука може да се уживате во малите продавничиња и ресторани, кои приготвуват типични за регионот јадења, сместени во тесните калдрмени улички, меѓу бели куќи, украсени со многу цвеќиња во типичната за регионот архитектура, давајќи чувство за смиреност и чистота, познато уште меѓу локалното население како „бело село“. Ќе Ви разкажеме за некои од интересните знаменитости на градот, кои ќе имате можност да ги разгледате самостално како параклисот на Мадоната во карпата , Старата воденица и Музејот на минијатурата - Carromato de Mijas,  арената за борба со бикови, која е со некарактеристична за шпанските арени правоаголна форма и ботаничката градина, која открива панорамна гледка кон бреговите на Коста дел Сол.

Забелешки:

  • Распоредот на дополнителните екскурзии по денови во програмата е ориентационо.
  • Точните денови на спроведување на екскурзиите ќе бидат кажани една недела пред патувањето.
  • Пријавувањето и плќањето на дополнителните екскурзии се извршува во Солвекс најкасно до 21 дена пред патувањето!
  • Минимален број туристи за остварување на дополнителните екскурзии - 25 луѓе.



Рокови за откази:

  • До 21 ден - се задржува депозитот.
  • Од 21 ден до денот на поаѓање - 100% од цената на аранжманот.

 

Програмата се спроведува при минимум 40 запишани туристи. Во случај, ако необходниот број туристи не е собран и програмата нема да се оствари, туристите ќе бидат информирани 30 дена пред датата на отпатување.


Слични понуди